Ознака: фестивал

logo

Фестивал на новиот германски филм

Post Views: 8 НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на Германија организира Фестивал на новиот германски филм. Фестивалот свечено ќе биде отворен на 10-ти октомври (сабота), со криминалистичкиот филм „Роден во болка“, со почеток во 20:00 часот. Во рамките на фестивалот ќе може да се проследат и филмовите: – Феникс – драма / 11.10.2015 / 20.00 часот– Хакери – трилер / 12.10.2015 / 20.00 часот– Лола на грашокот – детски филм 13.10.2015 / 11.00 часот– Спасете го Рафи – детски филм 13.10.2015 / 13.00 часот– 300 Збора Германски...

Continue reading

НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание

Post Views: 1 Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои ставки...

Continue reading

Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“ во Охрид

Post Views: 2 На 25ти и 26ти март во Охрид ќе се одржи 12тиот Фестивал на фризура, мода и убавина „Hair fair 2018“. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аквалина“, а учество ќе земат познати фризерски имиња од Балканот и Европа. – Потврдено е учеството на познатиот Џанкарло Миланезе од Италија, но и на Гоце Ралевски, најдобриот и најтрофејниот македонски фризер и стилист, кој живее и работи во Малме, Шведска, информираат организаторите од Македонската фризерска асоцијација. На нивниот профил на Facebook информираат дека првиот ден, на 25-ти март ќе се одржи натпреварувачкиот дел во рамките...

Continue reading

Курајчкиот фестивал годинава одбележува јубилеј

Post Views: 0 Курајчани одбележуваат значаен јубилеј, 20 години од постоењето на Василичарскиот карневал. Традиционалните маски, зетот, невестата, валегачот, бајачот и годинава ќе бидат дел од поворката која започнува на 13 јануари во 17 часот, вели кметот на селото Горан Ангелоски. Тој најавува многу изненадувања, а за ТВМ открива кој ќе ги забавува бројните посетители. „Збогативме подобро во музичкиот дел, тука е Екстра бенд од Скопје, водител ќе биде Игор Трпчевски или таканаречениот Итар Пејо од Прилеп и Маја Бимбилоска, така да ќе имаме една успешна приказна надополнета со многу...

Continue reading

svp

СВП со многу новитети

Post Views: 3   Новиот директор на СВП, Мите Стевоски, во битка со проблемите на фестивалот. Тој денеска заедно со претседателот на У.О Славе Ѓорго Димоски, одржа прес конференција, на која во текот на разговорот кажа дека максимално се ангажирал пред престојното 51 издание на СВП. Визиите за развој и унапредување на фестивалот станаа моја секојдневна преокупација  не само за време на моите работни саати, туку  не ретко се случува светлото во мојата канцелерија секој ден да е запалено  после полноќ, вели Стевоски. Додава дека треба да се направи многу за да се врати некогашниот сјај...

Continue reading

svp

Се враќа сјајот на СВП

Post Views: 1 Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година. „ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој...

Continue reading

Фолклористите од „Ансамблот Отекс“ од Охрид заминаа на меѓународен фолклорен фестивал во Италија

Post Views: 4 „Ансамблот Отекс“ од Охрид, фолклорното друштво со 35 годишна традиција со ќе учествува на меѓународниот фолклорен фестивал во Италија во областа Варезе, кој важи за еден од најдобро организираните фестивали во Италија. На овој реномиран фестивал ќе учествуваат и уште неколку ансамбли од светот. Охридските играорци на фестивалот ќе настапат со повеќе ора и песни од различни делови на нашата земја. Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај...

Continue reading

НА „Танец“ ќе го отвори новото издание на Балканскиот фестивал

Post Views: 14 На Горни Сарај и вечерва ќе се ори фолклорната народна песна и игри од Балканските земји. Стартува 56-тото издание на Балканскиот фестивал на нарони песни и игри со целовечерен концерт на НА „Тане“ц. Серијата земјотреси кои го тресат Охрид досега не ги исплаши фолкористите да земат учество на добро познатата летна сцена. „Нема откажување во однос на земјотресите. Но, ако се случи тоа не е ни по наша ни по нивна вина. Тоа е Божја работа“, кусо одговори Горан Стојаноски, директорот на Центарот за Култура Григор Прличев. Охрид од далечната 1962 година со Балканскиот фестивал...

Continue reading

Во сабота “Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”

Post Views: 1 Амбасадата на Сојузна Република Германија, ПроКредит Банка и Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, Ве покануваат на отворањето на “Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”. Свечено отворање на фестивалот е во САБОТА 15.10.2016 година со филмот „Мед во главата“-трагикомедија од Тил Швајгер со почеток во 20,00 часот, потоа следат:-За една девојка -комедија – драма / 16.10.2016 / 20.00 ч-Државата против Фриц Бауер – драма / 17.10.2016 / 20.00 ч-Куќата на крокодилите – детски филм 18.10.2016 / 11.00 ч-Хердер-помеѓу...

Continue reading

Dushko Gjorgon

50 години фото-хроничар на Струшките вечери на поезијата

Post Views: 21 Душан Ѓоргон и објективот на неговиот фотоапарат 50 години верни следбеници на СВП. За овој јубилеј синоќа беше отворена изложба, свеовидна фото-ретроспектива на полувековното постоење, работа и развивање на најзначајниот македонски поетски фестивал. Уште на самите почетоци на фестивалот, како млад фотограф Ѓоргон се заинтересирал за собирите на поетите учесници. Овој, во тоа време млад фото-хроничар, ги следел поетите на нивните читања, на нивните состаноци, бил нивна верна сенка. Сега веќе официјален фотограф на фестивалот, Ѓоргон вели дека со објективот на својот...

Continue reading

Фестивал на вино и сирење во Охрид

Post Views: 5 Годинава македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ каде взаемно ќе бидат споделени вкусовите на домашните вина и сирења. На фестивалот во Охрид кој ќе трае два дена, утре и задутре учество ќе земат 14 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот. Во рамки на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, истовремено ќе може да уживаат во културно – уметничката програма. Манифестацијата ќе се одржува на малиот плоштад „Крушевска...

Continue reading

SVP

Јубилејно 50 издание на Струшки вечери на поезијата

Post Views: 11 Годинава Струшките вечери го слават својот златен љубилеј, 50 години „Струшки вечери на поезијата“.   Интересот и за годинава на поетите за учество на фестивалот е огромен. Од организацијата откриваат дека за прв пат годинава на фестивалот ќе учествуваат околу 130 тина странски поети од 71 земја. „ Годеншното фестивалско издание ќе биде една вистинска вавилонска кула на јазици. Задовојни сме што годинава ќе имаме и претставници од земји кои што ретко доаѓале или не се спомнуваат во хрониките на самиот фестивал. како куриозитет на овај фестивал е што изведбата на Т’га...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top