Ознака: godini

logo

17 години Царинската управа на Република Македонија

Post Views: 4 Царинската управа на Република Македонија денеска во Скопје, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија, ќе организира отворен ден. Покрај тоа, ќе биде презентира опремата што ја користат мобилните царински тимови за откривање нелегална трговија, а новите царински службеници ќе положат свечена заклетва. Одбележувањето на 17-годишнината од стекнатиот суверенитет и контрола врз царинското подрачје на Република Македонија кое започна вчера во Охрид со промоцијата на новите царински...

Continue reading

logo

64 години Црвен крст на Република Македонија

Post Views: 7 По повод Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителите денеска во Скопје ќе се одржи свечена седница на Собранието на Црвениот крст. Според најавите, на седницата ќе бидат доделени признанија за 14-те општински организации на Црвениот крст – Крушево, Виница, Штип, Велес, Охрид, Центар, Делчево, Крива Паланка, Свети Николе, Дебар, Кавадарци, Пробиштип, Валандово и Битола, кои го исполниле планот за крводарителство во 2008 година и награда за најуспешната општинска организација на Црвен крст која што има најголем напредок во 2008 година. Црвениот крст...

Continue reading

logo

17 години МИА

Post Views: 8 Македонската информативна агенција – МИА денеска одбележува 17 години од основањето односно од одлуката на Собранието со која беше формирана како национална новинска агенција на самостојна Република Македонија.„Заради целосно, навремено и објективно информирање на граѓаните, како и за информирање на меѓународната јавност за активостите на републичките органи и другите субјекти во Републиката се основа јавно претпријатие под името Македонска информативна агенција“, стои во основачкиот документ на Законодавниот дом од 18 февруари 1992 година со кој се положи темелот...

Continue reading

vojnik

15 години специјална единица на АРМ

Post Views: 5 По повод одбележувањето на Јубилејот „15 години специјална единица на АРМ“, припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денеска ќе изведат марш во околината на Скопје. Припадниците на оваа елитна единица за време на маршот ќе прикажат основни оперативни процедури кои ги применуваат за успешно извршување на таква задача, како и дел од тактиките, техниките и процедурите и вештините, со кои создадоа по кој се препознатливи.     {loadposition content9}

Continue reading

Vladimir Solocinski

Петнаесет години дипломатски односи Македонија – Русија

Post Views: 1 Со свечен прием, доделување државни одликувања, историско-документарна изложба и богата културно-уметничка програма, денеска ќе биде одбележана 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација.На приемот во Домот на АРМ поздравни обраќања ќе имаат шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и рускиот амбасадор во Македонија Владимир Солоцински. За личен придонес во унапредувањето на руско-македонските односи и за промовирање на руската култура во светот, на академиците Гане Тодоровски и Милан Ѓурчинов, на професорот...

Continue reading

Evropa

15 години дипломатски односи со 13 европски држави

Post Views: 4 Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерството за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денес се одбележуваат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави. Како што истакна на денешната прес конференција заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров предвидено е на свеченоста да се обрати македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, а во име на странските дипломати ќе...

Continue reading

oslobodeno Skopje

Шеесет и четири години слободно Скопје

Post Views: 9 На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада по неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк, и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, со победоносен марш влегоа во градот. По повод ослободувањето на градот денеска на партизанските гробишта во Бутел ќе биде положено цвеќе пред спoменикот на ослободителите...

Continue reading

sud Tirana

За киднаперите на гостиварскиот имам Идризи 54 години затвор

Post Views: 1 Апелацискиот суд во Тирана изрече вкупна затворска казна од 54 години на петмина албански државјани обвинети за киднапирање на  гостиварскиот оџа Ирфан Идризи. Казна затвор во траење од 12 години осуден е Масар Мели, една година помалку добиле Кораб Мели и Шкелќим Пелуши, додека на по 10 годишна казна се осудени Беќир и Бастри Шаху. Идризи, кој тогаш имал 45 години, бил кинднапиран на 2 декември 2002 година во гостиварското село Форино, по што бил пренесен во северниот албански град Кукс. Од неговите најбилски барале откуп од еден милион евра. Парите семејството ги...

Continue reading

obzaluvanje na Isus

Осум македонски икони на големата изложба во Лондон „1100 години Византија“

Post Views: 42 Осум македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Лондон. Изложабата опфаќа околу 350 најразлични експонати, како икони, детали од ѕидно сликарство, мали мозаици, предмети од емајл, злато и сребро, уметнички предмети изработени од слонова коска, како и најразличен накит. Организаторите објаснуваат дека изложбата е своевидна сторија за една империја која се простирала од Константинопол (денешен Истанбул), преку Мала Азија, Светата земја и Блискиот Исток, Северна Африка и Египет,...

Continue reading

makedonsko zname

Шеесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ

Post Views: 2 Република Македонија денеска одбележува 67 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските...

Continue reading

Седумнаесет години самостојна Македонија

Post Views: 8 Република Македонија одбележува 17 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање – „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“ На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за...

Continue reading

tenk

За четири години во Ирак загинале најмалку 85.000 луѓе

Post Views: 0 Во Ирак во периодот од 2004 до 2008 година во бомбашки напади, убиства и судири загинаа најмалку 85.000 луѓе, соопшти ирачкото Министерство за човекови права. Во извештајот се наведуваат само смртните случаи регистрирани од Министерството за здравство. Во документот се посочува дека во тој период во Ирак повредени се 147.195 лица, но нема податоци колку од нив се цивили.Организацијата на академиците и активистите за мир „Ирак боди каунт“ тврди дека од 2003 година, од падот на режимот на Садам Хусеин до ноември 2008 година убиени се од 88.000 до 97.000 цивили {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top