Post Views: 8
На улицата Петар Чаулев денес се менуваше оштетена бандера на Телеком. На столбот има мрежа од кабли од телефонски жици, но и на кабловските оператори. Од Телком се надеваат дека денешниот зафат е последниот од бројните оштетувања настанати од снежното невреме. Граѓаните кои имаат сознанија за други оштетувања на бандери, а за кои Телеком засега нема сознанија е отворен за соработка со граѓаните. Дефектите може да се пријавуваат на безплатниот број 0 800 12345. Раководителот на регионалниот центар на Телеком, Никола Дуданов ги појаснува нивните ингеренции во делот...
Post Views: 1
Петре Трајчески од Охрид 100 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Со тоа тој спасил многу човечки животи или им помогнал на луѓето во моментите кога им било најтешко.
Уште како мал почнав да дарувам крв и во секое време кога можев одев и тоа го правев. Посакувам и другите кои можат да даруваат крв , вели Трајчески.
Трајчески вели дека ќе продолжи да дарува крв се додека може да помага и да ја дарува драгоцената течност што живот значи. За ова негово хумано дело денес на пригодна свеченост која се одржа во охридскиот Црвен крст на која беше одбележан 17 март, Денот...
Post Views: 1
Невладините организации обвинуват дека деградацијата на Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување...
Post Views: 5
Да се изгледа документарен филм од 45 минути, и повеќе, знае понекогаш да биде потрошувач на времето, а особено во време кога секоја минута е важна. Со оглед дека живееме во време на Twitter и Facebook, информациите се побрзи од било кога, па така овој Twitter профил го дава само најдоброто од светот на науката, технологијата, животот, биологијата, механиката и.т.н.
Со близу 200.000 следачи и твитови кои се ретвитани по 19.000 пати @ThingsWork профилот стана прав хит на интернет. Ова е една од оние позитивни работи кои не едуцираат како нештото функционира и не се губи...
Post Views: 7
Објектот на поранешното училиште Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат пократкиот приод до школото Св Климент, а и за минувачите кој поминуваат покрај овој објект.
„ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок пат.
ТВМ го контактираше...
Post Views: 48
Ќе се подобри ли безбедноста на пешаците на „Железничка“? Оваа високофреквентна улица која воедно е дел од магистрален пат, е проблематична уште од моментот на нејзиното пуштање во употреба, после завршената реконструкција во 2011та година. И покрај поставената вертикална и хоризонтална сигнализација, крстосниците на „Железничка“ изминативе години стекнаа репутација на црни точки во градов, на кои во неколку наврати, повеќе охриѓани го загубија својот живот во сообраќајни несреќи. Граѓаните кои секојдневно поминуваат по „Железничка“ сеуште се плашат за својата безбедност....
Post Views: 1
Продавниците, а со тоа потрошувачот не е свесен, по правило уште на самиот влез влијаат со некои работи што потрошувачот заборава по што воопшто дошол, а при тоа го тера да купи што повеќе производи. Еве некои примери кои суптилно влијаат на вашето однесување во продавниците:
-Влезот е на десната страна бидејќи луѓето повеќе сакаат да одат спротивно од стрелките на часовникот
-Таканаречената зона на кочење каде постои некаква препрека – веднаш на влезот треба купувачите да се смират за да не брзаат да го отстварат планираното купување.
-Долгите полици ги принудуваат...
Post Views: 2
Автомобили кои ќе комуницираат помеѓу себе преку ултра-стабилен безжичен интернет и масовна комуникација со сензори преку Интернет. Ова е иднината на Интернетот каква што ја замислува Петар Поповски, професор на Универзитетот во Алборг, Данска на одделот за електронски системи. Поповски кој е родум од Охрид, повеќе од 15 години работи на полето на телекомукациските системи, а неговата истражувачка работа штотуку доби високо признание со добивањето на средства од Европскиот совет за истражување (ERC – European Research Council) во форма на грант за консолидатори...
Post Views: 8
Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место.
Бранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.
„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика до...
Post Views: 1
Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад. Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.
„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој...
Post Views: 19
Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има.
„Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси...
Post Views: 0
Не помина иницијативата и барањето на опозициските советници на денешната седница на советот да има поопширна дебата за урбанизацијата на Студенчишкото Блато. На седницата не присуствуваа ниту Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ниту претставници од Завод и Музеј од Охрид, Хидробиолошкиот Завод или пак еколошки друштва кои опозицијата пред неколку дена бараше да бидат поканети и да земат учество на денешната седница.
„Она за што Бакрачески и ДПМНЕ тврдеа дека нема да го прифатат во нивната програма денес сме сведоци дека не само што оваа локална самоуправа...