Ознака: sednica

МЈП „Проаква“ актуелна на седницата на Советот на општина

Post Views: 1 МЈП „Проаква“ актуелна на десеттата седница на Советот на општина Охрид. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на менаџерскиот тим на претпријатието да обрне поголемо внимание на ефикасноста во работата, но тоа да не биде на сметка на вработените. Ова како заклучок било  донесено уште на 25.06 годинава, со што  градоначалниците на Охрид и Струга биле задолжени во рок од 8 дена да формираат комисија со  по 1 член од Советите на општина Охрид и Струга , 2 претставници од МЈП „Проаква“ и 2 претставници од општинската администрацијаПоостро настапи советничката...

Continue reading

opshtina

Свечена седница по повод 65 години слободен Охрид

Post Views: 0 Јубилејните шест и пол децении од ослободувањето на Охрид одбележани, ден пред датумот 7 ми ноември. Свечената седница по тој повод, беше одржана во присуство на бројни гости, граѓани, преживеани учесници на НОВ и антифашистичката револуција. Чествувањето отпочна со химната на Р. Македонија во интерпретација на гимназијалците, членови на Хорот. За значението на денот зборуваше претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески. Тој истакна дека 65 години поминати во слобода се доволен период, за да се разберат целите на сите оние кои твореле за Охрид. Јаковчески...

Continue reading

pretsedatel na sovet

Советниците и по деветти пат брзи

Post Views: 0 На деветтата седница на советот на Општина Охрид, наместо предвидените 19 точки од дневниот ред, се сработија само 7. Денешната деветта седница на совет на Општина Охрид помина речиси експресно. Со мали измени на дневниот ред и неколку предлог одлуки, советниците за речиси неполн час, завршија со работа. Од предвидените 19 точки за днешниот дневен ред, по предлог на претседателот на совет Душко Јаковчевски, кој беше со мнозинство прифатен, поминаа само 7 точки. Дополнително беше поднесено барање од страна на советникот Јоне Станкоски од пратеничката група на ВМРО Народна...

Continue reading

општина Охрид

Потфрли планираниот износ во Општинската каса

Post Views: 1 Во општинската каса за трите квартала се инкасирани околу 266 милиони денари, што од планираните 465 милиони изнесува  57,42 проценти. Ваквата состојба покажува дека наскоро на некоја од седниците ќе следува ребаланс на буџетот. Раководителот на одделението за финасии и буџет, Ацо Китрозоски и квартално ги споредува состојбите од оваа и минатата година. Тој истакнува: „Показателите споредени со 2008 и 2009 покажуваат дека  има зголемување во приходот за 1 квартал од 16 проценти, и 4 проценти во 3 квартал,  додека во 2 квартал има намалување во остварувањето на приходот...

Continue reading

logo

ОК од ВМРО ДПМНЕ обвинува

Post Views: 7 Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно. „Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М. Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното...

Continue reading

Pretsedatel

Долги паузи и недосработени обврски

Post Views: 1 Долги паузи и недосработени обврски, е епилогот на денешната шаста седница на советот.   Крајот сепак наликуваше на детска недоверлива игра. Советниците изгласуваа, па негираа одредени точки од дневниот ред. Работата на секторот за локален економски развој, по кој знае кој пат ги скара советниците. Со задоцнување од 1 час, кое веќе на совентиците им минува во навика, ја продолжија шестата седница на советот на Општина Охрид. Истата помина во релаксирана атмосвера, во која повеќе имаше паузи, отколку работа. Делокругот на работа на оваа седница се сведе на препукување...

Continue reading

Комеморативна седница на советот на Општина Охрид

Post Views: 5 Советот на Општина Охрид денеска одржа вонредна седница на која со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите во бродската несреќа што во саботата се случи на Охридското Езеро. Во име на советот претседателот Душко Јаковчески изрази длабока жалост за изгубените животи, а свое обраќање имаа и градоначалникот на Охрид Александар Петрески и конзулот на Република Бугарија во Македонија, Наум Кајчев. Првиот човек на градот истакна дека со ништо не можат да се надоместат загубените животи, но изрази уверување дека несреќата ќе ги зближи граѓаните на Македонија и...

Continue reading

Ohrid

После Скопје и во Охрид нови споменици…

Post Views: 2 Културното наследство олицетворение на Охрид. Иницијативите за изградба на спомен обележјата заслужуваат подршка. Во таа насока беше денешната предлог одлука за поставување на спомен обележје на рускаската Кнегиња Олга и Кнезот Владимир која од страна на советниците на советот на општина Охрид беше едногласно прифатена. Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека конечно доаѓа до израз она што навистина му треба на градот. Таткото на градот Петрески рече дека поставувањето на ова спомен –обележје ќе значи придавање важност на еден сегмент од богатото историско минато на Охрид....

Continue reading

logo

Седницата започна со час и половина доцнење

Post Views: 1 Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред. Со невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето беше...

Continue reading

sovetnici

Многу предлог-одлуки и вкрстени дискусии

Post Views: 1 Најмногу внимание кај советниците привлекоа точките околу буџетите. Буџетот на единицата на Локална самоуправа-Охрид ги скара советниците, по што групата на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата. Советот на Општина Охрид ја одржа четвртата седница. Многу точки, а малку сработано. Од најавените 17 од дневниот ред, уште на почетокот две беа изземени, а додадени две нови. Приоритет им се даде на предлозите на советникот ТомиславТунтев и градоначалникот Александар Петрески. Првата се однесуваше на издавањето под концесија на Сараште, а втората беше предлог-одлука за одобрување...

Continue reading

znaminja

Прва работна седница на советот на општината

Post Views: 2 Денеска советот на општина Охрид ја одржа третата седница, на која се расправаше по обемен дневен ред од 25 предлог одлуки. На седницата се отворија жестоки расправии за именување членови на надзорните и управните одбори на Јавните претпријатија, каде доминираа политичките препукувања. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски, како крајно неприфатливи ги оцена моменталните случувања со назначувањето на членовите на надзорните и управните одбори во ЈП. Тој истакна дека со вклучување на членови од победничката листа, би се подобрила состојбата во советот...

Continue reading

logo

Утре прва работна седница на новиот совет на општина Охрид

Post Views: 3 25 те точки на дневен ред поделени се во неколку групи. Мнозинството е веќе оформено, се очекуваат издржани и конструктивни седници во интерес на граѓаните. Новиот совет на општина Охрид конечно ќе се фати за работа. Председателот на советот Душко Јаковчески, во работата и дискусиите на советниците очекува конструктивност без разлика на тоа кој од која советничка група доаѓа. „Работа во интерес на граѓаните и град Охрид, мора да преовладува во престојниот четиригодишен мандат, изјави председателот „Нема повеќе шпекулации околу мнозинството на Охридскиот совет. тоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top