Ознака: godini

pretstavuvanje

Охрид од денеска домаќин на ЕП за кошаркарки до 20 години

Post Views: 4 Од денеска до 15-ти овој месец во Охрид, ќе се одржуваат натпреварите од „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркарки до 20 години. На шампионатот ќе настапат 11 селекции поделени во две групи, а натпреварите ќе се играат во салата „Билјанини извори“. Македонија која ќе настапува во групата „Б“, во првото коло е слободна, во кое денеска играат: Израел – Словачка од 18:45 часот и Холандија – Романија од 21:00 часот. Утре, нашите кошаркарки ќе го одиграат првиот натпревар, кога во рамките на второто коло се среќаваат со селекцијата на Израел со почеток...

Continue reading

Dimitar Ilievski

Дваесет години од македонското освојување на Еверест

Post Views: 5 Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски – Мурато. Централната манифестација ќе се одржи на Пелистер, со планинарски марш и положување цвеќе пред споменикот на Димитар Илиевски – Мурато. Се очекува да земат учество неколку стотици планинари од Македонија и странство. Алпинистичка прослава по повод две децении од македонското освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест денеска ќе се одржи на Матка во кругот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир). Организатор...

Continue reading

logo

„Победа“ нека заборави на фудбалот 8 години

Post Views: 2 Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите. УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак...

Continue reading

braka Miladinovci

200 години од раѓањето на Димитар Миладинов

Post Views: 5 Во Струга одбележана 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов. Пред спомен одбележјето се поклонаа преставници од локлната самоуправа, невледини организации, но и членови на поколенијата на двајцата браќа. Двајцата браќа не само што го прославија  својот трудот туку го возвишија и нашиот град кој со право го носи епитетот град на браќата Миладиновци, вели историчарот Петар Аврамоски. Со рецитирање на песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов денеска во Струга започна чествувањето на 200 годишнината од раѓањето на Димитар Миладинов. „Овој јубилеј е за почит...

Continue reading

Frenk Riberi

Рибери ќе и биде верен на Барса 4 години

Post Views: 6 Фрaнк Рибери, преку својот менаџер постигнал преддоговор со Барселона за трансфер во Шпанија, соопштува шпанскиот весник „Ел Мундо Депортиво”.Фудбалерот на Баерн Минхен е на врвот на листата на желби на тренерот на Барса, Хосеп Гвардиола. Во пресрет на новата сезона Гвардиола сака да ги засили своите редови и со Бензема, Виља или Ван Перси. Според договорот меѓу Барселона и Рибери, Французинот се обврзал на верност кон Каталонците во период од 4 години и ќе биде еден од најплатените играчи на „Камп Ноу“.Сепак, управата на Барса не стапила во контакт со Баерн Минхен,...

Continue reading

Dragica Poposka

Прозбори жртва на семејно насилство и од Струга

Post Views: 5 Нејзиниот сопруг ја малтретирал физички, но и психички. Институциите и после многу обиди од нејзина страна не и излегле во пресрет. Стрес и страв предизвикан од физичко и психичко малтретирање е дел од суровото секојдневие на жртва на семејно насилство од струшко. „Веќе 40 години, откако сум во брак, бел ден немам видено“, раскажува соговорничката. Нејзиниот сопруг, постојано ја тепал, а за да остане во домот, требало да му дава пари, во спротивно ќе ја избркал на улица. „За моите маки, знаат само соседите“, раскажува соговрничката. Моите деца со години гледаа како...

Continue reading

plocki

Три и пол години раскопани тротоари

Post Views: 5 И туристите и стружани се сопкаат на откорнатите бекатон плочки. Граѓаните се застрамени од неажурноста на Локалната самоуправа. Стружани кренаа раце дека некогаш  ќе се санира тротоарот во центарот на градот. Откорнати бекатон плочки веќе 3 ипол година,  растурени стојат на тротоарот  на  улицата „15 Корпус“ на спојот со улицата „Партизанска“. Тие во повеќе наврати се причина поради која граѓаните се соочуваат со несакани појави. Речиси и да нема минувач што на тоа место не се сопнал или паднал. За жал со вакво искуство и ова  лето се соочиа и бројните  туристите....

Continue reading

Aco Spasenoski

Нема лов на риба во следните 5 години

Post Views: 5 Охридското езеро нема да се издава под концесија до 2014 година. Одлуката на Владата ја поздравија еколошките друштва. Охридското Езеро нема да се издава под концесија. Рибниот фонд ќе биде заштитен и во наредните 5 години. Оваа е одлуката на Владата, која вчера ја соопшти министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Ацо Спасеноски. Стручните лица задоволни од оваа одлука. Велат конечно нивните барање се остварени.  Ваква одлука требаше да биде донесена уште порано, велат од еколошките друштав од Струга. Очекувавме дека рибниот фонд ќе биде заштитен за...

Continue reading

sank

Струшките плажи под закуп на 5 години

Post Views: 4 Се дефинираат последните подготовки до официјалното објавување на тендерот за издавање под концесија на истите. Привршуваат преговорите за издавање на струшките плажите под концесија. Градоначалникот Рамиз Мерко, со утрешната средба со министерот за екологија, ќе ги дефинира последните подготовки за објавување на долго очекуваниот тендер за издавање под закуп на струшкото крајбрежје. И по многуте препукувања годиниве  наназад, ресорните министерства и Локалната самоуправа најдоа приближни ставови околу критериумите кои треба да ги содржи тендерот. Градоначалникот информира...

Continue reading

Ramiz Merko

8 години во потрага по „киднапираниот“ Мемети

Post Views: 21 Надежта на роднините последна умира, велат ќе бидат упорни до крај додека не се расветли случајот. 8 години, ни трага ни глас од исчезнатиот албанец, Султан Мемети, од село Радолишта-струшко.Неговито семејство, роднините  и сограѓанитеупорно години наназад се борат за правда.Мемети, исчезна  на 6 мај 2001 година за врема на конфликтите во Македонија. Сограѓаните тврдат дека бил приведен, односно киднапиран од страна на струшката полиција, иако како што велат  не постоела причина за тоа. Од тогаш до денес нема информации  каде е исчезнатиот Мемети. „Секое дете иам право...

Continue reading

Македонија во спомен на Гоце Делчев

Post Views: 2 Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903...

Continue reading

koncert

65 години Макеоднска филхармонија

Post Views: 7 Македонската филхармонија ќе ја одбележи 65-годишнината со свечен концерт вечер, кога ќе бидат презентирани и фотографии на оркестарот од неговото формирање до денес. Концертот ќе го води полскиот диригент Јануш Пшибилски, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која е амбасадор на културата на Македонија во Австрија. На програмата ќе бидат Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и популарната Симфонија бр. 5 од Чајковски. Македонската филхармонија е единствениот симфониски оркестар во Македонија кој непрекинато работи повеќе од шест...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top