Прва работна седница на советот на општината

Советот на општина Охрид денеска ја одржа третата седница, прва работна.

 |  Николовска Билјана  | 
znaminja
знамиња

Денеска советот на општина Охрид ја одржа третата седница, на која се расправаше по обемен дневен ред од 25 предлог одлуки. На седницата се отворија жестоки расправии за именување членови на надзорните и управните одбори на Јавните претпријатија, каде доминираа политичките препукувања. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски, како крајно неприфатливи ги оцена моменталните случувања со назначувањето на членовите на надзорните и управните одбори во ЈП. Тој истакна дека со вклучување на членови од победничката листа, би се подобрила состојбата во советот од аспект на контрола во работењето.

sovetniciНаспроти Стефановски, од страна на социјал демократите, Бранислав Трпчевски  истакна дека нормално е да се почитуваат одлуките на мнозинскиот дел бидејќи сепак тие се пресудни.

Повеќето од предлог одлуките на советот на третата седница беа усвоени. Она што денеска можеше да се види на работната седница на советот на општина Охрид, е дека во иднина може да очекуваме пожестоки седници.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top