Ознака: ne

tabla

Не профункционираа јазичните смени во Нико Нестор

Post Views: 0 Претпладне на настава се појавиле само дел од  албанските средношколци, иако според завчерашната препорака на министерот за образование Перо Стојановски, утрово на  настава требаше да дојдат следат учениците Албанци, додека попладнето средношколците Македонци. Попалдневната настава на учениците Македонци е откажана, како што напомена директроката на “Нико Нестор” Маре Савеска, поради безбедносни причини.   “Одлуката што ја донесоа родителите  и професорите Албанци да не ја почитуват одлуката на министерот е нелегална и донесена надвор од институциите на  системот. Имавме...

Continue reading

Dimitrija Vrevezoski

Позицијата на Вервезоски сигурна

Post Views: 11 Владо Чингоски е новиот член на кабинетот на Петрески, и ќе го советува градоначалникот од правен аспект. Со тоа не е загрозено моето место вели Димитрија Вревезоски. Правно административен советник за прв пат во кабинетот на градоначалникот Петрески. Од неодамна екс председателот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски ја доиби одговорноста да се грижи околу правните одлуки на советот. Старешинското место на секретарот не е загрозено вели Чингоски и додава дека тој се јавува  исклучиво во советодавна улога на кабинетото на градоначалникот. Се става крај на бројните...

Continue reading

Александар Петрески

Забавено, но не заборавено

Post Views: 3 На Сдсм му требаa месец и половина за да ги убеди Нсдп, Вмро народна партија, независните советници Љупчо Настоски и Владо Цветкоски да му ја дадат подршката во советот. Со тоа социјал демократите кои освоија 7 советнички места добиваат уште 6 гласови и  го имаат мнозинството во советот. Твм дознава дека за возврат лојалните партии и советници ќе добијат места во надзорните и управните одбори, раководни функции во охридските училишта и во општината. Во врска со директорите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Комуналец„ ситуацијата остнува непроменета , додека првата...

Continue reading

sostanok

Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов

Post Views: 4 „Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов“, вели директорот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски. Денес оваа институција одржа јавна расправа за риболовните основи на Охридското езеро. Јавната нацинална установа Хидробиолошкиот завод за сите природни езера во р Македонија и за одреден број вештачки акумулации од источниот дел на Македонија, денеска ја презентираа риболовната основа. „Тенедерот за давање под концесија на природните езера не е поништен туку е само прекинат. Оваа јавна расправа треба да му помогне на министерството за шумарство...

Continue reading

Borce Stojanoski

Езерото да не се дава под концесија!

Post Views: 4 Екологистите од Охрид бараат конечно да се реши проблемот со рибокрадците во Охридското езеро. Тие порачаа и дека треба да се формира едно мешовито претпријатие меѓу Македонија и Албанија, со цел да се стави целосна контрола на езерото. „Од денеска започнуваме да работиме пожестоко, со цел да се решат еклошките проблеми кои ги потенциравме во изборната кампања. Денеска се навршуваат 9 години од почнувањето на нашите заложби за состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро и 6 години откако беше одземена концесијата на АД „Охридска пастрмка“, кое стопанисуваше со езерото“ ...

Continue reading

avtobus

Вчерашниот инцидент не беше изолиран настан

Post Views: 6 Инцидентот што се случи во неделата навечер кога со недолични пораки беа испишани три грчки автобуси не е единствен од овој тип. Андонис Вералис сопственик на Туристичката агенција Охридтравел, кажува дека ваков инцидент се случил и во попладневните часови на 28 февруари на што Андонис бил очевидец. Група од триесетина младинци буквално го нападнала и речиси го каменувала грчкиот автобус паркиран кај националниот ресторан Европа, раскажува Андонис. Кога се обидел да ги спречи добил закани по сопствениот живот. Случајот веднаш го пријавил во полиција по што службени лица...

Continue reading

Ivan Cvetkoski

Успешно пливаме, но некому му пречи!

Post Views: 4 Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти „Билјанини извори“ да не се инволвира во политички игри, апелира првиот човек на оваа фирма. Позитивните резултати од работењето на ова претпријатие на некого му бодат очи. „Состојбата е оценета како катастрофална од страна на првиот човек на Ј.П за стопанисување со спортски објекти, Михајло Бајо, а господинот не е дојден ниту еднаш да не посети“, вели Иван Цветкоски, ВД директорот на „Билјанини извори“. Цветкоски додава дека ако се реализираат најавите од страна на владата, спортските објекти повторно да се...

Continue reading

priracnik

Локалните самоуправи не ги користат парите од ИПА фондовите

Post Views: 10 Стручните лица велат дека располагаат со мал потенцијал  за користење на овие средтсва. Додаваат дека вината е во централната власт, но дел и во европскаат комисија. Преставници од локалната самоуправа и невладините организации ќе се обучуваат како да стигнат до парите од фондовите на Европската Унија. Дел од учесниците веќе имаат некакво искуство, но потенцираат дека ова е нова можност да  научат повеќе. Во текот  на 6 дена консулатанти од Македонскиот центар за европска обука  ќе ги учат учесниците на работилницата како да ги подготвуваат  проектите  за да користат...

Continue reading

samit energetika

Македонија засега не се наоѓа во енергетска криза

Post Views: 2 Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму. „Македонија не се наоѓа во енергетска криза. Но, доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори тоа може да се случи“, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија кои заедно со многу видни гости од Европа и Светот овие денови во Охрид  ќе разговараат на повеќе теми поврзани со енергетиката и новите енергетски извоири....

Continue reading

sportska sala

Училишните спортските сали сеуште не се под капата на Ј.П. „Билјанини извори“

Post Views: 17 Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, „Билјанини извори“, не стопанисува со спортските сали во средните и основните училишта во градов. При неговото формирање се најавуваше дека  овие спортски објекти ќе бидат под  негова ингеренција, но засега сосјбата е ваква, вели Иван Цветкоски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Една од причините што со спортските сали и оваа година ќе  стопанисуваат...

Continue reading

strnishte

Граѓаните реагираат дека одделни делови од градот воопшто не се средуваат

Post Views: 7 Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње. Станарите од зградите кај охридатите, реагираат дека просторот пред нивните станбените објекти во кои живеат воопшто не се средува. Подолг период, овој дел од градот е зараснат со треви и трње. Ваквата гледка не  му доликува на простор покрај кој постојано минуваат гостите кои престојуваат во градов, коментираат граѓаните. Од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ја прифаќаат одговорноста за ваквиот изглед. Објаснуваат- за да се превземат...

Continue reading

Antonio Milisoski

Од лидерската средба во понеделник не треба премногу да се очекува

Post Views: 6 Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски. „Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов  предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top