Ознака: кои

bakteriji

Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Post Views: 12 Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите. „Но...

Continue reading

hepening

Преку забава до хуманост

Post Views: 4 Новогодишен хуманитарен хепенинг во Охрид. Средствата собрани од овој настан одат во рацете на ранливата категорија деца со посебни потреби. Пораката на првиот човек на градот Александар Петрески е дека сите сме исти, еднакви граѓани на Охрид. „И ево на овој начин со оваа хуманитарна акција во исто време правиме забава за најмладите деца а исто така и за ранливата категорија на деца со посебни деца. Акцијата е многу успешна како што гледате“-вели Петрески. Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, задоволен од хуманоста на децата. Неговите очекувања се дека...

Continue reading

donacija Kosna

Нов хуман гест на АД „Макпетрол“

Post Views: 0 Продолжува општествено одговорното делување на компанијата АД „Макпетрол“ од Скопје. Нивната хуманост денес се покажа со новата донација која ја доделија на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид. Тие донираа 11 нови лцд телевизори, како и постелнини за што е можно поудобен престој во оваа болница. „Би сакал да изразам голема благодарност до АД „Макпетрол“ од Скопје, за дадената донација која што е трета по ред во нашата болница, каде што со оваа донација ќе се подобрат условите за престој во детскиот оддел, на најмладите пациенти...

Continue reading

пчелар

Пчелари внимавајте кому плаќате закупнина

Post Views: 0 Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта. Порачуваат пчеларите да не плаќаат закупнина ако фактурата не е со лого и печат од ЈП за стопанисување со пасишта. Претседателот на Комсијата за издавање на користење на пасишта, при ЈП за стoпaнисување со пасишта, Амир Беџети ги предупредува пчеларите од можни измами.   „ Им ставаме дознаење за можни злоупотреби. Надоместокот се плаќа само на ЈП за пасишта утврден со тарифник и се плаќа вирмански на жиро сметка. Таа е целта да бидат информирани...

Continue reading

trojca mudreci

Граѓаните со католичка вероисповед го слават Христовото раѓање

Post Views: 50 Припадниците на католичката вероисповед и сите верници кои го прифатиле новиот календар, денес го прославуваат Бадник. Со таканаречената „Миса Полночка“, вечерва од 21 часот, во црквата посветена на „Свети Кирил и Методиј“ и „Свети Бенедикт“ во Охрид, верниците ќе го започнат чествувањето на Христовото раѓање, најсветлиот момент во христијанската религија. „Тоа е една свечена литургија, свечена миса. Се пејат нормално Божиќни песни и целата таа миса е проследена со пеење, со славење, радосно, се чествува раѓањето Христово.“-вели отец Оливер Тантушев. Католичкиот Божиќ...

Continue reading

delikatesi

Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 2   Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од  родителите. Најмалите основци  срамежливо потврдуваа дека при  подготовката на деликатесите биле вклучени и тие. Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои  активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата  во заедницата кои имаат потреба од помош. „ Целта...

Continue reading

testiranje eksterno

Екстерно оценување и денеска

Post Views: 12 Во основните училишта Григор Причев, Св. Климент Охридски и средното угостителско училиште и денеска се спроведе пробното екстерно тестирање. Учениците кои пред тестовите се плашеа од тоа како ќе изгледа самиот тест, денеска видно задоволни од тоа како поминаа. Велат тестот беше полесен и од писмена задача. Директорката на основното училиште Григор Прличев признава дека се соочиле со повеќе проблеми при спроведување на тестирњето, но додава дека за сите проблеми јавно ќе проговорат утре, кога и ќе се одржи последното тестирање. И Директорот  на средното општинско угостителско...

Continue reading

nacionalna agencija za evropski obrazovni potrebi

Програмата „Млади во акција“, презентирана пред охриѓани

Post Views: 0 Програмата креирана од страна на европската комисија е воспоставена за да ги имплементира политиките за млади на европската комисија и политиките за формално и неформално образование. Таму се имплементираат две програми, едната е „доживотно учење“, а другата „млади во акција“. Тому оваа програма ги креира политиките за младите од 18 до 30 години, но и сите останати кои работат на полето за младите.  „Програмата нуди многу простор за унапредување на младите и нивните вештини и знаење кои подоцна ќе можат да ги искористат во нивниот личен и професионален развој“, вели...

Continue reading

марија

Жените похрабри да започнат сопствен бизнис

Post Views: 18 Марија Мајсторовиќ е идна козметичарка. Таа е една од ученичките која го посетува курсот за козметичари во отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“.  Оваа млада девојка практичниот дел од курсот  за козметичари го обавува во козметичкиот салон „Изида“ кој соработува со  отворениот граѓански универзитет за доживотно учење.„Многу сум задоволно, научив работи кои ќе можам да ги користам во понатамошната работа. На курсов можеше да се научи се и ги пробавме сите третмани, Сузана е целосно предадена на пренесување на знаењето како  и останатите...

Continue reading

lekovi

Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013

Post Views: 0 Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари. Склучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила. „Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се...

Continue reading

cinar Ohrid

И после две недели скршената гранка од Чинарот никој не ја отстранува

Post Views: 5 И после две недели од расцепувањето, дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. Чинарот се скрши на 06 декември во четврток и иако од министерството за животна средина тврдеа дека експертски тим уште во понеделникот на 10 декември ќе направи увид, сепак до ден денеска увидот не е направен, а тоа значи дека ни гранката сеште  никој не смее да ја отстранува. Од министерството за животна средина објаснуваат дека  експертскиот тим сеште не дошол во Охрид, затоа што експертите кои треба да направат увид се од научни институции,  професори...

Continue reading

rampa

До паркинг место повторно преку рампа

Post Views: 3 Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место.  Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со  официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top