Ознака: sednica

logo

Седница на ДИК

Post Views: 9 Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи седница на која ќе бидат утврдени роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори. ДИК заседава откако во саботата претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски ги распиша изборите за претседател, за градоначалници и советници за 22 март годинава. Деновиве беше најавено дека ДИК ќе покрене и прекршочна постапка против одредени партии и поединци кои што влегле во кампања пред да бидат распишани изборите. ДИК денеска треба да донесе и одлука за висината на благајничкиот максимум,...

Continue reading

Evroparlament

Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница

Post Views: 6 Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур. Новиот состав на Европскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница во Стразбур, на која се очекува поранешниот полски премиер Јиржи Бусек да биде избран за нов претседател, по евроизборите, кои се одржаа од 4 до 7 јуни во сите 27 земји-членки на Европската унија. Противкандидат на Бусек за оваа функција му е Швеѓанката Ева-Брит Свенсон од Конфедеративната група на Европската обединета левица – Северна зелена левица. Нејзините шанси да биде избрана за иден претседател...

Continue reading

logo UN

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Post Views: 2 Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница посветена на ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори. На седницата ќе учествува и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој подоцна денеска заминува во еднонеделна обиколка на Блискиот Исток. „Запрете веднаш! Конфликтот веќе зеде доволно жртви“, изјави синоќа на прес-конференција генералниот секретар на ОН. Бан Ки-мун утре ќе пристигне во Каиро, за да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Газа.Минатиот четврток Советот за безбедност ја усвои резолуцијата 1860, со која го повикува...

Continue reading

Прва седница на британската Влада надвор од Лондон по 1921 година

Post Views: 3 Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година. Пред 87 години, Владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски Совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на Владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно...

Continue reading

sednica

Кус дневен ред, малку полемика

Post Views: 1 Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема. Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог...

Continue reading

Sovet Struga

Струшкиот совет никако да профункционира

Post Views: 1 Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот, ДПА со доза на резервираност дека позицијата не им верува, а од ПЕИ даваат поддршка на забелешките со обвинување дека координациите на седниците немаат тежина.Изјавата за поделбата на плажите дадена неодамна на првиот човек на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески, причина за дискусија и на 10-тата седница на Советот на општина Струга. Имено, Илија Мацески од СДСМ Струга побара да се дополни дневниот ред со точка, до каде е распределбата на струшките плажи. Тој во интерес на јавноста потенцираше...

Continue reading

sednica

Насобрани проблеми пред крајот на годината

Post Views: 5 Заокружена осмата и последна седница за годинава на Советот на општина Струга. Кај струшките советници не се чувствуваше предновогодишно расположение. Наталожени проблеми еден куп. Но оптимизмот надвладеа. Советничката од редовите на ДПА Љуљзиме Зулали, предложи како приоритет да се додаде точка на дневен ред  околу превземањето превенција за поплавите во Струга. Претседателот на Комисијата за урбанизам Ќазим Салковски, не само за оваа точка, туку општо сите иницијативи на советниците предложи да се разгледаат на некоја друга седница. Градоначалникот на општина Струга...

Continue reading

sovetnici

Струшките советници денес се состанаа по 7-ми пат

Post Views: 8 Се расправаше за повеќе предлог одлуки. За поефикасна работа советниците ги побараа  старите лап топ компјутери. Решение за проблемите во МЈП Проаква ќе бара комисијата која ја формира советот на О.Струга. Од неа се очекува да изготви санациона програма за делот на водовод и канализација во јавното претпријатие. Одлуките на управниот одбор на Проаква ќе почекаат,  бидејќи оние на комисијата се поважни, вели советникот од ДПА Сурија Рашити.На денешната Седница на Совет инаку седма по ред, советниците ја одобрија и Предлог-Одлуката за купување на земјиште во трајна сопственост...

Continue reading

logo

Седница со аматерски пропусти

Post Views: 1 На почетокот на седницата од страна на советниците, упатени беа низа забелешки и критики  кон општинската администрација. Правилно толкувани изјави во записник, навремено известување за седниците и состаноците на комисиите, беа дел од забелешките. Со кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струга за квартал трети 2009 год, како прва точка на дневниот ред отпочна седницата. Oваа точка предизвика бурна реакција кај советниците. Посебно впечатливи беа контрадикторните изјави и ставови на разните политички опции. Тие до детали бараа образложение од градоначалникот...

Continue reading

dneven red

Струшките советници денес ја одржаа 4-тата седница

Post Views: 1 Формирањето паралелки со помал број ученици, ја разгори дискусијата во струшкиот совет. Советниците од ДПА побараа да се овозможат исти услови за учење како за македонците така и за албанците. Нивното внимание беше сконцентрирано на неколкуте предлог Одлуки поврзани со образованието. „Неопходно е сите заедно да ја излгасаме предлог одлуката за формирање паралелки со помал број во средните училишта“- истакна советникот а воедно и директор на „Нико Нестор“, Никола Затуроски. На оваа предлог одлука реагираа и советниците од ДПА. Љуљзиме Зулали  вели, ние бараме сите ...

Continue reading

logo

Струшките советници се фатија за работа

Post Views: 6 Новиот струшки совет денес официјално започна со работа. Конститутивната седница процедурано  ја водеше најстариот член од советот, советникот од редовите на ДУИ,  Ќазим Салкоски.Во актуелниот струшки совет  се вбројуваат  и советниците од Нова Демократија и ПЕИ. Тие  се заколнаа на чесно работење во корист на граѓаните на Струга. „Ќе се залагаме за брз и ефикасен развој на Струга. Сакаме да го вратиме стариот сјаја на градот“-вели советникот од ПЕИ, Мирсад Мемишоски. Многу успех и полни раце работа, на советниците им посака претсестелот на струшкиот совет  од минатиот...

Continue reading

opstina Struga

Експресна 51 седница

Post Views: 0 Струшките советници незаинтересирано ја протуркаа денешната седница. Експресно поминаа сите точки на дневен ред. Струшките советници за последен пат заседаваа во овој состав. Незаинтересираност, меѓусебно гласно разговарање и постојано движање низ општинската сала. Ова беше сликата на 51-та седница која беше одржана денес. Речиси и да не се слушаше претседавачот на советот. Секретарот  на општина Струга накратко им образложи на присутните зошто е неопходно да се донесе Одлуката за измена и дополнување на одлуката за извршување на буџетот на О. Струга за 2009 година....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top