Ознака: јазик

Спорт Клуб и Арена Спорт ќе емитуваат на македонски и албански јазик

Post Views: 2 Владата ѝ препорача на Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно тело, да формира работна група со релевантни институции и да се најде начин, спортските канали Спорт Клуб и Арена Спорт кои се регистрирани во нашата држава да можат да се емитуваат на македонски/албански јазик. Ова го соопштија од Владата откако била разгледана и усвоена информацијата за регулирање на јазичното покривање со официјален јазик барем на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија преку јавни комуникациски мрежи. Агенцијата треба да ја извести Владата во рок...

Continue reading

Новиот статут на Струга предвидува официјализација на албанскиот јазик

Post Views: 8 Официјализација на албанскиот јазик се предвидува во новата нацрт верзија на статут на општина Струга. На последната седница на струшкиот совет нацрт статутот беше ставен на гласање, што предизвика полемика помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ. Од советничката група на СДСМ не потврдуваат дали ќе ја поддржат новата верзија. „Како советничка група ќе ја почекаме јавната расправа која е предвидена согласно законските прописи. Ќе имаме и свои мислења и предлози, во моментот кога ќе се отвори расправа и на седница на совет при донесување на предлог законот СДСМ ќе ги...

Continue reading

Претставата на знаковен јазик „Три“ четврток во Центарот за култура Охрид

Post Views: 4 НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка со асоцијацијата АТО – Центар за современа уметност и култура – Битола и НУЦК Битола ве покануваат на бесплатна изведба за најмладите на претставата “ТРИ” – прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви деца за прв пат во нашата земја во четврток 02.12.2021 година, во 17.00 часот, влезот е слободен, бројот на места е ограничен согласно протоколи. Претставата е наменета и за широката детска публика, бидејќи актерите на сцена паралелно зборуваат...

Continue reading

logo

Семинар за евроинтеграции и македонски јазик

Post Views: 4 Семинар за влијанието на терминологијата што произлегува од процесот на преведување на правото на Европската Унија врз македонскиот јазик ќе се одржи денеска и утре во Скопје. Семинарот насловен „Евроинтеграциите и македонскиот литературен јазик“ со воведно обраќање ќе го отвори вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски. Целта на семинарот е запознавање и обучување на целните групи со начините и правилата за утврдување на терминологија по стандардите и во духот на македонскиот јазик. Исто така ќе стане збор и за подобрување на нивото на квалитет на...

Continue reading

На 2-ри декември прва професионална претстава на знаковен јазик за деца во Охрид

Post Views: 1 Наскоро во нашиов град ќе гостува театарската детска претстава насловена како „Три“. Станува збор за првата професионална претстава, правена на знаковен јазик. Новитетот на оваа претстава не е тоа што е правена на знаковен јазик, туку дека актерите во претставата во исто време и говорат. Што значи дека не е само за деца со оштетен звук туку за широката публика, вели Јован Ристовски режисер на претставата. Најубавиот, наједукативниот дел во оваа претстава, дидактичкиот дел во оваа претстава за деца е тоа што има една сцена која се вика училница, кадешто всушност на премиерата...

Continue reading

Kongresen centar

42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 0 Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. На семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф...

Continue reading

Супербогат шеик бара 60 млади и згодни девојки за работа

Post Views: 0 Млади, згодни и модно информирани девојки, овие денови  имаат прилика, во Италија, да се пријават, по мислење на многумина , за работа од соништата. 1 април низ Венеција почнала да кружи приказна како некој супербогат шеик вработува 60 млади и атрактивни жени, кои имаат завидни “шопинг” способности. Иако се чинело дека се работи за првоаприлска шега, сепак веста била вистинита. Имено, тој супербогат шеик бил Rashid bin Saeed Al Maktoum, владетелот на Дубаи и барал асистентки за купување за своите бројни сопругии деца. Барал Италијанки поради нивниот смисол за мода, а...

Continue reading

Тригодишно девојче со IQ поголемо од 160

Post Views: 7 Тригодишно девојче е примено во Менса, ексклузивен клуб на генијалци, затоа што нејзиниот IQ изнесува повеќе од 160. Американката Алексис Мартин од Квин Крик е најмладиот член на Менса, а како што известува телевизиската станица во Феникс, со три години чита како учениците од 5-то одделение, сама научила шпански јазик, користејќи го ајпадот од своите родители, а резултатите од стандардниот тест на интелегенција ја сместуваат во горните 2% од општата популација. Нејзиниот татко Јан Мартин за АБЦ15 рекол дека ја приметиле Алексис дека е поинаква кога имала само една година....

Continue reading

logo

Светски ден на мајчиниот јазик

Post Views: 9 Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки. Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици. Според него, поврзаноста на...

Continue reading

tursko zname

Денот на наставата на турски јазик 21 декември

Post Views: 33 По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“. На Симпозиумот воведни говори ќе имат вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот без ресор Хади Незир, а ќе учествуваат и турскиот амбасадор во Македонија Арслан Хакан Окчал, академикот Иван Катарџиев, политикологот од Босфорскиот универзитет Ајди Бабуна, директорот на Османлиската архива во Турција Ондер Бајир, аналитичарот Ѓунер Исмаил и претседателот на турските...

Continue reading

Младите стружанчиња ќе учат влашки јазик

Post Views: 5   Здружението на власите од Струга изработи проект за изучување на влашкиот јазик. Станува збор за факултативен курс кој ќе можат да го следат деца од трето до деветто одделение. Како што велат од Здружението проектот бил прифатен од страна на градоначалникот Зијадин Села, така што општина Струга комплетно финансиски ќе го поддржи. Синоќа градоначалникот Села во хотел Дрим Струга и свечено го отвори факултативниот курс по влашки јазик. Од Здружението на власите велат дека интерес за курсот на почетокот има, така што уште вчера 22 деца пројавиле интерес. Наредниот понеделник...

Continue reading

Меѓународен македонистички собир во Охрид

Post Views: 7 Во рамки на манифестацијата Година на македонскиот јазик 2008, во Охрид денеска ќе биде отворен Меѓународниот македонистики собир кој ќе трае до 1 септември. Со теми од областа на македонскиот јазик и литература пријавени се 59 странски македонисти од 15 земји и 57 професори и научници од универзитетите во Македонија. Излагањата ќе бидат со тематика од развојот и современата состојба на македонскиот јазик и македонската литература во 21 век, достигнувањата на македонистиката и споредбени теми. Воведни излагања ќе имаат докажаните проучувачи на македонскиот јазик –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top