Post Views: 30
Се отстрануваат сувите дрвја, бршлени и трња низ шумскиот дел на охридското Кале. Се чисти на два потега, на делот од вториот чинар до Горна Порта и од Горна Порта до амбулантата Воска, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Дел од активностите се редовни, додека дел се спроведувааит по налог на Фондот за Комунален развој и се во соработка од Локалната самоуправа, вели Стефан Маслов – координатор на проекти од јавна хигиена во ЈП. Додава дека со оваа голема акција на пешаците ќе им биде овозможено непречено движење по патиштата а исто така и на возилата.
„Охрид претставува...
Post Views: 6
Општинскиот секретар Димитар Спасески оствари средба со неколкумина негови колеги кои порано ја остварувале функцијата секретар. На тој начин тој им одаде лично признани за нивната работа во општина Охрид, а како најмлад по години и стаж како секретар од средбата ќе ги примени нивните искуства и предизвици со кои тие се среќавале некогаш во нивната работа. Спасески одговори и на прашањето зошто дел од општинската админситарција се прераспределува во зградата на поранешната општина Косел. „ Деновиве гледам натписи дека тоа се прави како казна и тенденциозно, што јас...
Post Views: 16
Директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, даде отчет за сработеното во изминатата година. Тој уште еднаш ја потенцираше тешката финансиска состојба во која го затекнал ова јавно претпријатие, како и финансиските неправилности кои според Симоноски довеле до таквата ситуација во претпријатието.
„Заради намалување на негативните ефекти од ваквото работење бевме принудени да воведиме сериозни реформи, како од аспект на кадровски и структурни прераспределби, така и од аспект на начинот на кој се извршувале работните активности. Изработени се...
Post Views: 5
Општина Охрид за прв пат поднесе целосно изготвени проекти за добивање кредит од Светска Банка. Кредитот е во висина од 2 милиони евра. Парите ќе се наменети за асфалтирање на улици во градот и локалните патишта во руралните населби, изградба на водоводни мрежи и канализација, современи сообраќајни текови, реновирање на училишта и детски градинки, како и училишни спортски сали. Ова се само дел од проектите кои Локалната самоуправа ги планира да ги реализира во 2014 и 2015 година. Од општината се сигурни дека аплицираните проекти ќе им бидат одобрени за да добијат...
Post Views: 7
Германскиот Volkswagen ја стопира продажбата на моделите Голф и Голф GTi, поради проблеми со управувачкиот систем, на американскиот и канадскиот пазар. Најавени се и повлекувања на веќе продадените модели поради наведениот проблем.
Компанијата објавила дека може да се јави проблем во предните стабилизатори кои не се прописно зацврстени па со тек на време можат да се одвојат.
Германската фирма ќе ги замени проблематичните делови на 750 возила ко се наоѓаат во салоните во Америка, односно 108 возила во застапништата во Канада, а додека не се направат поправките продажбата...
Post Views: 0
До месец мај годинава ќе се знае староста на најголемата водена површина во нашата земја, Охридското Езеро. Тогаш треба да бидат готови резултатите од реализираниот научен проект за утврдување на староста на езерото, проект кој беше реализиран од март до јуни 2013-та година, објаснува Проф.Д-р Сузана Патчева, директорката на ЈНУ „Хидробиолошки институт“ Охрид. Инаку проектот беше реализиран од страна на Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот институт од Охрид и Министерството за образование и наука...
Post Views: 0
Отворени денови на Централниот регистар и во охридската канцеларија. Денес стручниот тим од оваа институција одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани кои ја посетија канцеларијата. Еве што најмногу ги интересира физичките и правни лица од Охрид.
„Голем број на граѓани ја искористија можноста, ја посетија канцеларијата. Денес сме во Охрид од 9 до 12 часот. Најголем број од прашањата кои што беа поставени на стручниот тим од централата беа во врска со бришењето на трговски друштва, а во тек е и акцијата за бришење на трговски друштва. Имаше прашања поставени...
Post Views: 0
Подобар студенстски стандард и задоволување на потребите на студентите, се насоките кои беа следени во реализацијата на зацртаните проекти од страна на раководството на Државниот Студентски Дом “Никола Карев“ од Охрид. Маријан Ристески првиот човек на оваа државна установа, посочи дека зад нив е една навистина успешна година во која како една од најважните инвестиции е реконструкцијата на покривната конструкција, инвестиција која битно допринесе во подобрување на општите состојби во домот решавајќи еден долгогодишен проблем. Но тоа не е се.
“По опожарувањето на делови...
Post Views: 10
Одделението за катастар на недвижности Охрид, минатата година бележи голем успех во својата работа. Од таму информираат дека во насока на одржување на постојана комуникација со сограѓаните, непосреден пристап и транспарентност во работењето успеале да ги решат сите предмети кои биле доствени до нив, односно над 51 000. Раководителот на одделението Ана Димитрова зборуваше за новините кои се предвидени да се реализират во 2014 год.
„Во претстојниот период на ниво на Република Македонија, меѓу другото предвидено е уште во Јануар месец пуштањето во употреба и на новиот...
Post Views: 4
Во Охрид, на Коледа се обновува една заборавена традиција литија која го наговестува Христовото раѓање. Колона од околу 150 деца кои ја сочинуваа литијата утрово тргна од црквата Св. Ѓорѓија и пристигнаа на градскиот плоштад. На чело на поворката децата ја носеа пештерата, која го симболизира раѓањето на Исус Христос. За оваа литија таа специјално изработена од монахињите во манастирот Св Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Децата пееја радосни песни, а носеа фенерчиња, бродови и подароци со што го најавуваа утрешниот голем христијански празник Божик.Марија Ристеска член...
Post Views: 1
Стопирани градежните работи на доградбата на општинската зграда започнати во времето на поранешата општинска власт. Работите беа сопрени уште пред добивање на манадатото на новата власт, напоменува актуелниот градончалник Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека во меѓувреме формирале Комисија која ќе ја испита законитоста на досегашните градежни зафати на објектот. „Ние формиравме Комисија која ќе ги разгледа сите аспекти околу градбата на зградата. Беа вклучени стручни лице од општината и надворешни стручни служби, а се разговараше и со дел од фирми вклучени...
Post Views: 1
Средствата кои локалната самоуправа ги предвидела, за спорт за 2014та година се премалку за да има било каков напредок во спортот во нашиот град, смета опозицијата во градскиот совет. Според советникот Јоне Станкоски спортските работници оваа година имајќи ја предвид предложената програма, не можат да се надеваат на некаква помош од локалната самоуправа.
„Како може за одредени ставки во буџетот предвидувате за некакви расходи кои не се ни наведени за што се, тие се многу повеќе средства отколку за целокупно гледано спортот во градот, 8.750.000 денари. Активностите кои...