Ознака: јавува

Судир на два теретни брода во Хонг Конг

Post Views: 0 Бродот потонал рано изутрина по судар со друг брод, а спасено е едно лица кое е пренесено во болница. Дванаесет луѓе исчезнале во потонувањето на кинески теретен брод кај Хонг Конг. Бродот потонал по судирот со друг брод кој превезувал контејнери со стока, јавува агенцијата AFP. Во тек е потрагата по исчезнатите лица кои сите биле членови на екипажот на потонатиот брод. {loadposition content9}  

Continue reading

Најопсежна истрага за корупција

Post Views: 5 Откако е започната истрагата, кон крајот на минатата година против 71 годишниот Zhoua Yongkang, тој е во домашен притвор. Кинезите замрзнале 14,5 милијарди долари на фамилијата и соработниците на „царот на осигурувањето“ Zhoua Yongkang, кој моментално се наоѓа во центарот на најголемиот кинески скандал за корупција во последните 60 години, јавува Reuters. Повеќе од 300 членови на фамилијата на Zhoua Yongkang , политички соработници и вработени, се приведени или испрашувани во последните четири месеци. Ова е најопсежна истрага за корупција во модерна Кина и покажува како...

Continue reading

Падна авион кој го бараше исчезнатиот MH370

Post Views: 1 Авионот полетал од воздухопловната база Agra, а се срушил 115 километри западно од базата Gwalior во Индија. Авионот С-130Ј Супер Херкулес на индиските воздухопловни сили, кои неодамна учествуваше во трагањето по исчезнатиот малезиски авион, се срушил денес во централната индиска држава Madhya Pradesh. Во падот загинале петмина членови на екипажот, јавува Indian Express. Станува збор за еден од шест авиони С-130Ј Супер Херкулес кои се набавени пред три години од САД за 1,1 милијарди долари. (Агенција VLM).

Continue reading

Трет ден ни трага од авионот

Post Views: 2 Судбината на патничкиот Боинг777-200ER и понатаму останува мистерија, рекол Азхарудин Абдул Рахман, шефот на малезиското цивилно воздухопловство. Рахман додава дека сите досегашни дојави за видени делови од авионот, остануваат непотврдени. И вчерашното јавување дека е пронајден дел во морето на околу 80 км, исто така е непотврдено. Роднините на патниците и на членовите на екипажот се припремаат на најлошото. Трагањето по авионот интензивно продолжува. „За жал, не пронајдовме ништо што би личело на делови од авионот“, рекол Рахман. Додал дека се вложуваат големи напори...

Continue reading

Голема полициска акција во БиХ

Post Views: 1 Од утринските часови полициските сили на Босна и Херцеговина водат голема акција против организираниот криминал под името „Сигурност“, во која спрема неслужбени информации, се приведени над сто лица. Приведените се под сомнение за организиран криминал за трговија со дрога, уцени, лихварство, и други казниви дела, јавува Дневен Аваз. Полицијата извршила претрес на над 250 локации, а нa терен се повеќе од 2000 полицајци. Оваа акција е резултат на повеќемесечна истрага. Обвинителството на БиХ, кое е исто така вклучено во акцијата, објавило дека очекува по апсењето, полицијата...

Continue reading

Невреме заглави илјадници луѓе

Post Views: 1 Илјадници луѓе се заглавени, бројот на мртви се зголеми на 23 од втората снежна бура која ги погоди некои делови од Јапонија, јавува Ројтерс. Во некои области во прекин е железничкиот сообраќај а во централниот дел на Јапонија снежната бура на денот на заљубените им донесе повеќе од еден метар снег и ја прекри престолнината со рекордна големина на снежната покривка, јавува Ројтерс. Во централниот дел на Јапонија, во префектурата Јаманаши паднало повеќе од 1,1 метар снег, што е рекорд во последните 100 години откако се води статистика. Помалку снег има на истокот од Јапонија,...

