Ознака: ѕид

Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“

Post Views: 1 Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Студот, мразот, големата влага и температурните разлики причина за одронот на дел од ѕидот во стариот дел на Охрид. Мештаните велат дека состојбата е ваква веќе една недела и дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот ѕид секој момент може да се урне. Стручни екипи од Секторот за комунален развој извршија увид на терен и констатираа делумно оштетување на еден од потпорните ѕидови по должината на ул. „Григор Прличев“. По одржаните консултативни состаноци...

Continue reading

logo

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Струга – Дебар

Post Views: 1 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар загина 29-годишниот Агрон К. од Струга. Несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место. Повреден е и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој бил веднаш  пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга. {loadposition content9}

Continue reading

Ќе се реконструира опасниот потпорен ѕид во село Велгошти

Post Views: 3   Ќе се реконструира опасниот потпорен ѕид во село Велгошти. Според најавите на директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, стручни тимови од ЈП „Градски Гробишта“ веќе извршиле увид и се очекувало за една недела да отпочнат градежните активности околу овој зафат. Од таму најавиле дека ќе биде саниран само оштетениот дел. „Гледате дека голем проблем е санацијата на ѕидот. Исто така оваа прилика ја користам да упатам голема благодарност до ЈП Градски Гробишта, но и до Локалната самоуправа. Ние велгоштани знаете сме благородни и благодарни луѓе и го цениме секој убав...

Continue reading

Оштетен бетонски ѕид во Велгошти се заканува целосно да се урне

Post Views: 1 Оштетен потпорен ѕид во билизина на основното училиште во Велгошти се заканува целосно да се урне. Првите посериозни одрони на бетонскиот ѕид се случиле во октомври месец, минатата година, како што убедува Митко Речкоски, кој живее во непосредна близина. За среќа тогаш била предизвикана само материјална штета бидејќи ѕидот паднал во раните утрински часови. Речкоски кажува дека таа вечер силен тресок ги подигнал од кревет, а изутрина имале што да видат, целиот пат затрупан со земја и делови од бетонскиот ѕид. „Падна, ноќе беше некаде околу 3 до 4 часот, среќа и тоа голема...

Continue reading

zid

Се санира потпорниот ѕид над музејот Робевци

Post Views: 0   Започна да се санира срушениот ѕид од северната страна на музејскиот комплекс Робевци. Од охридскиот Завод и музеј изработиле проект и спровеле  геомеханичко истражување на просторот. Тоа овозможува да се изведува новиот потпорен ѕид кој ќе биде заштита на карпата  и објектите изградени на горното плато од музејскиот двор, информира директорот на Завод и Музеј  Тања Паскали Бунташеска. „ Тој ѕид ќе биде целосно реконструиран, обложен со камен и ќе ја заштити карпата од понатамошни  оштетувања и музејскиот двор од комплексот Робевци ќе го добие конечно ликот“, подвлекува...

Continue reading

Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта

Post Views: 0 Ѕидот на конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта е опасен по појавата на напукнатина  по обилните врнежи од дожд овој викенд. Објектот е во фаза на  реконструкција и е во близина на ОУ Св Клиемнт Охридски. Од училиштето стравуваат ѕидот да не се сруши бидејќи во негова близина  секојдневно поминуваат ученици и минувачи, посочува  Јордан Пуроски директор на ОУ „Св. Климент Охридски“. Директорот додава утрово испратиле  допис со реакција  до Завод И Музеј. „ Тоа е реална опасност. Писмено се обративме до Завод и Музеј. Побаравме комисија да излезе на увид и...

Continue reading

dupka

Попуштил поставениот тампон на свлечиштето кај ОУ Св.Климент Охридски

Post Views: 1 Попуштил поставениот тампон на свлечиштето во близина на ОУ Св Климент Охридски. Љупчо Танески, раководител на  одделението за комунален развој, сообраќај и улици, тврди дека екипи на ЈП Нискоградба реагирале по прилогот на ТВМ и УЗ Стар град за појавеното свлечиште во близина на основното училиште. Но, по две недели вградениот тампон повторно почнал да се лизга и се појавил истиот  проблем, вели Танески. Кажува дека минатата недела екипи на ЈП Нискоградба повторно излегле на терен и направиле увид. „ Беше  заклучено дека повторно треба да се тампонира и набие местото...

Continue reading

dolni saraj

Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци

Post Views: 36 Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до  лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска. „Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад...

Continue reading

Берлин повторно поделен

Post Views: 3 Поминаа точно 25 години од рушењето на Берлинскиот ѕид, но на многу жители од тој град сеќавањата на таа бетонска барикада сеуште им е во свежо сеќавање. Денес главниот град на Германија е повторно поделен, но овој пат наместо ладен ѕид поставени се светлечки балони. Оваа интересна инсталација јасно потсетува на еден од најтешките периоди во европската историја, а долга е дури 16 километри. Околу 8,000 балони деноноќно светат и ги потсетуваат граѓаните на бурната историја. Ѕидот е наречен Lichtgrenze или во превод “граница од светло”. Почнува на улицата Bronholmer,...

Continue reading

zid

Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос

Post Views: 0 Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид  долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен.  Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата  Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира  дека утрово веднаш ...

Continue reading

kosista

Гранки, испаднати дрва, камења и земја на потегот од Кошишта до Горна Порта

Post Views: 24 Гранки, испаднати дрва, камења и земја преставуваат голема пречка во одвивањето на сообраќајот на потегот од Кошишта до Горна Порта. Ваква е сликата од предновогодишните празници кога во Охрид заврнаа 30тина сантиметри снег кој беше причина многу стари дрва да се откорнат а и потпорниот ѕид да попушти. Граѓаните кои живеат таму реагираат и бараат од службите да го расчистат коловозот бидејќи на улицата сега не можат да се разминат две возила. Од Локалната објаснуваат дека Градоначалникот во координација со стручните служби и со Јавните претпријатија направиле план како...

Continue reading

crkva

Зафати во Болничките цркви од наесен

Post Views: 6 Како што телевизија ТВМ информираше пред десеттина дена, сепак ќе се уредува дворното место на болничките цркви Св Богордица и Св. Никола. Поттикнати од бројните забелешки на граѓаните кои постојано укажуваа на грдата слика од разурнатиот ѕид, ја продолжуваме сторијата за болничките цркви. Првиот човек на Завод и Музеј Тања  Паскали Бунташеска открива дека есенва ќе се уредува дворнотo место на овие две цркви.  „Ќе се регулира во теков на есенскиот период, моментално изработуваме заштитно конзерваторски основи потребни за урбанизација на тој простор и се надевам дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top