Ураганот „Ајк“ на Куба зеде четири жртви и ослабна до прва категорија

Кубанската влада соопшти дека ураганот „Ајк“, кој вчера ја зафати Куба, зеде четири жртви, први на островот во годинешната сезона на урагани, пренесоа американските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 

Кубанската влада соопшти дека ураганот „Ајк“, кој вчера ја зафати Куба, зеде четири жртви, први на островот во годинешната сезона на урагани, пренесоа американските медиуми. 

Пред налетите на „Ајк“ над 1,2 милиони Кубанци беа евакуирани од густо населенета кубанска престолнина-Хавана.
Ураганот сношти ослабна до бура од прва категорија според петстепената Сафир-Симпсонова скала на урагани, соопшти Центарот за урагани во Мајами, во сојузната држава Флорида.

Центарот прогнозора ново засилување на ураганот над Мексиканскиот залив, каде се очекува тој да пристигне до вечерва.
Во Хаити „Ајк“ зеде 61 жртва, потсетуваат агенциите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top