Ознака: фото

(ФОТО) Погледнете ја убавината на Трпејца

Post Views: 21 Освен прекрасната чиста вода и живописната природа, во ова место има многу повеќе. Кети Ангелоска ни испрати слики од ова атрактивно место за рубриката „Ти си твојот град“, а заедно со нив остави и коментар : –На сликите е прикажана и пештерската црква св. Никола, до која се доаѓа само од езерска страна, како и познатиот манастир Св. Богородица Заумска – Заум, до кој исто така се пристигнува само со чамец. Недопрените приватни плажи меѓу Трпејца и Заум, како и смарагдната боја на езерото во овој дел, само го надополнуваат прекрасното доживување и се рај...

Continue reading

(ФОТО) Вака ли ќе развиваме туризам?!

Post Views: 4 На една од самонаречените „елитни плажи“ во Охрид, оставена полна корпа со ѓубре во екот на туристичката сезона. До нашата редакција денес пристигнаа слики од наш сограѓан со коментар: -Направиле плажа, средиле со лежалки и маси, а корпата со ѓубре не можат да ја исчистат. Сликите се од сабајлево, кога уште нема луѓе. Значи ѓубрето стои од вчера или завчера.  

Continue reading

(ФОТО) Прекрасен ден во Охрид

Post Views: 12 Не е случајно тоа што го нарекуваат „Балкански Ерусалим“. Нашиот и Ваш Охрид е убав во секој период од годината. Наша сограѓанка ни испрати прекрасни фотографии од Охрид и Охридското езеро во склоп на проектот „Ти Си Твојот Град“.  

Continue reading

Одлична изложба на Фото клуб Охрид

Post Views: 5 Во чест на празникот Свети Климент Охридски, во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната, 23-та по ред изложба на Фото клуб Охрид. Изложбената поставка содржи 50 фотографии со различни мотиви, дела на 12 автори. Фотографијата ги зачувува од минливост моментите како одредени секвенци од времето. Фотографијата добива повластен статус меѓу уметностите според дефиницијата на уметноста од времето на Платон како копија на реалноста. Безвременоста и непосредноста е суштинска особиност на фотографијата, истакна во своето обраќање...

Continue reading

ФОТО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 7 Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вчеравечер, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата беа презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори. Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Во...

Continue reading

Урбана фото галерија во дворот на Државниот архив во Охрид

Post Views: 0 Урбана фото галерија во дворот на Подрачното одделение на Државен архив Охрид го прикажува периодот непосредно пред Втората светска војна и Народноослободителната војна во охридскиот регион. Реставрираните фотографии од денеска се повторно изложени пред јавноста по 5 децении. Самата изложба е креирана врз она како изгледал Охрид пред Втората светска војна, подигнувањето на свеста, посебно кај младите во тој период, потоа креирање на здружено и организирано движење за народно ослободување, текот на народноосолободителното движење и на крај претставени се дел од народните...

Continue reading

ТРАДИЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА „ФОТО КЛУБ – ОХРИД“ ВО ЧЕСТ НА СВ.КЛИМЕНТ

Post Views: 0 Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид. Веќе неколку години Фото Клубот од охрид е дел и од Фото Сојузот на Македонија, а многу често е организатор на најпрестижни светски изложби, често пати жири во селекција на најдобрите фотографии на цел свет. Клубот постори 21 година. Многу од фотографиите на членови на охридскиот клуб се закитиле со престижни награди на светско ниво. Ја претставиле и че ја претставуваат нашата земјана светски...

Continue reading

ФОТО: „Фордот“ на принцезата Дајана продаден за 61.000 евра

Post Views: 0 „Форд ескортот“ што некогаш ѝ припаѓал на Дијана, принцезата од Велс, беше продаден на аукција во Велика Британија вчера, за нешто повеќе од 61.000 евра. Новиот сопственик е музеј во Јужна Америка. Лејди Ди ја доби оваа светло-сива лимузина како подарок за веридбата, од принцот Чарлс во мај 1981 година, два месеца пред венчавката во јули. Таа престана да го користи автомобилот кусо по раѓањето на нивниот син Вилијам во 1982 година, а возилото тогаш го купи антиквар за околу 7.000 евра. Од првите години по 2000-та, автомобилот му припаѓал на обожавател на кралското семејство,...

Continue reading

Фото клуб Охрид одбележува јубилеј две децении постоење

Post Views: 7 Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски член...

Continue reading

(фото) Пролет во охридските градинки

Post Views: 0 Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ го одбележија првиот пролетен ден. Иако пролетта годинава започна врнежливо и тмурно сепак најмалите охриѓанчиња внесоа топлина со своите костими и игри. Поради временските прилики изостана дефилето на градскиот плоштад но првиот пролеттен ден беше одбележан во сите клонови на градинката. Облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари во програмата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите. Програмата...

Continue reading

„Флора и фауна“ изложба на Фото Клуб Охрид

Post Views: 5 Духовната прашина што Св Климент ја оставил на овие простори, пред повеќе од 10 века, секогаш се материјализира во уметноста. И годинава во рамки на одбележување на патронот на градот Св Климент Охридски, фотографската уметност беше дел чествувањето. Изложбата на Фото клубот од Охрид, со 45 слики од 12 македонски автори на тема „Флора и фауна“ ги воодушеви љубителите на уметноста. „Како и секоја година во чест на Св Климент патронот на градот кој е и наш заштитник. Секоја година сме присутни, догодина одбележуваме јубилеј 20 годишнина. Добро е што годинава сме побогати...

Continue reading

braka Manaki

Фото изложба за творештвото на Браќа Манаки

Post Views: 2 Во пресрет  одбележувањето на педесетгодишнината од смртта на Милтон Манаки,  организаторите сметаат дека  филмските материјали иако се целосно сочувани, дигитализирани и ставени под заштита во депото на Кинотека на Македонија, сепак постои можност   да се пронајдат и други, засега непознати остварувања на првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки и Милтон Манаки. Ова беше речено на денешниот прес, а очекувањата се дека тави откритија можат да бидат понудени на Светскиот конгрес на кинотеките, што ќе се одржи во мај месец во Скопје. „Има работи што се уште не се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top