Ознака: јазик

ucenici

Матурскиот успех задоволителен по Македонски јазик и литература, се сопнаа на математика

Post Views: 9 Во Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“ 50-те кандидати кои полагале  државна  матура го положиле задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. 27 ученици положиле Англиски јазик од 40 пријавени, а 13 ученици паднале.  Еден ученик бил пријавен и го полжил  испитот по Германски јазик, а двајца пријавени по Француски јазик не успеале да положат. По предметот математика биле пријавени седум ученици и сите не успеале да добијат преодна оценка, информира Секула Баткоски дирктор на ОСУ „Ванчо Питошески“. За завршниот испит за 4 степен образование, пак биле...

Continue reading

Zubush Shemo

Охриѓанка среде Турција освои трето место на натпревар во турски јазик

Post Views: 10 Основното училиште Братство Единство се закити со ново признание. благодарејќи на младата ученичка Зубуш Шемо. Меѓународниот натпревар во турски јазик кој се одржа во главниот град на Турција, Анкара беше местото на овој поход од кој Зубуш се врати со освоено трето место. Ова е уште еден доказ дека со доволно работа и труд, можат да се постигнат одлични резултати. Младата ученичка беше очигледно возбудена и под импресии на оствареното. Малата Зубуш за да го постигне овој успех напорно работела во текот на целата година и заедно со својот ментор, професорот Рамиз Зекирија,...

Continue reading

seminar

Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право

Post Views: 0 Некои сметаат дека нашата реалност  е создадена така како што е опишана од нашиот јазик. Нашиот јазик и лингвистика можат да го сменат видувањето за нашата реалност. Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, која го отвори 44-то издание на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура истакна дека „Можеби еден од најзначајните делови на целокупното културно наследство на еден народ, претставува неговиот јазик. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и неговиот идентитет, без него, идентификацијата во светски...

Continue reading

nagradi

Избрани најдобрите Топ 10 ученици од Охрид

Post Views: 50 Емилија Ракичевиќ, ученичка во 6 одделение од основното училиште „Григор Прличев“ е добитничка на прва награда Топ 10 ученици од Охрид. Единаесет годишната Емилија  во конкуренција на 20 нејзини  врсници покажала одлични резултати, а се подготвувала темелно. Кон  Емилија која покажа одлични резултати во изборот Топ 10 ученици од Охрид, се приклучија и останатите девет ученици. Од  5 –то деветолетка, Јована Ѓорѓиеска и Марија Турмакоска, од 5 –то осмолетка Владо Војданоски и Лео Спасески, шесто одделение Јана Василеска, седмо одделенците Марија Таштаноска и Марина Ѓорѓиеска ...

Continue reading

Vlasi

Власите денес слават

Post Views: 55 Денес се одбележува 23 мај националниот ден на власите, кој е прогласен за неработен. На 22 мај 1905 год, донесен е империјален акт од страна на Султанот Абдулхабит втори, со кој на власите им се дадени сите права како и на останатите народи, поданици на султанот. Симболика на 23 мај е поврзана со објавата во цариградските весници на ирадето или актот на добра воља на султанот, која се случила тој ден. Јордан Трца, припадник на влашката заедница во Охрид, зборува оти власите отсекогаш тешко доаѓале до своите права и минувале низ повеќе препреки за да ги остварат. Грчката...

Continue reading

Irina Petrovska

Фулбрајтов грант во Охрид

Post Views: 3 Зимски семестар во САД. Проф.Д-р.Ирина Петровска од ФТУ Охрид, престојуваше во Северна Каролина. Тоа се должи на довербата која и ја даде Стејт Департментот во Вашингтон, со доделување на Фулбрјтовата стипендија. Голема одговорност и гордост е Фулбрајтовиот гранд, вели Петровска. Таа додава дека запознавањето на американските студенти со македонската култура, јазик и традиција е голем напредок за земјава, посебно за Охрид. „Не е лесен патот кој треба да се изоди, за да се стигне до оваа стипендија“, вели Петровска. Многуте откажувања од секојдневните задоволства во...

Continue reading

prikazni na angliski jaz

Во Црвениот крст „Детски час за приказни“ на англиски јазик

Post Views: 2 Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик. „ Детскиот час е замислен како креативно катче каде децата не учат како на редовнот воспитен процес во ибразованието, туку преку читање, пеење песни, изработка на креативни вежби. Децата е поделени во две групи од 4 – 5 год. и деца од 6 до 10 години“, вели Мимоза Ставрева – проект координатор – Охрид. Децата се мотивирани...

Continue reading

OU Bratstvo Edinstvo

Нема учебници за турските паралелки

Post Views: 6 Отворен проблем во образовниот процес на ОУ „Братство Единство“. Децата кои изведуваат настава на турски јазик сеуште се без соодветни учебници по редовните наставни предмети. Родителите со право реагираат, но се обраќаат на погрешна адреса, вели директорот на ова училиште Осман Османи. Тој вели дека од негова страна прави големи напори децата што помалку да трпат поради овој проблем. Османи вели дека неговиот апел до ресорното министерство досега не вродил со ефект.Проблемот со превод на учебниците на турски јазик најверојатно лежи во немање доволно кадар на преведувачи...

Continue reading

OU Bratstvo Edinstvo

Секој си има свое право

Post Views: 1 Револтирани родители на ученици реагираат. Тие се пожалаа до нашиот медиум дека во турската паралелка при ОУ „Братство Единство“, часови по предметот ОТП, држи наставник кој нема познавање на турскиот јазик, а слабо го владее и македонскиот. Во дописот кој до нас го достави група од 22 родители стои дека ова се повторува години наназад и досега директорот на ова училиште според нив немал слух да го реши нивниот проблем. Поради ваквиот однос на директорот тие сметаат дека им е нарушено правото на образование на мајчин јазик кое е уставно.Првиот човек на ОУ Братство Единство,...

Continue reading

tabla

Охридските првачиња од етничките заедници го скокнаа часот по македонски јазик

Post Views: 1 Првачињата  од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„  не одржаа час по македонски јазик. Два дена по решението на Министерството за образование во наставната програма за првачињата од етничките заедници да се воведе и изучува македонскиот јазик, првачињата го скокнаа овој час. Ситуацијата на ниво на  Републиката се рефлектира и во нашето училиште, објаснува Осман Османи, директор на оваа образовна институција. „Родителите не се согласуваат децата да учат на 6 годишна возраст три јазици во прво одделение. Мој впечаток е дека...

Continue reading

Завршува меѓународниот семинар за македонски јазик

Post Views: 0 Се ближи крајот на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Остануваат уште лекторските вежби, кои ќе се одржат утре, вели проф. Емилија Црвенковска. Годинава, на семинарот присуствуваа 85 учесници од 22 земји од светот. Интензивно работевме секојдневно по 7-8 часа, лекторски вежби, изборни курсеви, предавања, вели Црвенковска. Во рамки на семинарот се одржа дводневна научна конференција, во две секции, литературна и лингвистичка, чии трудови ќе бидат објавени во одделен зборник.  Постои голем интерес кај странците за состојбата во современата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top