Ознака: zrtvi

AH1N1

Први жртви на грипот А во Русија

Post Views: 7 Руските власти соопштија во вторник дека две жени починале од грипот Х1Н1, што се први смртни случаи во Русија. „Дијагнозата на грипот А потврдена е кај две жени што имаа запаление на белите дробови“, изјави лекарот Генадиј Онишченко. Една од жените била бремена и лекарите не успеале да го спасат плодот. „Двете жртви, на возраст од 29 и 50. години, починале во Чита, во источен Сибир“, рече Онишченко. {loadposition content9}

Continue reading

tenk

За четири години во Ирак загинале најмалку 85.000 луѓе

Post Views: 0 Во Ирак во периодот од 2004 до 2008 година во бомбашки напади, убиства и судири загинаа најмалку 85.000 луѓе, соопшти ирачкото Министерство за човекови права. Во извештајот се наведуваат само смртните случаи регистрирани од Министерството за здравство. Во документот се посочува дека во тој период во Ирак повредени се 147.195 лица, но нема податоци колку од нив се цивили.Организацијата на академиците и активистите за мир „Ирак боди каунт“ тврди дека од 2003 година, од падот на режимот на Садам Хусеин до ноември 2008 година убиени се од 88.000 до 97.000 цивили {loadposition...

Continue reading

oruzje

Оруженото насилство во светот зема по 2.000 жртви секој ден

Post Views: 1 Над 2.000 луѓе во светот умираат секој ден во оружено насилство, објавија во ОН 12 организации за заштита на човековите права кои ги повикаа државите-членки да почнат преговори за договор за трговијата со оружје. Во извештајот подготвен по барање на британската група Оксфам, се вели дека откако во 2006 година повеќето влади признале за неопходност од регулација на глобалната трговија со оружје, околу 2,1 милион луѓе загинале во оружено насилство. Тоа значи во просек по 2.000 луѓе на ден или повеќе од еден на секоја минута. Најголемиот број жртви се цивили. Околу 700.000...

Continue reading

logo

Земјотресот во Индонезија однесе над 1000 жртви

Post Views: 1 Според последните податоци на Обединетите нации, над 1100 луѓе загинаа во земјотресот на индонезискиот остров Суматра. Претходниот биланс беше 770 луѓе, а властите стравуваат дека бројот на жртвите по земјотресот со јачина од 7,6 Рихтери што се случи во средата ќе расте. Вo главната болница во градот Паданг постојано носат повредени, а околу неа е подигната населба од шатори.  Во погоденото подрачје недостигаат лекари и помошен персонал. Претседателот на Индонезија ја повика владата што поскоро да упати помош на жртвите со авиони, бидејќи патиштата се речиси непроодни. Жителите...

Continue reading

При уривање на црква во Непал загинаа 23 луѓе

Post Views: 0 Најмалку 24 луѓе загинаа, а 62 се повредени при уривање на црква во источниот дел на Непал. Меѓу жртвите 17 се жени и четири деца. Инцидентот се случил во градот Дхаран, каде се одржувала Христијанска конференција. Дхаран се наоѓа на 400 километри југоисточно од главниот град на Непал, Катманду. {loadposition content9}

Continue reading

Tunis

Поплавите во Тунис зедоа најмалку 17 лица

Post Views: 1 Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.Според очевидци повеќето од загинатите животот го загубиле во своите куќи, поради уривање на ѕидови и на кровови. Дел од жртвите се удавиле при надоаѓање на голема количина вода, која во некои места достигнала ниво од над два метри.Претседателот на Тунис Зине ел Бен Ели нареди да се преземат итни мерки за справување со ситуацијата.Септември вообичаено е месец, кој им носи најголема суша на жителите на Тунис, но оваа...

Continue reading

magistralen pat

Албанската патна инфраструктура го зема данокот во крв

Post Views: 5 Само во изминатите два дена  регистрирани се десеттина сообраќајни несреќи, во кои животите ги загубија седум лица, а повеќемина се полесно или потешко повредени. Во сообраќјна несреќа на патот Лежа-Скадар, синоќа загинаа две лица на возраст од 27 и 30 години, кои се враќале од свадба. Тие, при обид да претекнат неколку возила пред нив, со автомобил марка BMW со странски регистарски таблички, со голема брзина удриле во камион што доаѓал од спротивниот правец. Во средата, на патниот правец Драч-Каваја, во судар на цистерна која превезувала вода и автомобил марка „Голф“,...

Continue reading

zeleznicka nesreka

Шест мртви во железничката несреќа во Хрватска

Post Views: 1 Најмалку шест лица загинаа, а околу 50 се повредени во железничка несреќа што вчера попладне се случи во Хрватска. Несреќата се случила откако воз, што сообраќа на релација Загреб – Сплит, излетал од шините во местото Рудине, крај Каштела. „Примивме 50-ина патници, кои се транспортирани со автобус, а станува збор за полесно повредени“, изјави попладнево заменикот директор на болницата во Сплит за агенцијата Хина.               {loadposition content9}

Continue reading

Polska

Силното невреме однесе осум животи во Полска

Post Views: 6 Најмалку осум лица загинаа, а десетици се тешко повредени во силните бури што синоќа ги зафатија јужните и централните делови на Полска, јавуваат локалните медиуми. Тешко се повредени 34 лица во целата држава, соошти изутрината портпаролот на државната пожарникарска стража Павел Фронтчак. Полските пожарникари 2.000 пати излегувале на терен. Слично невреме синоќа, по два дена тропски горештини од 36 степени, ја зафати и соседна Чешка. {loadposition content9}

Continue reading

ostatoci

Комеморација за жртвите од несреќата на францускиот ербас

Post Views: 3 Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата. Морнарицата на Бразил во петокот ја прекина потрагата по телата и остатоците од урнатиот авион. Авионот од типот Ербас А330 се урна во водите на Атланскиот океан ноќта меѓу 31 мај и први јуни на лет од Рио де Жанерио до Париз. Никој од 228-те патници и членови на посадата, од вкупно 32 националности не ја преживеа несреќата. Спасувачките екипи досега извадија тела на 51 патник, како и околу 600 парчиња од авионот. Од друга...

Continue reading

stol

Меѓународен ден за подршка на жртвите на тортурата

Post Views: 3 Меѓународен ден на Обединетите нации(ОН) за поддршка на жртвите на тортурата се одбележува денеска низ светот. Во заедничката изјава на експертите и специјалните известувачи на ОН, фокусот се става на зголемувањето на заштитата од тортура на лицата со хендикеп. „Во насока на апсолутна забрана на тортурата, не може да постои повикување на исклучителни околности за нејзино оправдување, и земјите имаат обврска да ја спречат тортурата и другите сурови, нехумани или понижувачки постапки или казни, вклучително врз лица со хендикеп“, се вели во изјавата. Експертите истакнуваат...

Continue reading

Идентификувани 11 тела од жртвите на францускиот ербас

Post Views: 3 Идентификувани се 11 од пронајдените 50 тела на загинатите во падот на авион на „Ер Франс“ кој на почетокот на месецот се урна во Атлантскиот океан во близина на бразилскиот брег, со земање отпечатоци од прсти и карактеристики од забите. Идентификуваните тела се на десет Бразилци, пет мажи и пет жени и на еден странец, се наведува во соопштението на властите од сојузната држава Пернамбуко, каде се извршуваат експертизите. Семејствата на идентификуваните Бразилци се известени од полицијата, а информирана е и амбасадата во Бразил, на странецот, кој е идентификуван.Не се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top