Земјотресот во Индонезија однесе над 1000 жртви

Според последните податоци на Обединетите нации, над 1100 луѓе загинаа во земјотресот на индонезискиот остров Суматра.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Според последните податоци на Обединетите нации, над 1100 луѓе загинаа во земјотресот на индонезискиот остров Суматра.

Ognen prstenПретходниот биланс беше 770 луѓе, а властите стравуваат дека бројот на жртвите по земјотресот со јачина од 7,6 Рихтери што се случи во средата ќе расте.

Вo главната болница во градот Паданг постојано носат повредени, а околу неа е подигната населба од шатори.  Во погоденото подрачје недостигаат лекари и помошен персонал.

Претседателот на Индонезија ја повика владата што поскоро да упати помош на жртвите со авиони, бидејќи патиштата се речиси непроодни.

Жителите го напуштија Паданг во страв од нови земјотреси, кои можат да предизвикаат и цунами.
Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на островите Тонга и Самоа во Тихиот океан, 48 часа по силниот земјотрес на истото подрачје во кој загинаа најмалку 155 лица.
Американскиот институт за геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на само 10 метри длабочина, на 242 километри од брегот на островот Неиафу, во архипелагот Тонга, и 377 километри од Пага Пага, главниот град на Американска Самоа.
Центарот за предупредување од цунами, што се наоѓа на Хаваите, не издаде предупредување за цунами.
Во катастрофалниот земјотрес и цунамито на островите Самоа загинаа најмалку 155 луѓе. Земјотресот со силина од осум степени по Рихтер ги погоди островите во Тихиот океан во вторникот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top