Post Views: 4
Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.
Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата.
Могерини...
Post Views: 7
Лидерот на социјалистите во Европскиот парламент Hannes Swoboda, кој по 18 години се повлекува од активната политика, предупредил дека опасноста ЕУ да се распадне ќе се зголеми ако на скорешните европски избори победат националистите.
„Би сакал многу луѓе да размислат за тој скептицизам, првенствено за тоа дали национализмот е навистина алтернатива. Луѓето би морало да ги интересира каква социјална Европа посакуваат и мораат да се свесни дека националистите не носат позитивни резултати, и дека во минатото тоа носело само војни“, рекол Swoboda за порталот на словенечкиот...
Post Views: 1
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Северна Македонија.
Тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.
По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.
Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.
Post Views: 7
Русија ќе му плати на поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски надомест од 10. 000 евра по силата на пресуда на Европскиот суд за правата на човекот , соопшти руското Министерство за правда.
”Во извршувањето на пресудата на ЕСЧП од Ходорковски е побарана информација за банкарска сметка и кога таа ќе биде обезбедена , во неа ќе биде преведен износот на предметното надомест ” , изјави за новинската агенција Интерфакс портпаролот на Министерството за правда.
На 25 јули , судот во Стразбур ја осуди Русија да му плати на поранешниот магнат 10 000 евра за серија прекршувања...
Post Views: 4
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Франција, соопшти Европскиот сезмолошки институт.
Потресот е регистриран во 10 часот и 53 минути по локално време. Епицентарот бил на 10 километри од градот Ван во областа Бретања. Длабочината на подземните флуктуации изнесува пет километри.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Шпанската непобедлива репрезентација доживеа шок. Браќата Гасол и друштвото не само што нема да го играат долго сонуваното финале со САД, туку нема да освојат ниту медал. Такво нешто ни во лудило не очекуваа. Ослабената Франција без Паркер приреди првокласна сензација победувајќи ја со 65-52, во последните неколку години, најсилната генерација на стариот континент.
Иако Французите се европски прваци и минатата година по прв пат ја совладаа Шпанија во еден голем натпревар, победата во четвртфинале спаѓа во сосема друга категорија. Разликата е во тоа што на ова Светско...
Post Views: 7
Во Брисел пристапниот договор заедно го потпишаа претседателката на хрватската техничка влада Јадранка Косор и претседателот на Републиката Иво Јосиповиќ.
Од ЕУ се потпишаа претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, председателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и председателот на Европскиот парламент Јежи Бузек. Договорот ќе го потпишат и шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.
„Сведоци сме на историски чин. Хрватска се враќа во политичкиот и културен простор на кој му припаѓала отсекогаш. Ние сме први кои пред влезот во ЕУ моравме...
Post Views: 6
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија во рамки на својата балканска турнеја. Од кабинетот на Туск соопштија дека тој ќе има средба со претседателот Ѓорге Иванов.
Но, денеска во медиумите излезе информација дека наредната недела, односно од 4 до 6 април Иванов ќе престојува во Истанбул, Турција, каде ќе учествува на 20. Евроазиски економски самит.
Најверојатно, Туск во Македонија ќе допатува во понеделник, но останува да видиме дали Иванов ќе одлучи еден ден порано да отпатува за Турција и во последен момент да ја отаже...
Post Views: 0
Словачкото Министерство за социјални работи поднесе предлог за овозможување на бесплатна стерилизација за сиромашните групи на население.
Ова покрена бран на незадоволство во земјата, информираше чешката државна телевизија. Христијанските политичари и невладини организации, кои го бранат правото на живот ја означија мерката за расистичка тврдејќи дека е наменета првенствено за ромското малцинство.
Словачка неодамна се соочуваше со критики за наводно нелегална стерилизација на ромските жени. Некои од нив поради тоа ја тужат земјата пред Европскиот суд за човекови права...
Post Views: 5
Тепихот со големина од 202 квадратни метри, на унгарската уметничка Ливие Папаи, кој од почетокот на јануари се наоѓа во предворјето на зградата на Европскиот совет во Брисел, ги разбуди духовите во повеќето европски земји.Имено, тепихот ја прикажува Унгарија од 1848. година, во време кога во таа земја владеела Хабсбуршката монархија.
Иако се работи за карта од времето на Австроунгарската монархија, т.е. т.н. Голема Унгарија (прогласена во 1867. година), во Брисел овие денови сите ја критикуваат симболиката на изборот на тој историски момент.
Имено, во 1848. година...
Post Views: 15
Охридски средношколци ќе дебатираат за климатските промени во Брисел. Охридското средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е избрано како претставник на РС Македонија во извлекувањето кое се одржа на 27 ноември 2019 во Брисел. Во посета на училиштето СОСУ„Св.Кирил и Методија“-Охрид, беше Г-дин Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината „Твоја Европа, Твој збор“ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год . Г-дин Хакен ќе работи со нашите...
Post Views: 9
Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65 години. Поранешниот италијански новинар бил сериозно болен повеќе од две недели и минатиот месец бил примен во болницата во Авијано поради компликации со имунолошкиот систем.
Сасоли им се врати на своите задолженија во ноември откако во септември беше хоспитализиран во Стразбур поради сериозна пневмонија. Гласањето за негов наследник веќе беше закажано за овој месец и Сасоли навести дека нема да се кандидира за нов мандат.
Поранешниот телевизиски спикер беше избран за претседател на Европскиот парламент...