Меѓународен ден за подршка на жртвите на тортурата

Меѓународен ден на Обединетите нации(ОН) за поддршка на жртвите на тортурата се одбележува денеска низ светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
stol
стол

Меѓународен ден на Обединетите нации(ОН) за поддршка на жртвите на тортурата се одбележува денеска низ светот.

Во заедничката изјава на експертите и специјалните известувачи на ОН, фокусот се става на зголемувањето на заштитата од тортура на лицата со хендикеп.

demonstranti„Во насока на апсолутна забрана на тортурата, не може да постои повикување на исклучителни околности за нејзино оправдување, и земјите имаат обврска да ја спречат тортурата и другите сурови, нехумани или понижувачки постапки или казни, вклучително врз лица со хендикеп“, се вели во изјавата.

Експертите истакнуваат дека клучните начела негувани во неколку меѓународни инструменти и поткрепени со Конвенцијата за права на лица со хендикеп треба да бидат постојано во средиштето на заштитата на овие лица.

Според нив, зголемената меѓународна контрола влева надеж при расветлувањето на случаите на примена на насилство кај лицата со хендикеп.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top