Continue reading

Volgograd

Втор терористички напад во Русија за 24 часа

Post Views: 2 Најмалку 14 лица погинале во експлозија која се случила утрово во тролејбус во центарот на Волгоград, во вториот бомбашки напад во овој град во последните два дена, јавува РТ. РИА Новости јавува дека најмалку 25 лица биле повредени, а сообраќајот е во колапс.Меѓу повредените има дете кое е во критична состојба и една трудница. Експлозијата се случила само еден ден откако жената самоубиец активирала експлозив на главната железничка станица во Волгоград, при што погинале најмалку 15 лица, а десетици биле повредени. Очевидците изјавиле дека пред експлозијата се’ било...

Continue reading

Evo Morales

„USAID“, протерана од Боливија

Post Views: 9 Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека ja протерува Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) од неговата земја за наводно мешање и заговор против владата, јавува Си-Ен-Ен. “УСАИД е надвор, јас побарав од министерот за надворешни работи веднаш да комуницира со Амбасадата на САД”, изјави Моралес во својот говор вчера, според државната АБИ новинска агенција. Според боливискиот веб-сајт на УСАИД, агенцијата работела таму од 1964 година и оваа агенција, се грижи за здравјето, одржливиот развој и еколошките програми во земјата. Агенцијата вели...

Continue reading

Башар Ал Асад

Дали е убиен сирискиот претседател Башар Ал Асад?

Post Views: 1 Амбасадата на Русија во Дамаск не располага со информации за тоа дека претседателот на Сирија Башар ал Асад е убиен, јавува агенцијата “Интерфакс“. “Не располагаме со информации за смртта на Асад. Овие тврдења веќе беа одречени од арапските медиуми“, посочуваат од дипломатската мисија. Претходно дописникот на “Ројтерс“ во Кабул, Ејми Ферис – Ротман соопшти дека има податоци за тоа дека претседателот на Сирија е мртов. Според американскиот весник “Њујорк Дејли Њуз“, Асад бил застрелан во саботата од својот ирански телохранител. {loadposition content9}

Continue reading

brasno

Ривалот на Саркози доби брашно во лице

Post Views: 2 Жена фрли брашно врз кандидатот на социјалистите на француските претседателски избори, Франсоа Оланд, за време на говор во Париз.Телохранителите притрчаа да го заштитат кандидатот а напаѓачката беше отстранета, и потоа симната од говорницата, јавува Франс 24.Оланд, целиот покриен со бел прав, остана прилично смирен за време на нападот. Жената се вика Клер Сегвин, има 45 години и живее во Лил. Таа непосредно пред нападот извикувала дека била „малтретирана од страна на социјалистите во родниот град“, јавува весникот Ле Фигаро. Оланд преку твитер порачал дека „ништо не...

Continue reading

zimski corapi

Зимски чорапи од Јужнокорејците за браќата во Северна Кореја

Post Views: 11 Акцијата е иницирана во рамки на кампањата за помош на сиромашните соседи кои ги трпат последиците од силната зима, јавува јужнокорејската агенција Јонхап. Околу 50 активисти од Меѓународната мировна организација „Корејски полуостров“, упатија џиновски балони со 800 чифта зимски чорапи од туристичката тврдина во градот Паџа, во близина на границата со Северна Кореја. „Знаеме за страдањата на нашите браќа во Северна Кореја. Ве молиме да ги сочувате вашите животи до конечното обединување“, рекол еден од организаторите на кампањата. Балоните често се користат за на северниот...

Continue reading

kondom

Србите трошат по еден кондом годишно

Post Views: 0 Во Србија годишно се троши само 1,42 кондоми по глава на жител, покажува најновото истражување на „Дурекс“, јавува Блиц. Иако 64,5 отсто од испитаниците во најновото истражување се загрижени поради евентуалната зараза со ХИВ, Србија на табелата се наоѓа непосредно под Индија и Тајланд, а малку над Турција и Филипини. Грижата за заштита во земјите во регионот е двојно поголема, па така во соседна Бугарија, која има сличен број на жители, се продаваат 3,53 презервативи по глава на жител, во Унгарија 3,07 парчиња, а во Хрватска се трошат 2,61 кондом по глава на жител. Истражувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top