Ознака: zrtvi

dete

Околу 830 илјади деца во светот годишно се жртви на несреќи

Post Views: 0 Околу 830 илјади деца во светот годишно стануваат жртви на несреќни случаи, се предупредува во извештај изработен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.Според истражувањето главна причина за смртните случаи кај децата на возраст од 0 до 19 години се несреќите. Експертите, кои три години работеле на изработка на оваа студија, што е прва статистика од ваков вид, нагласуваат дека годишно околу 260 илјади деца го губат животот поради давење, 175 илјади деца годишно умираат поради изгореници, 96 илјади како последица на пад од височина, повеќе од 46 илјади поради...

Continue reading

zemjotres Pakistan

Повеќе од сто луѓе загинаа во земјотресот во Пакистан

Post Views: 1 Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 100 луѓе. Жртвите се од долината Зиарат, провинцијата Белуџистан. Портпаролот на локалната полиција наведе стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи од земјотерсот погодени се осум села во долината Зиарат. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Долината Зиарат е една од туристичките атракции во Пакистан, што се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Кета. Пакистанскиот град Кета беше...

Continue reading

Ураганот „Ајк“ на Куба зеде четири жртви и ослабна до прва категорија

Post Views: 5 Кубанската влада соопшти дека ураганот „Ајк“, кој вчера ја зафати Куба, зеде четири жртви, први на островот во годинешната сезона на урагани, пренесоа американските медиуми.  Пред налетите на „Ајк“ над 1,2 милиони Кубанци беа евакуирани од густо населенета кубанска престолнина-Хавана.Ураганот сношти ослабна до бура од прва категорија според петстепената Сафир-Симпсонова скала на урагани, соопшти Центарот за урагани во Мајами, во сојузната држава Флорида. Центарот прогнозора ново засилување на ураганот над Мексиканскиот залив, каде се очекува тој да пристигне до вечерва.Во Хаити...

Continue reading

logo

Пагански почеток на Светското во фудбал

Post Views: 7 Според афричките адети, мора да се заколе некој ѕвер, обично тоа е крава, и со нејзиното жртвување се бара помош и благослов од нивните предци. Поглавари на неколку јужноафрички племиња се решени да го осветат големиот мундијал на вистински афрички начин, поточно да истурат крв од жртва на новоизградените стадиони, а со тоа да се посака среќна, успешна и бериќетна организација на Светското првенство во фудбал, кое ќе се оддржи во јуни идната година. Според афричките адети, мора да се заколе некој ѕвер, обично тоа е крава, и со нејзиното жртвување се бара помош и благослов...

Continue reading

avtobuska

Фудбалери, жртви на сообраќајна несреќа во Перу

Post Views: 0 Во сообраќајна несреќа во Перу, загинаа осум луѓе, додека 22-ца се повредени, откако автобус кој превезувал второлигашки фудбалски клуб паднал од висина од 200 метри. Според наодите на медиумите во Перу, автобусот паднал во провалија откако вооружени лица го натерале возачот на автобусот да се тргне од возачкото место.Тројца од загинатите и поголемиот дел од повредените се играчи на фудбалскиот клуб Сан Кајетано од градот Селедин. Во несреќата животите ги загубиле и двајцата сопственици на клубот. Екипата се враќала од натпревар на кој загубиле со 10:0.  

Continue reading

panihida

Панихида во чест на жртвите од бродската несреќа

Post Views: 1 Во катердалната црква св. Софија, се одржа помен за жртвите во бродската несреќа. На церемонијата присуствуваа дел од најблиските роднини на загинатите, како и функционери од Македонија и Бугарија.Роднините имаа желба да го видат и местото на несреќата и во водите на езерото се простија од нив каде фрлија цвеќе. Солзи, црнила и молк кај Елешец, местото каде загинаа Бугарските туристи. На церемонијата по повод 40 дневниот помен од несреќата Здружениот „Охрид 5 ти септември“ и најблиските  роднини на загинатите туристи во водите на езерото положија венец и цвеќа на местото...

Continue reading

soobrakajna Bukovo

Две жртви во сообраќајна незгода

Post Views: 6 Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата. Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен. Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид  вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка...

Continue reading

Д-р Наум Љатко демантира

Post Views: 4 Во врска со вчерашниот прилог во кој д-р Никола Симоноски упати обвинувања до раководниот менаџмент на Јавна Здравствена Установа „Општа болница“, дека не биле подготвени да интервенираат за давање помош на повредените во авионската несреќа, до редакцијата на ТВМ демант упати заменикот раководител на Работна единица анестезија и реанимација, д-р Наум Љатко. Тој ја демантира изјавата на д-р Симоноски и вели дека одделот за анестезија и реанимација бил подготвен, и со персонал и со соодветна апаратура, да им пружи помош на настраданите во авионската несреќа во Скребатно,...

Continue reading

Охридската Општа болница неподготвена за прием на жртвите од авионската несреќа

Post Views: 1 Иако повикани, раководните лица од болницата не се одзвале на повикот за помош на дежурните лекари- тврди еден од нив. Раководните лица од болницата се на годишен одмор. Јавната здравствена установа Општа болница воопшто не била подготвена, доколку биде потребно, да ги прими жртвите од вчерашната авионска несреќа. Ова го тврди дежурниот лекар- хирург, Примариус д – р Никола Симоноски,  кој бил на своето работно место по падот на авионот. Заедно со дежурниот лекар- анестезиолог биле препуштени сами на себе. „Не знам како ќе постапевме доколку се јавеше потреба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top