Post Views: 5
Мапет шоу, пародии, мјузикл, сцена од култниот филм Брилјантин, изведба на странски песни, хитови во седумдесеттите години на минатиот век, беа само дел од богатата програма која посетителите во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ можеа да ја видат по повод патрониот празник на ОУ „Климент Охридски“. Учениците зедно со нивните наставнички, ментори повеќе од еден месец интензивно се подготвуваа за овој настан.
Директорот на училиштето, Јордан Пуроски рече дека оваа година приредбата која ја подготвиле е многу поразлична од се она што претходно било...
Post Views: 1
Матурска вечер во Италија. Оваа идеја е на учениците од четврта година во гимназијата Св. „Климент Охридски“ и на нивните родители. Средношколците изработиле анкета која ја спровеле меѓусебно и на која повеќе од 70% се изјасниле позитивно за оваа идеја. Зелено светло за ваков начин на славење на матурската вечер дале и родителите и тоа дури 82% од анкетираните. Веќе е формиран и стручен тим составен од класните раководители од четврта година, од директорката и стручната педагошка службаза спроведување на оваа идеја. Во рок од една недела директорката треба да изготви...
Post Views: 29
Насилство во охридското економско училиште. Група ученици од оваа установа денес беа сведоци на вербална расправија помеѓу нивни соученици. За среќа овој инцидент беше само симулација која пред учениците ја демонстрираа активистите од ЖЦ „Бисера“, Охрид. Препознавањето на проблемот на насилството врз жените, девојките и децата е прв чекор кон негово решавање, вели претседателот на Центарот, Наде Мартиноска. Таа нагласи дека денешната импровизирана сцена на кавга меѓу двајцата средношколци е непријатана глетка за сите, па затоа таквата појава треба да се препознае и...
Post Views: 0
„Сите кон Свети Климент“. Вака е насловена свечената поворка која ќе се организира во очи големиот празник, патронот на Охрид-Св. Климент Охридски. Граѓани, преставници на локалната, преставници од советот и гости ќе бидат дел од процесијата која ќе започне на 7ми декември во 20 часот од градскиот плоштад. Со факели и свеќи во рацете поворката ќе се движи по стариот дел на градот се до црквата на Св. Климент на Плаошник. Таму ќе биде оддадена почит на светецот, заштитник на градот и ќе биде одржан говор.
Симболикатакако што е и самото име на анстанот е да сме сите сплотени...
Post Views: 2
На државниот натпревар во шах, што како дел од натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска , ученичка од шесто одделение од ОУ „ Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија.
На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „ Ласкер“ и со поддршка на општина Охрид учествуваа ученици од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Ванчо Николески“ , ОУ „ Живко Чинго“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Григор Прличев“.
{loadposition content9}
Post Views: 7
Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив...
Post Views: 2
Охриѓани за еден месец ќе го видат Златото на Лихнитида. Златната соба ќе биде отворена на 8 декември на Св. Климент, патронатот на градот. Припремите за отварање на поставката која ќе содржи 400 златни артефакти се во завршна фаза. Во моментов во печат е даден каталогот кој го работат археолозите Паско Кузман и Нада Почич Кузман, информира Тања Паскали Бунташеска. Во меѓувреме во Завод и Музеј ќе се вратат експонатите кои се отстапени на изложби дома и во странство.
Од јули златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени во близина на Горна Порта се изложени во германскиот...
Post Views: 5
Инфраструктурните зафати кои беа планирани за месец Септемви и Октомври завршија според планираното и предвиденото во годишната програма за работа.
Во ПУ,,Дајлан“ заврши реконструирањето на тоалетот, при што старите ,,чучевци,“ кои ги користеа наставниците и учениците беа заменети со wc школки
Исто така во централното улилиште на просторот околу споменикот „Св.Климент Охридски,“ се поставија клупи кои секојдневно се користат од страна на учениците, родителите и месното население.
{loadposition content9}
Post Views: 5
На пригодна свеченост, со културно уметничка програма закажана за 20 часот ,вечерва во НУ Центар за култура “Григор Прличев“, Општина Охрид ќе го одбележи 23-ти Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Во рамки на свечената програма предвиден е :
1. Настап на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски со песната “Собрале ми се набрале2. Aнсамблот Билјана Јуниор “Налеј налеј налеј”3. Настап на виолинистот Игор Бежаноски со инструментална изведба на револуционерни песни4. Настап на учениците од рецитаторската секција во Општинското средно училиште Св.Климент Охридски...
Post Views: 58
Преку забава и игра денес учениците од ОУ,,Св. Климент Охридски“ Охрид, научија колку е важно штедењето во животот на секој човек и како да штедат.
Претставници од Тутунска банка-НЛБ, на чело со генералниот менаџер Милчо Mитрески , ги запознаа учениците со улогата на штедењето пари од мали нозе. Тие им поделија блокови и прибор за цртање и ги поттикнаа да творат на тема ,,Штедење и спортување“.
Учениците чии цртежи ќе бидат најдобри, ќе бидат наградени. Воедно учениците беа поттикнати да се занимаваат со спорт и се разбира да почнат со штедење од најрана возраст.
{loadposition...
Post Views: 0
Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце.
Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен печат во училиштето од првиот училиштен ден.
Програмата која ја подготвија четвртооделенците со нивните наставнички Валентина Кузманоска и Виолета Илиевска, ја помогнаа и наставниците Павлина Климеска, Катерина Пецакова и Бобан Гаврилоски,...
Post Views: 7
Денес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат од...