Ознака: член

komisija Cingo

Расказот „Трансакција“ победник на конкурсот за наградата „Живко Чинго“

Post Views: 4 Познат овогодинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Најзабележителен, според жири комисијата предводена од познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, бил расказот „Трансакција“ доставен под шифрата „Нула“. Според Димоски кој е претседател на оваа жири комисија, наградата за краток расказ „Живко Чинго“ го има највисокиот примат за литературен жанр од овој вид. Еве зошто комисијата се одлучила токму за овој расказ. „Расказот „Трансакција“ обработува современа урбана тема во која на некој начин сите ние сме заробени и може да се препознаеме. Двата лика...

Continue reading

pampur

Бели едра го закитија езерото

Post Views: 2   Едриличарските клубови „Стрмец“ и „Бофор“ од Охрид домаќини на регатата организирана од  едриличарскиот клуб ПАМПУР од Скопје. Овој клуб веќе пет години организира регати на Јадранот. Досега се одржани девет, но ова е прва регата на Охридското езеро. Коце Петров, член на ПАМПУР вели дека идејата за регата во Охрид е од поодамна бидејќи тука има повеќе едриличарски клубови и има многу деца кои ги прават првите чекори во едрењето. Петрив објаснува дека езерото нуди добри услови за едрење, има поволен ветар, само недостасува марина и бродови за изнајмување. На денешнава...

Continue reading

festival

Фестивал на француски филм ќе има

Post Views: 5 Фестивалот на француски филм годинава ќе го одбележи својот мал јубилеј. Се е подготвено за петтото издание на овој фестивал наменет за љубителите на седмата уметност. Иако во јавноста се проширија гласини дека оваа година ќе останеме пократки за едно вакво културно доживување поради немањето пари, фестивалот сепак ќе се одржи. Зоран Велјаноски Летра, член на бордот на директори на ФФФ вели дека нема место за вакви гласини бидејќи финансиската конструкција за овој фестивал е направена уште минатата година кога Министерството за култура издвоило пари од буџетот токму...

Continue reading

zanaetciska komora

Занаетчии бараат смена на претседателот на Комората

Post Views: 2 После само четири месеци работење на новиот претседател на регионалната занаетчиска комора, се појавија првите проблеми. Членови на охридската занаетчиска комора, незадоволни од работењето на новиот претседател. Тие поднеле барање за интерпелација на претседателот на комората, Сашо Богоески. Еден од потписниците на барањето за смена на Богоески е Ацо Димитриески, член на занаетчиската комора. Тој ни го пренесе ставот на членовите кои се незадоволни од функционирањето на комората. Димитриески вели: „Поднесени се сите потребни документи и барања за интерпелацијата на Богоески....

Continue reading

kanal

Кој треба да го чисти каналот „Студенчишта“?

Post Views: 13 Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот. Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој  го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности  каде  комуналниот ред...

Continue reading

MCO

Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Post Views: 0 Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница,...

Continue reading

sednica

Нема тајни во одлуките на охридските советници

Post Views: 1 Советот на општина Охрид досега ниту гласал тајно за одредена точка на дневен ред, ниту пак има потреба од тоа, тврди претседателот на Советот Душко Јаковчески. Ова произлегува од Предлог одлука за усвојување на извештајот за толкување на член 33 од Статутот на општина Охрид, предложен од страна на советничката група на НСДП, која точка на дневен ред се најде на денешната седница на советот. Јаковчески вели, јасен е членот 33 од статутот на општина Охрид според кој Советот може да донесе одлука земајќи го во предвид бројот на присутни советници, за одредена точка да...

Continue reading

unesco

Република Македонија стана член на највисокиот – Извршниот одбор на УНЕСКО

Post Views: 2 Република Македонија стана член на Извршниот одбор на УНЕСКО. Кандидатурата на Република Македонија беше позитивно изгласана со 142 гласа (од вкупно 195 држави – членки) на гласањето што се реализира на 2 ноември 2011 година во рамките на 36-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО која се одржува од 25 октомври до 10 ноември во седиштето на организацијата во Париз. Мандатот на нашата земја во ова највисоко тело на УНЕСКО е четири години. Македонија за прв пат добива место во извршниот одбор на УНЕСКО, откако е членка на оваа организација. „ Местото во...

Continue reading

SDSM Ohrid

Општинската СДСМ ја поддржува пратеничката листа

Post Views: 1 Социјалдемократите од Охрид добија само едно кандидатско пратеничко место. Од четирите предлози на кандидати од општинската органзиација на СДСМ меѓу кои се споменуваа имињата на Науме Јованоски, Бранко Трпчески и Тони Чингоски, избран е Митре Вељаноски. Вељаноски е  актуелен раководител на секторот за образование и култура при општина Охрид и член на извршниот одбор на СДСМ, и се најде на 4 –тата позиција на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 5. Претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски за ТВМ даде краток коментар дека ја...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Предвремени локални избори, спас за кризата во Охрид

Post Views: 8 После нецели две години владеење од вториот мандат на актуелниот градоначалник Александар Петрески, време е тој да се преброи и да си замине, вака неодамна му порача претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој додава дека многу факти зборуваат за неговото неодговорно управување со Локалната самоуправа и злоупотреба на граѓаните на општина Охрид, небирајќи начин и средства како да ги спроведе своите лични интереси. Иако во ОК на ВМРО ДПМНЕ со нескриени страсти зборуваат за потреба од предвремени избори, тие сеуште немаат предлог за свој кандидат. Михаилов...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

Atanasko Mihailov i Velice Markoski

Величе Маркоски застана на страна на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 4 Советничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.„Чест ми е што ќе бидам дел од советот на општина Охрид. Мојата основна цел ќе биде да ги застапувам интересите на сите граѓани без разлика на нивната политичка и верска припадност“, истакна советникот Величе Маркоски.Маркоски и покрај тоа што на изборите беше кандидиран како независен кандидат, признава дека е член на ВМРО ДПМНЕ уште...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top