Голема полициска акција во БиХ

Повеќе од сто лица уапсени

 |  инфодеск  | 

Од утринските часови полициските сили на Босна и Херцеговина водат голема акција против организираниот криминал под името „Сигурност“, во која спрема неслужбени информации, се приведени над сто лица.

Приведените се под сомнение за организиран криминал за трговија со дрога, уцени, лихварство, и други казниви дела, јавува Дневен Аваз.

Полицијата извршила претрес на над 250 локации, а нa терен се повеќе од 2000 полицајци.

Оваа акција е резултат на повеќемесечна истрага.

Обвинителството на БиХ, кое е исто така вклучено во акцијата, објавило дека очекува по апсењето, полицијата да им препушти три лица кои веќе се теретат за организиран криминал, јавува Хина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top