Филмот на Манчевски „Врба“ ќе го отвори филмскиот фестивал во Рим

Македонскиот режисер Милчо Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“. Освен проекцијата на „Врба“, Манчевски ќе има и разговор со публиката на Балканскиот филмски фестивал. Тој во интервју за престижниот италијански весник „Кориере дела сера“ на новинарското прашање дали денеска има потреба од мост, можеби метафоричен, кој го поврзува Балканот изјави дека „Никогаш не е многу од мостови на Балканот“.

 |   | 

На сите ни требаат мостови, бидејќи, Бог знае, секаде има многу немирни води. Само глупави или лоши луѓе можат да палат мостови, но како што гледаме има многу глупави и лоши луѓе. Уметноста по нејзината природа обично презема да биде мост помеѓу луѓето и народите. Не сум утопист, но убаво е да се знае дека постојат луѓе што создаваат работи што можат да ви го стоплат срцето – изјави Манчевски.

Во октомври 2019 „Врба“ имаше светска премиера на големиот Римски филмски фестивал, а во изминативе две години освои вкупно 5 трофеи, постигна рекорди во кино и тв прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, се прикажа на над 20 фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со дистрибуција во САД.

Манчевски е во тек на монтажата на неговиот седми филм „Кајмак“, што тој го нарекува „Безобразна комедија“. Продукцијата „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот, безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината.

„Кајмак“ е европска копродукција во која 52 проценти од средствата доаѓаат од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, а 48 проценти од Македонија, од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Македонската радио телевизија (МРТВ) е копродуцент. „Кајмак“ доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top