Ознака: кои

svr-novo logo

Тажен и непосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани

Post Views: 9 Тажен и најнепосакуван крај на потрагата по 14 годишната Маја Блажеска од Лешани. СВР денес и официјално потврди дека мртвото женско тело кое беше пронајдено во текот на вчерашниот ден во месноста Натнасер бачила во атарот на Велмеј е на Маја. Обдукцијата покажала дека на телото немало траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски. „Од досегашните информации со кои што располагаме од обдукцискиот наод најверојатно причината е хипотермија односно губење на телесната топлина како резултат на подолготрајна изложеност на екстремно ниски температурри кои што владееле...

Continue reading

avstralija

Како младите да студираат во Австралија?!

Post Views: 0 Како младите луѓе да се образуваат, дообразуваат, да станат светски граѓани и легално да се вработат. Во Охрид беше извршена презентација на програмата за школување, обезбедување работа и емиграција во Австралија. Никола Митрески, претставник на австралиска компанија, рече дека со оваа програма веќе започнале од Битола како познат печалбарски град и младите од Битола покажале голем интерес. Додаде дека заинтересираност имало и кај младите охриѓани. „Во Охрид имаме голем интерес заради тоа што имаме многу млади луѓе кои што сакаат да го видат светот и во соработка со...

Continue reading

boi

Боите ве откриваат

Post Views: 6 Dewey Sadka, основач на организацијата “Dewey Color System” која врши психолошка проценка на луѓето на база на омилените бои, осмислил тест кој  според боите ја одредува професионалната насока во животот. -Боите кои ги сакате најдобро ја одредуваат вашата идеална професија а оние кои ви се одбивни ја претставуваат работата која не ви лежи- тврди Садка. Тестот е едноставен, а се решава на следниот начин: имате три групи на бои-основни (црвена, жолта, сина)-секундарни (зелена, виолетова, портокалова)-акроматски (црна, бела, сива)Од секоја група одбирате боја...

Continue reading

bolnica

Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно

Post Views: 3 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат  одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот,  д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во  два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди. „Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати.  Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...

Continue reading

Идејата за четиридневна работна недела е сѐ погласна

Post Views: 7 Анкетата на Spectrum group спроведена помеѓу бизнисмените кои располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажала дека 69% од нив се залагаат за бришење на еден работен ден. Жените милионери се во предност на оваа анкета, т.е. 82% од нив сметаат дека права мерка се четири работни дена во неделата. Сепак, како што пренесува NBC кратката работна недела подразбира подолго работно време. Повеќето анкетирани сметаат дека за нивната работа и понатаму се потребни 40 часа неделно, но на луѓето повеќе им одговара да работат 4 дена по 10 часа. За 4 дневна работна...

Continue reading

elka

Што очекуваме од Новата 2014 година?

Post Views: 0 Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување. „Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да...

Continue reading

sednica

Советот на општина Охрид ја заврши оваа година со донесување одлуки за наредната

Post Views: 1 Градските избраници работно го поминаа претпоследниот ден од оваа година. Денес се одржа 17тата седница на која се расправаше по четириесет точки од дневниот ред. Најголем дел од нив се однесуваа на предлог одлуките за усвојување на развојните програми од различни области. Ова беше само претходница на донесувањето на буџетот за 2014та кој и тоа како е важен за функционирањето на општината во годината што следува. Прва на дневен ред се најде предлог одлуката за усвојување на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014-2016 година....

Continue reading

vmro-np

ВМРО-НП, со забелешки за буџетот 2014 на општина Охрид

Post Views: 8 Буџетот на општина Охрид за 2014 тежи 960 300 000 денари. За неговиот износ кој е повисок за 170 милиони денари од оној во минатата година бројни забелешки, изнесоа од ВМРО – НП на денешната прес конференција. Ванчо Костоски претседателот на партијата истакна оти сака да ги потсети членовите на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ на нивните бројни критики кон минатогодишниот буџет кој бил нарекуван, предизборен, криминален, неразвоен. „Во буџетот се предвидени 120 милиони денари предвидени како приход кои што треба да влезат од кредит. И без нив сепак имаме зголемување...

Continue reading

Општина Охрид

Градоначалникот Бакрачески најави отчет за сработеното

Post Views: 7 Граѓаните на Охрид заслужуваат да видат што работи градоначалникот. Констатацијата дека најголем дел од напорите на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе 8 и пол месеци била насочена кон враќање на долговите, односно наследениот товар од минатата Локална Самоуправа е точна, категоричен е Бакрачески. Додава дека сработиле многу, но признава дека секогаш може и подобро. „Од тие причини како приоритет број 1 во изминатите 8 и пол месеци за мене како градоначалник беше репрограмирање на тие долгови, можности за договарање со компаниите и физичките лица на кои што...

Continue reading

ОН со најсериозно предупредување за целиот свет

Post Views: 0 Луѓето за некоја година би можеле да се пробудат во свет кој не го познаваат, опасен и тежок за живот, кој ќе го направат климатските промени – предупредуваат научниците. Човештвото има само уште неколку години да ги спречи последиците од климатските промени кои ќе донесат најекстремни временски прилики и делови од светот ќе ги направи невозможни за живот, наведено е во документот на Обединетите нации. Во извештајот кој го направиле 772 научници се истакнува дека емисијата на гасови, ако под итно не се намали, ќе доведе до значително подигање на нивото на морињата и...

Continue reading

stand

Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад

Post Views: 0 Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно  изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти  или нема интерес за останатите  пет штандови.  Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште еден...

Continue reading

дијабет

Здружението на лица со дијабет 1 оствари средба со градоначалникот

Post Views: 1 Децата од Здружението на лица со дијабет тип 1 остврија прием кај охридскиот градоначалник. Здружението постои 4 години и ги опфаќа децата кои имаат дијабет тип 1,  напоменува претседателот на здружението, Зоре Димоска. „ Целта на Здружението е децата да се собираат почесто , да се дружат и меѓусебно д а си помагаат во нивната  едукација како на нив така и на нивните родителите.“ Здружението  остварува разни  активности и има  потреба од помош на заедницата во поддршка на нивните активности. Еден од проблемите кои би сакале да го решат во иднина е просторниот проблем.  ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top