Што се` излезе од устата на Мурињо ?!

Правниците на Барса ги разгледуваат коментарите на Мурињо по вчерашната пресметка меѓу Реал и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампиони.

 |  Маја Савиќ  | 
Murinjo
Мурињо

Правниците на Барса ги разгледуваат коментарите на Мурињо по вчерашната пресметка меѓу Реал и Барселона во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Murinjo cestita na Gvardiola

“Да се разбереме изгубивме од фантастична екипа. Тоа е факт кој ништо од она што ќе го речам нема да промени. Но не ми е јасно како во натпревар како што е денешниот, многу изедначен судијата прави вакво злодело. Судиите во фудбалот треба да обезбедат еднаквост за сите. Во еднакви услови на игра треба да се одреди подобриот. Не ми е јасно зашто УЕФА на никому не му дава да игра против Барселона”, изјави Португалецот.

Црвениот картон Мурињо го доби во 62.минута, откако кај четвртиот судија ја исмејуваше одлуката за исклучување на Пепе, кој со ѓон стартуваше над Дани Алвеш.

“Да ние сме елиминирани. Понекогаш чувствувам гадење што живеам во ваков свет, но очигледно тоа е наш свет. Се прашувам зошто?Зошто господине Овребо, господине Бусака, господине Штарк?Во секое полуфинале се случуваат идентични работи. Барса е одлична екипа, но зошто пред две години не мина Челси, зошто минатата година Интер мина само заради некое случајно чудо?”

“И честитам на Барселона, но и честитам и на влијанието кое го има врз судиите. Сигурен сум дека до него многу тешко се стигнува. Јас би чувствувал срам вака да ја освојувам Лигата на шампиони.”

“Жозеп Гвардиола е прекрасен, фантастичен тренер. Исклучително го почитувам заради неговите стручни и човечки квалитети. Мислам дека тој заслужува Лигата на шампиони да ја освои на нормален начин. Ова не е нормален начин, како што не беше ниту оној пред две години на Стемфорд Бриџ. Ова е скандалозен начин. Сакам Гвардиола еден ден да ја освои Лигата на шампиони на чесен начин, без инциденти и скандали”.

“На судијата не му реков ништо. Ниту збор. Само се смеев и гестикулирав. Ако кажам што мислам за него, можам да се поздравам со мојата кариера”.

“Во Барселона ќе отидеме да играме чесно и достоинствено. За жал нема да го имаме Пепе, иако ништо не направи, а доби црвен картон. Нема да го имаме Рамос, кој исто така ништо не направи, а доби жолт картон заради кој ќе паузира. Нема да има ни тренер кој ништо не направи, а доби црвен картон”, поентираше на свој начин Мурињо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top