Боите ве откриваат

Dewey Sadka, основач на организацијата “Dewey Color System” која врши психолошка проценка на луѓето на база на омилените бои, осмислил тест кој  според боите ја одредува професионалната насока во животот.

 |  Maja Савиќ  | 
boi
boi

boi

Dewey Sadka, основач на организацијата “Dewey Color System” која врши психолошка проценка на луѓето на база на омилените бои, осмислил тест кој  според боите ја одредува професионалната насока во животот.

-Боите кои ги сакате најдобро ја одредуваат вашата идеална професија а оние кои ви се одбивни ја претставуваат работата која не ви лежи- тврди Садка.

Тестот е едноставен, а се решава на следниот начин: имате три групи на бои
-основни (црвена, жолта, сина)
-секундарни (зелена, виолетова, портокалова)
-акроматски (црна, бела, сива)
Од секоја група одбирате боја која најмногу ја сакате (на пример: од  основните сина, од секундарните виолетова а од акроматските сива) и подолу во групите барате од која група имате најмногу бои што ви се допаѓаат (од примерот имаме сина и сива во првата група значи таа група се однесува на боите што ги избравме).

СИНА-ПОРТОКАЛОВА-СИВА
Реални сте и верувате во тимска работа. Ви леѓат работи преку кои можете да влијаете на општеството и на заедницата околу вас. Затоа одберете архитектура, градежништво, право, работа во јавни служби или социјални работи.

ЖОЛТА-ВИОЛЕТОВА-БЕЛА

Ако ви се допаѓаат барем две од овие три бои вие сте комуникатор. Исклучително сте вешти во комуникација со други луѓе и брзо и ефикасно решавате проблеми. Ваши области се комуникации, медиуми, маркетинг и религија.

ЦРВЕНА-ЗЕЛЕНА-ЦРНА

Го вреднувате материјалното. Вие сте лидер во групата. Давате подршка и мотивирате, сакате да анализирате и да расчленувате. Кон се пристапувате аналитички и логички. Би биле успешни во банкарство, инвестиции, производство, менаџерска и педагошка работа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top