До паркинг место повторно преку рампа


Кратка беше радоста на охриѓани, рампите вратени назад.

 |  Маленкова Татјана  | 
rampa
рампа

Рампи, нема па има, и обратно. За само два дена металните рампи преку кои се влегува и излегува од паркинг просторот кај кружниот тек повторно вратени на истото место.  Се обративме во локалната со цел да дознаеме зошто и по чија наредба рампите се вратени назад. Портпаролот Симон Илиевски во телефонскиот разговор ни кажа дека локалната самоуправа со  официјален став за причината поради која рампите се на старото место ќе излезе утре. Но, упорноста на новинарите и овој пат успеа да стигне до малку поконкретен одговор лично од градоначалникот Александар Петрески. Тој во телефонскиот разговор за медиумите кажа дека рампите ги вратил концесионерот од причина што неможел за олку кратко време да го организира паркирањето без рампи.

Рампите предизвикаа револт и во редовите на ВМРО ДПМНЕ. Токму поради тоа Претседателот на ОК rampi pak Атанаско Михаилов, даде изјава токму пред рампата кај поштата. „До кога ќе траат лагите манипулациите и исмејувањето на Охрид од страна на СДСМ и градоначалникот Александар Петрески“, запраша јавно Михаилов. Тој додаде дека градоначалникот не издржа ни еден ден со реализација на  ветувањето дека рампите ќе бидат кренати и дека домаќински ќе почне да се работи со паркинзите, затоа што како што кажа веќе за нецел ден рампите се вратени на истото место. Михаилов јавно  праша: Која е причината зошто за нецел ден се поставувија рампите назад?  Не може Охрид да биде град кој ќе служи за потсмев, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
„Бараме градоначалникот во заминување да ги отстрани рампите кои ги има поставено, затоа што вети дека ќе бидат тргнати“, истакна Михаилов.

„Граѓаните незнаат што да прават. Еден ден имате рампи, еден ден немате. Мислам дека ова повеќе не води никаде. Во својот очај и невидено губење на рејтингот после истакнувањето на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник почнуваат да се случуваат работи кои стануваат за потсмев. Бараме градоначалникот во заминување да ги отстрани рампите кои ги има поставено затоа што вети дека ќе бидат тргнати. СДСМ јавно на пресс рекоа дека тие ќе си стојат на нивните изјави, да си се вратат на изјават и да побараат од нивниот актуелен градоначалник да ги повлечат рампите. Граѓаните тоа го бараат и тоа е должност на локалната смаоуправа“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанско Михаилов.

СВР досега до градоначалникот на општина Охрид, до секторот за кумунални дејности и одделението за rampi pakсообраќај и улици во три наврати има упатено известување за отстранување на препреките на сообраќајницата, односно металните рампи и бетонските конструкции поставени на булеварот Македононски просветители, улицата Коста Абраш кај Капетанија и ул. Ванчо Николески кај Студнскиот дом. Портпаролот на СВР, Стефан Димоски истакна дека до истите органи и одделенија била упатена и ургенција за отстранување на рампите, затоа што според согледувањата на сообраќајната полиција на овие улици има отежнато одвивање на сообраќајот и задржување на автомобили на сообраќајниците.
И денеска видно беше присуството на неуниформирани лица од СВР на овој потег кои најверојатно фотографираа и вршеа мониторинг на ситуација на овие сообраќајници.

Инаку рампите од центарот на Охрид беа отстранети во понеделникот на 17 декември, а само два дена подоцна повторно се вратени на истите места.  Градоначалникот на Охрид Александар Петрески за ТВМ во понеделникот истакна дека рампите се тргнати со цел за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето.  Градоначалникот тогаш додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува за паркинг.

Останува да видиме дали утре ќе има рампи или не и што локалната во своја одбрана ќе каже за промената со влезовите и излезите на најатрактивните паркинг места во Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top