МЈП „Проаква“ актуелна на седницата на Советот на општина

МЈП „Проаква“ актуелна на десеттата седница на Советот на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

МЈП „Проаква“ актуелна на десеттата седница на Советот на општина Охрид.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на менаџерскиот тим на претпријатието да обрне поголемо внимание на ефикасноста во работата, но тоа да не биде на сметка на вработените.

vodovodОва како заклучок било  донесено уште на 25.06 годинава, со што  градоначалниците на Охрид и Струга биле задолжени во рок од 8 дена да формираат комисија со  по 1 член од Советите на општина Охрид и Струга , 2 претставници од МЈП „Проаква“ и 2 претставници од општинската администрација
Поостро настапи советничката Јованка Дамоска.

Таа потенцираше дека загубите што ги трпи МЈП „Проаква“, не треба да се гледаат само во струшката работна единица. Дамоска рече дека проблемот е голем и присутен  и во охридскиот дел. Го повика и менаџерскиот тим да обрне внимание, да изнајдат начин за подобрување на ефикасноста во работењето но тоа да не биде со отпуштања на вработените.

Раководителот на финансискиот сектор Билјана Ангелоска како одговор на овие обвинувања рече дека добивка си е добивка и крајниот резултат од деветмесечниот извештај е позитивен. Таа додаде дека реално е извештајот да се прифати како таков а не да е трн во очи на политичките апетити.
Во врска со отпуштањата на 70% или на принуден привремен одмор, Ангелоска рече дека тоа е одлука на Управниот одбор со цел намалување на трошоците за плати во однос на вкупните трошоци. Отпуштањето на 70% нема да биде на дел од вработените туку ќе има ротирање со цел да биде побезбедно за сите вработени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top