Ознака: фестивал

drimkol

КУД „Дримкол“- Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција

Post Views: 3 КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот  фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд...

Continue reading

Фестивал на новиот германски филм

Post Views: 7 Сите љуубители на современата филмска уметност ќе имаат можност да уживаат во ревијата современи германски филмови и во Охрид. Во организација на амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура „Григор Прличев”, на 15-ти октомври, во 20 часот во охридскиот Центар за култура ќе биде отворен 12-от Фестивал на новиот германски филм. Фестивалот ќе биде отворен со трагикомедијата „Мед во главата” од Тил Швајгер. Охридската публика ќе има можност да ги проследи и филмовите: „За една девојка“ (комедија драма), „Државата против Фриц...

Continue reading

Venecija

Започнува венецискиот филмски фестивал

Post Views: 9 Престижниот филмски фестивал во Венеција ќе биде отворен денеска, а на годинешното издание ќе доминираат бројни американски филмови. Холивудската продукција на фестивалот во Венеција ќе биде претставена со вкупно 17 филмови, од кои шест ќе се бодат за главната награда. Фестивалот ќе го отвори италијанскиот филм „Baaria“ на оскаровецот Џузепе Торнаторе, посветен на неговото родно место на Сицилија. Филмскиот фестивал во Венеција ќе трае до 12 септември.Со Жирито ќе претседава американско -тајванскиот режисер Анг Ли, двоен добитник на Златниот лав, во 2005 и 2007 година. {loadposition...

Continue reading

drimon

Фотографија, музика, рачни изработки на третиот фестивал за алтернативна култура Дримон

Post Views: 0 Изложби, музички, театарски, поетски перформанси, претстави, интересни работилници, танц. Листата е долга, има за секого по нешто. Третиот по ред фестивал Дримон уште еднаш понуди алтернативно културно уживање за стружани и сите посетители. „На мускули“, е годинешното мотото на фестивалот „Дримон“ но тоа не е само мото, туку и тажната реалност со која организаторите на овој исклучителен фестивал се соочуваат од година во година. Велат дека за нив ова е слатка тешкотија, но помошта би била добредојдена. Даваат пари од својот џеб за на мускули да истуркаат уште едно фестивалско...

Continue reading

Филмот на Манчевски „Врба“ ќе го отвори филмскиот фестивал во Рим

Post Views: 8 Македонскиот режисер Милчо Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. Освен проекцијата на „Врба“, Манчевски ќе има и разговор со публиката на Балканскиот филмски фестивал. Тој во интервју за престижниот италијански весник „Кориере дела сера“ на новинарското прашање дали денеска има потреба од мост, можеби метафоричен, кој го поврзува Балканот изјави дека „Никогаш не е многу од мостови на Балканот“. На сите ни требаат мостови, бидејќи, Бог знае, секаде има многу немирни води. Само глупави или...

Continue reading

Уличниот фестивал „Баскерфест“ по трет пат ќе се одржи во Охрид

Post Views: 2 Почнувајќи од 1ви па се до 3ти јули, Охрид ќе пулсира во духот на уличната уметност. Артистите на „Баскерфест“ на три локации во Охридската чаршија на охриѓани и туристите ќе им ја доловат магијата на уличните танци, пантомима перформанси, уличен театар, ликовни изложби, жонглери, акробати, танчери, музички настапи и друго. Овој фестивал во Македонија се одржува 11 година по ред, а Охрид е трета година дел од овај мултикултурен уличен фестивал.

Continue reading

Се е подготвено за годинешното издание на „Балкански фестивал“

Post Views: 7 Годинешеното издание на балканскиот фестивал на народни песни и игри, ќе се одржи од 7-ми до 10-јули на летната сцена Долни сарај. За деталите и учесниците на фестивалот повеќе информации ќе бидат соопштени денеска на прес конференција на која, исто така, ќе биде презентирана програмата на годинешното издание на манифестацијата.

Continue reading

parlamentarki

Парламентарките гостуваат на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Post Views: 0 Народен театар Охрид, денес гостува на 51-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со почеток во 19 часот ќе ја изведат претставата „Парламентарки“ во режија на Ненад Витанов. Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан. Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.

Continue reading

Утре стартува деветтоо издание на францускиот филмски фестивал

Post Views: 7 Со филмот „Патот за Истанбул“, во режија на Рашид Бушареб, утревечер свечено ќе биде отворено овогодинешното деветто издание на францускиот филмски фестивал што се одржува во Скопје и Охрид. Покрај овој во рамки на фестивалските денови во Скопје ќе се прикажуваат и филмовите „Утре“, „Фатима“, „ Лето“, „Ни на небо, ни на земја“. Фестивалскиот дел во Охрид, ќе се одржи во четврток 16-ти и петок 17-ти јуни. Во четврток, со почеток во 20.30 часот љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат филмот „Каприс“ во режија на Емануел Муре. Во петок, охридската публика...

Continue reading

Три дена на Долни Сарај ќе се одржува Балкнаскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 2 Утревечер, на летната сцена Долни Сарај по 58-ми пат ќе се одржи манифестацијата Балкански фестивал на народни песни и игри. Почнува со традиционалното дефиле на учесниците низ чаршијата кои на трите фестивалски денови ќе прикажат богата музичка програма од земјите од каде што доаѓаат. На најстарата фолклорна манифестација на Балканот се афирмираат музичките, културни вредности и традиции на народите. Годинава, покрај изведбата на народни песни игри од разни делови на земји од Балканот, фестивалот е збогатен со нова содржина кои ќе се презентираат во Центарот за култура,...

Continue reading

cannes

Отворен Канскиот филмски фестивал

Post Views: 8 „Да живее филмот, да живее Кан, да живеат жените“, извикнаа францускиот актер Винсен Линдон и неговата американска колешка Џесика Частејн отворајќи го во средата вечерта 69-то издание на филмскиот фестивал во Кан, кој според програмата и учесниците е најголемиот собир во филмскиот свет, а годинава се одржува под силно полициско обезбедување. Пред отворањето на фестивалот бројни ѕвезди продефилираа на црвениот тепих, меѓу кои Сузан Сарандон, Џулијан Мур, Ева Лонгорија и Викторија Бекам, а на славното шеталиште Кроазет се очекуваат и други ѕвезди како Адам Драјвер, Кристен...

Continue reading

Охридските гимназијалци повторно настапуваат на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани

Post Views: 2 Што би се случило доколку се откријат сите тајни од т.н. „црни кутии“, нашите мобилни телефони? Сите смс пораки, сите телефонски, повици, сите фотографии и разговори од социјалните мрежи? Едно од можните сценарија ќе може да го проследите во претставата „Перфектни странци“ работена по сценариото на Филипо Болоња за истоимениот филм. Младите актери од ОСУ „Св. Климент Охридски“ речиси два месеци неуморно работеле на оваа претстава под менторство на професорката Ирена Бачиќ, а веќе наредната недела истата ќе ја постават пред охридската публика и ќе ни ја приближат приказната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top