Post Views: 2
Јавната установа НП „Галичица“ го поднови возниот парк со ново теренско возило. Со проект од ЕУ доби на располагање возило за подобро управување со заштитеното подрачје. Проектот има три компоменти кои опфаќаат : формирање арборатум околу центарот за посета, формирање на репроцентар за европски елени и ревизија на програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност, информира директорот Андон Бојаџи .
„Во рамките на проектот добивме теренско возило кое ќе се користи за активности поврзани со спроведување на проектот, но и за редовни активности кои ги прави...
Post Views: 4
Скот Даунард е најголемиот лузер во светот, бидејќи убедливо победи на маратонот во Форт Ворт, Тексас, но не го доби трофејот поради банална причина. Атлетичарот најбрзо ја истрча 42-километарската делница со време од 2 часа и 32 минути, но откако триумфално мина низ целта, организаторите му соопштија дека е дисквалификуван. На 25-годишниот маратонец веднаш му станало јасно зошто нема да се искачи на највисокото скалило на победничкиот пиедестал. Тој заборавил да се регистрира за маратонот, односно натпреварувачкиот број го земал од болен другар.Така, првото место го...
Post Views: 3
Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти...
Post Views: 22
И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид.
Крајно сме разочарани и бесни од овој однос бидејќи дадовме план како може да присуствуваме и двете навивачки групи во одреден број спрема протоколите но слух за нашите барања немаше. Единствено добивме само закани со пријави и насилно отстранување од салата, доколку се појавиме на утрешниот натпревар. Спортските натпревари...
Post Views: 2
Изработка на техничка документација за патна инфраструктура, изведба и реконструкција на патна инфрастуктура и изведба на енергетски ефикасни објекти се трите проекти кои ќе стартуваат во неколку општини од Југозападниот плански регион по потпишувањето на договорот со Бирото за регионален развој. Средствата во висина од 26 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа од националниот буџет, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. Уште денес ќе има објава на електронскиот...
Post Views: 2
Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.
Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...
Post Views: 8
Правниците на Барса ги разгледуваат коментарите на Мурињо по вчерашната пресметка меѓу Реал и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампиони.
“Да се разбереме изгубивме од фантастична екипа. Тоа е факт кој ништо од она што ќе го речам нема да промени. Но не ми е јасно како во натпревар како што е денешниот, многу изедначен судијата прави вакво злодело. Судиите во фудбалот треба да обезбедат еднаквост за сите. Во еднакви услови на игра треба да се одреди подобриот. Не ми е јасно зашто УЕФА на никому не му дава да игра против Барселона”, изјави Португалецот.
Црвениот...
Post Views: 3
Охридскиот новинар Милчо Јованоски е добитник на наградата Најдобар новинар за 2017 година. Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, од Скопје, му го врачи ова признание на 27 декември, на годишната прослава на Европскиот институт во Скопје. За наградата Јованоски вели дека било изненадување кое не го очекувал, а драго му е што тоа е доказ дека сепак, некој го цени новинарскиот труд. Милчо Јованоски зад себе има долг стаж со кој го печел новинарскиот занает. За наградата ќе рече дека се должи на неговиот целокупен новинарски ангажман во изминативе 35 години.
„Се...
Post Views: 5
Откако ја стекна својата слава погодувајќи ги резултатите од натпреварите за Светското фудбалско првенство во Африка, октоподот Пол доби свој споменик во аквариумот во кој живееше.Аквариумот „Морски живот“ во Оберхаусен во четвртокот откри пластична копија на октоподот Пол со висина од 1,8 метри, која со своите пипки држи фудбалска топка.
Потпаролот на аквариумот Тања Мунзиг изјави дека пепелта на кремираниот октопод Пол е сместена во урна, што се наоѓа во внатешноста на топката.
Октоподот Пол ги погоди сите седум натпревари на репрезентацијата на Германија, како и финалето...
Post Views: 7
Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид.
„Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните...
Post Views: 6
Доцна синоќа во Скопје, на 66 години, почина македонската пливачка и воопшто спортска легенда, Атина Бојаџи. Целиот живот го посвети на пливањето и во 1962 година со победите на маратоните во Охридското Езеро и на патеката Капри-Наполи стана двократен светски првак и на слатки и на солени води.
Атина Бојаџи е првата Македонка која го преплива каналот Ламанш во 1969 година, потоа мотивирајќи и други наши спортисти да го направат истото низ годините. Воедно, Бојаџи останува запишана и во светската пливачка историја како првата жена на која ѝ успеал овој подвиг. Во 1998...
Post Views: 5
Дејвид Бекам доби награда за животно делоДејвид Бекам е овогодинешниот добитник на наградата за животно дело, која ја доделува спортската редакција на BBC. Наградата на Бекам му ја врачи лично сер Боби Чарлтон.
Говорот на Бекам бил навистина емoтивен и трогателен. Тој не можел да ги додржи своите солзи при држењето на говорот.
“Секако дека сакам да и се заблагодарам на својата сопруга и децата. Не само што таа (Викторија) ми подари три неверојатни деца, туку и ми дава поддршка. Таа е моја вистинска секојдневна инспирација. Викторија, Бруклин, Ромео и Круз, ви благодарам”...