Вчерашниот инцидент не беше изолиран настан

Инцидентот што се случи во неделата навечер кога со недолични пораки беа испишани три грчки автобуси не е единствен од овој тип.

 |  Лионела Јаковлева  | 
avtobus
автобус

Инцидентот што се случи во неделата навечер кога со недолични пораки беа испишани три грчки автобуси не е единствен од овој тип.

Андонис Вералис сопственик на Туристичката агенција Охридтравел, кажува дека ваков инцидент се случил и во попладневните часови на 28 февруари на што Андонис бил очевидец. Група од триесетина младинци буквално го нападнала и речиси го каменувала грчкиот автобус паркиран кај националниот ресторан Европа, раскажува Андонис. Кога се обидел да ги спречи добил закани по сопствениот живот. Случајот веднаш го пријавил во полиција по што службени лица дошле на лице место и направиле записник.

Од Свр Охрид ги отфрлаат обвинувањата и велат дека ваков настан воопшто не е пријавен кај нив и не е направен никаков увид. Од таму додаваат дека  во нивни интерес е да ги откријат сторителите што побрзо и соодветно да ги санкционираат.

avtobusИнаку групата на „Соеднинета Македонија“ како што веќе информиравме, за ТВМ вчера обелодени дека три дена порано инцидентот бил планиран од нивна страна.

Овoј инцидент негативно ќе се одрази врз туристичкиот имиџ на Охрид. 80 проценти од аранжманите за наредниве три месеци се откажани Вералис преку чија агенција доаѓаат најголемиот дел грчки туристи во Охрид и Струга револтирано вели дека него не го интересира никаква политика туку само неговиот бизнис.

Вералис тврди дека трудот од година и половина вложен да се вратат грчките туристи во Македонија, паднал во вода.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top