Ознака: ne

veb strana

Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет

Post Views: 2 Официјалната веб страна на советот на О.Струга речиси и да не се користи.Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет. И по една година од воведувањето на  новиот начин на комуникација,  електронскиот контакт речиси и да не функционира.  На граѓаните подобро им е да шетаат од канцеларија во канцеларија, од колку по електронски пат  да стапат во контакт со советниците. Дека не се применува современиот начин на контактирање на релација советници -граѓани, покажува фактичката ситуација на официјалната веб страна „Одговорност преку транспарентност“. Стружани...

Continue reading

IVo Ivanoski

Ваучери ќе има, но не оваа година

Post Views: 12 Министерството за информатичко општество и Владата на Република Македонија во текот на 2010 ќе направат напори да изнајдат средства за доделување на ваучери Министерот за информатичко општество Иво Ивановски вчера се сретна со претставниците на координативното тело „Ти си Апсолвент – Ваучери“. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирано дека е настанато недоразбирање во однос на изјавата на министерот Ивановски, во која тој нагласи „дека во 2009 година нема да се доделуваат ваучери на апсолвентите поради светската економска криза и дека ќе се...

Continue reading

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

Post Views: 2 На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...

Continue reading

predavatel VIP

Предавателите не се штетни по здравјето на граѓаните

Post Views: 20 Предавателите не се извор на јонизирачко зрачење. Со ови зборови од агенцијата за радиоактивна сигурност ги одбиваат тврдењата на граѓаните,  дека предавателите се штетни по нивното здравје. Директорот на агенцијата потенцира дека ваквите антени кои се поставени во близина на населено место, не се радиоактивни. „Да ги информираме граѓаните дека нема место за паника, предавателите не се штетни по здравјето на граѓаните“–вели  Румен Стаменов-директор на Агенцијата за радиоактивна сигурност. Директорот на агенцијата на радиоактивна сигурност вели дека во Република...

Continue reading

Next Time

„Некст Тајм“ не успеаja да се пласираaт во финалето

Post Views: 1 Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота. Ова е втора година по ред како Македонија отпаѓа уште на стартот. Некс тајм со песната „Нешто што ќе остане“, ја поделија минатогодишната судбина на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа. Во финалето за избор на песната за Евровизија, од првата вечер се пласираа Израел, БиХ, Португалија, Шведска, Исланд, Малта, Азербејџан, Ерменија, Турција, Романија. Другите десет финалисти ќе бидат избрани утре на втората полуфинална вечер и ќе...

Continue reading

Сакаме во НАТО, ама не по цена на името

Post Views: 7 Влезот на Македонија во НАТО го поддржуваат 85,2  отсто од македонските граѓани, покажува телефонската анкета што ја спровел Институтот за демократија во соработка со Министерството за надворешни работи во периодот од 7 до 10-ти септември годинава. На евентуален референдум, против членството на Македонија во НАТО би се изјасниле 6,1 отсто од граѓаните. Сепак, и покрај големата поддршка за влезот на Македонија во НАТО најголем дел од испитаниците, дури 69,9 проценти, се изјасниле дека не се за промена на името за сметка на македонското членство во Алијансата. Околу 23...

Continue reading

Silvio Berlusconi

Берлускони останува доследен

Post Views: 1 Шефот на италијанската Влада Силвио Берлускони, со месеци вмешан во скандали со млади девојки, изјави дека никому не му должи извинување, па ниту на членовите на неговото семејство. Во врска со неодамнешното интервју на својата ќерка Барбара(25), Берлускони на вчерашната конференција за новинарите во Рим заклучил дека ќерката многу го сака. „Мојата ќерка многу ме сака. Ми изрази почитување и љубов“, рече Берлускони. „Во секој случај, нејзиниот татко нема за што да си приговара во врска со приватниот живот. Никому за ништо не треба да му се извинува, ниту на членовите...

Continue reading

OPEC

ОПЕК не планира намалување на производството

Post Views: 4 Иранското Министерство за нафта објави денеска дека ОПЕК на средба во март нема да донесе решение за намалување на производството Техеран. Министерот за нафта Голам Хусеин Нозари изјави дека државите-членки на картелот „нема да донесат решение да биде намалено дополнително производството на нафта“. Нозари додаде дека државите ќе разгледаат начини за зголемувањена цените на нафтата. Во декември ОПЕК одлучи да го намали производството како мерка против поевтинување на енергенсот. Цените на нафтата се намалија на околу 40 долари за барел од рекордните речиси 140 долари...

Continue reading

Moskva

Светската криза не ја поштеди ни Русија

Post Views: 2 Половина милион Руси можат наскоро да останат без работа, поради глобалната финансиска економска криза, додека повеќе од 180.000 се отпуштени во последните три месеци, соопшти руското Министерство за здравство и социјален развој. Руската Влада во финансиската санација на банките погодени од глобалната финансиска криза веќе вложи околу 400 милијарди рубљи (11,14 милијарди долари), изјави директорот на секторот на централната банка за финансиско заздравување на кредитните организации Михаил Сухов.Русија во јануари оствари надворешно трговски промет вреден 30,5 милијарди...

Continue reading

logo

ЕЦБ не ги смени каматните стапки

Post Views: 0 Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа клучните каматни стапки на постоечките два отсто, додека британската централна банка Bank of England (БоЕ) ги намали на рекордно ниски еден отсто. ЕЦБ не ги смени каматите и покрај знаците за нагло забавување на активностите во најголемата европска економија и лизгањето на стапката на инфлацијата во еврозоната уште подлабоко во однос на „близу, но под два отсто“, што е целта на Банката. Минатиот месец ЕЦБ ги намали каматите за половина процент. БоЕ од Лондон соопшти дека петти месец по ред ги намалува каматните стапки и тоа...

Continue reading

Iv Loterm

Ив Лотерм не се враќа на функцијата премиер на Белгија

Post Views: 6 Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“. Лотерм поднесе оставка во петокот поради случајот со банката „Фортис. Министерот за правда и институционални реформи Јо Вандаурзен, исто така, поднесе оставка по тврдењата на претседателот на Суд дека има „важни индикации“ за притисок од Владата врз судиите во случајот со национализираната банка „Фортис“. Случајот е поврзан со претходната пресуда на бриселски суд со која...

Continue reading

nemiri

Училиштата во Грција денеска не работат

Post Views: 0 Сите образовни институции во Грција ќе останат затворени денеска, на денот на кој е закажан погребот на тинејџерот, кој беше застрелан од полицијата во Атина. Како што јавија грчките медиуми, средните училиште се затворени по наредба на министерството за образование. Вишите установи и факултети нема да работат заради тридневниот штрајка на вработените, но и заради најава на студентски протести, додека учителите во основните училишта исто така објавија штрајк и најавија поддршка на митингот организиран од Конфедерација на синдикати. Убиството на 15 годишното момче предизвика...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top