Зимски чорапи од Јужнокорејците за браќата во Северна Кореја

Акцијата е иницирана во рамки на кампањата за помош на сиромашните соседи кои ги трпат последиците од силната зима, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

 |   | 
zimski corapi
zimski corapi

Акцијата е иницирана во рамки на кампањата за помош на сиромашните соседи кои ги трпат последиците од силната зима, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

corapi so baloni

Околу 50 активисти од Меѓународната мировна организација „Корејски полуостров“, упатија џиновски балони со 800 чифта зимски чорапи од туристичката тврдина во градот Паџа, во близина на границата со Северна Кореја.

„Знаеме за страдањата на нашите браќа во Северна Кореја. Ве молиме да ги сочувате вашите животи до конечното обединување“, рекол еден од организаторите на кампањата.

Балоните често се користат за на северниот сосед да му се испратат памфлети со пропагандна содржина. Ова е прв пат на ваков начин да се испратат зимски чорапи.

Како што наведува Јонхап, зимската сезона е особено тешка за Севернокорејците кои се многу сиромашни. Народот во оваа земја е во длабока жалост бидејќи ја оплакуваат смртта ана лидерот Ким Џонг Ил.

Двете Кореи водеа војна која е прекината во 1953 година. Тие технички се уште се во војна бидејќи никогаш не е потпишен мировен договор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top