Ознака: џамтоски

stubcinja

Уништени столбчиња на Туристичка и Железничка

Post Views: 1   Дел од столбчињата на бул. Туристичка и бул. Железничка се уништени. Тоа го злоупотребуваат дел од охридските таксисти. Речиси секое утро или во вечерните часови охридските таксисти преминуваат преку пешачките острови од една на друга страна на бул Туристичка.Ваквата појава ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Од Локалната самоуправа веќе се запознати со проблемот. Портпаролот Томе Џамтоски вели дека сообраќајната полиција треба да преземе мерки за прекршителите на сообраќаните правила во тој дел. Додека пак она што е во надлежност на Секторот за...

Continue reading

kanalizacija

Лесковчани до крајот на 2014та ќе добијат фекална канализација-уверуваат од локалната

Post Views: 2 Лесковчани добиваат фекална канализација до крајот на годинава. Локалната самоуправа најави конечно решавање на овој горлив проблем со кој лесковчани се соочуваат долги години наназад. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека веќе е завршена првата фаза од проектот за изградба на канализацијата која се однесувала на трасирање на канализационата мрежа и решавање на имотно-правните односи, а Министерството за транспорт и врски веќе го објавило тендерот за спроведување на клучните втора и трета фаза, односно самата изградба на мрежата. „Се надеваме дека по...

Continue reading

gubre

Охриѓани бараат да им се вратат контејнерите на старите локации

Post Views: 2 Незадоволството на граѓаните поради неодамнешната дислокација на контејнерите, не стивнува. Од  акцијата на ЈП „Комуналец“ за отстранување на контејнерите по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште поминаа два месеци, но охриѓани никако да се навикнат на новините. Тие бараат да се вратат овие садови за отпад на старите локации со објаснување дека повеќето од нив сега се поставени на места кои не им се така блиску, па мораат десетина и повеќе минути да шетаат наоколу со ѓубрето в раце. Од Комуналец свесни се за револтот на граѓаните, но велат...

Continue reading

ukraseno

Започна трката за најубаво украсен двор

Post Views: 1 Почнува трката за најубаво украсен двор, балкон, куќа за новогодишните и божиќните празници. После една година пауза општина Охрид ја продолжува оваа традицијата. Според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, годинава направена била мала измена, со тоа што право на учество на повикот за избор на најубаво украсен новогодишен имот ќе имаат исклучиво само граѓаните. „ За оваа година конкурсот ќе гласи „Најдобро украсен двор или балкон, значи објектот во кој живеат оној што ќе аплицира за оваа награда. Апликациите можат да се достават во архивата на општина Охрид со...

Continue reading

gimnazija

Градоначалникот назначи нов в.д директор на охридската гимназија

Post Views: 19 Градоначалникот Бакрачески стави крај на шпекулациите околу директорската функција во гимназијата „Свети Климент Охридски“. На местото од досегашниот вршител на должноста, Никола Тренески, од денес назначен нов в.д директор. Секретарот на општината, Димитар Спасески рече дека во иднина ќе следи донесување на решение за објавување на нов оглас за директор кога ќе се смират страстите во охридската гимназија. „Денес е именуван нов в.д директор, тоа е професорката Вера Јовческа, професор по математика. Со тоа практично завршуваат сите комбинаторики кои во јавноста излегоа...

Continue reading

стипендии

Стипендии за талентирани ученици и студенти според Правилник

Post Views: 6 Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка  од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60  талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите  ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.„Прво да се потикнат оние ученици...

Continue reading

urbani sredbi

Проблемите од урбанизмот на видело

Post Views: 0 Шеесетина граѓани на Охрид беа денес во малата општинска сала на средба со стручните екипи од Секторот за урбанизмот. Натрупаните и со години нерешени проблеми од урбаната сфера сеуште ги тиштат охриѓани, но најакутен проблем според она што повеќето од нив го кажаа е легализацијата на бесправно изградените објекти. Некои од граѓаните излегуваа задоволни а некои не. Дел од нив со коментар како гледаат на ваквите средби. „Многу сум задоволен посебно што ни рекоа дека во петок ќе ги имаме документите в раце. Однапред се заблагодарувам на екипата што беше тука. Одобрението...

Continue reading

plaza

Четири охридски плажи издадени под концесија

Post Views: 9 Четири атрактивни плажи на источното крајбрежје од Охридското Езеро, се доделија под концесија. Постапката за јавно наддавање на 5 плажи заврши на 7 октомври оваа година информира општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Една плажа не е издадена поради некомплетна документација, додава тој. Џамтоски обелоденува дека на јавното наддавање кое се однесува за сите понудени плажи, почетната цена од 80 денари за метар се зголемила на 90 денари, а што се однесува на заинтересираните лица, имало толку понудувачи колку што е и бројот на плажите кои се издаваа под концесија. „Издаени...

Continue reading

opstina Ohrid

Се комплетираат советите на Урбаните Заедници

Post Views: 9 Општина Охрид, согласно законот за локална самоуправа и статутот на општина Oхрид, до 26 ти ноември треба да ги комплетира советите на Урбаните заедници. Собирите на граѓани ги свикува градоначалникот, а истите првично започнаа да се комплтираат во 2010 год. Но по мали недоразбирања поинтензивно со изборите за работните тела на Урбаните заедници се продолжи на 14 октомври. Советите имаат од 3 до 8 членови.   „Она што е најинтересно за јавноста е зошто застана целата оваа псотапка? Само да потсетам, минатата локална самоуправа започна според законските обврски за избор...

Continue reading

avtobusi

Се обновуваат две релации на градскиот линиски превоз

Post Views: 0 Повторно ќе се воведе градски линиски превоз на двете релации на кои се возеше пролетта, а кој згасна набрзо после неговото воспоставување.  Граѓаните, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје реагира дека овој позитивен гест на тогашната локална  треба да се продолжи. Едната линија од градскиот превоз беше на релација Гоце Делчев-Јане Сандански-Булевар Туристичка- Железнилка па до автобуската. А другата линија се одвиваше вдолж улицата 7ми ноември-Булевар Туристичка- Асном- населбата Гоце Делчев до автобуска. Превозот го вршеа...

Continue reading

plan

Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Post Views: 2 Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа. „Во најголем број случаи овие...

Continue reading

asnom

Конечно градската сообраќајница „АСНОМ“ ќе добие тротоари

Post Views: 5 Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top