Ознака: фестивал

raspeano ribarce

Започна детскиот фестивал распеано рибарче

Post Views: 3   Весело, разиграно, распеано и годинава во центарот за култура, на фестивалот „Распеано рибарче“. Првата приредба од детскиот музички спектакл ја проследија дечињата од основните училишта од Пештани, Велгошти и Кочо Рацин. Учесниците пак, возбудени и задоволни што се дел од 14тото фестивалско издание на „Рапеано Рибарче“. Организаторот задоволен од интересот на охриѓани за овој фестивал. Петкуќески вели, започнавме сосем случајно, но од година во година прераснавме во симбол на Охрид. „Далечната 1998 год за прв пат го организиравме овој детски музички фестивал кога...

Continue reading

летра

Актерот Жан Луи Трентињан добитник на Златната маска

Post Views: 3  Жан Луи Трентињан, легендарниот француски актер е годинешниот добитник на Златната маска за животно остварување, која се доделува на Францускиот филмски фестивал во Охрид. Трентињан е партнерот на Анук Еме и Брижит Бардо во култните француски филмови „Еден човек и една жена“ и „Господ ја создаде жената“. Неговото име, сега се вбројува покрај Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Патрис Томас и Ив Боасе, меѓу досегашните добитници на Златната маска, која се врачува за животно остварувања на познати француски актери и режисери. „Актерот Жан Луи Трентињан ја прифати поканата за доделување...

Continue reading

ohridsko leto

Дојдов, видов, заминав

Post Views: 5 Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка...

Continue reading

skowronki

Хорот „Сковронки“ од Полска, најдобри

Post Views: 5 Детскиот хор од Полска, „Скоровинки“ победници на овогодинештниот Охридски хорски фестивал. Овој детски хор беше избран за најдобар меѓу педесетте хорови учесници. Учесниците од 16 земји, од Холандија, Турција, Русија, Полска, па се до претставници од земјите од соседството, како хорови на Србија, Словенија и Бугарија, во изминатите неколку дена сите беа дел од еден од најинтересните музички настани кои годинава се случија во Охрид. Диригентот на победничкиот хорски ансамбл Алисија Шолуга, истакна дека е многу среќна што учествува на овој фестивал во Македонија и во...

Continue reading

horski festival

По четврти пат најдобрите хорови од Европа во Охрид

Post Views: 0 Од 25 до 29 август, по четврти пат ќе се одржи охридскиот хорски фестивал. Концептот на фестивалот останува иста како и минатите години. Отворањето на 25 започнува со кратки настапи на хористите по шеталиштето. „Концертите за духовна музика се одржуваат во црквата св. Софија со почеток во 10.00 наутро, натпреварите се петок поручек, сабота преку целиот ден и недела наутро. Недела навечер во хотелот Инекс Горица е фолклорната и поп вечер односно хоровите ќе исполнуваат аранжмани на фолклорни и поп композиции“, вели организаторот на фестивалот Александар Димоски. Годинава...

Continue reading

Ohridsko leto

Успешно 51 –то издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 2 На ден пред затварањето на 51 –то издание на Охридско лето,  директорот и двајцата селектори на прогрмата се задоволни од квалитетот на прикажаното  во текот на 40 –те фестивалски дена. Директорот на Фестивалот, Илија Мојсоски истакна дека со понудената богата музичка и театарска програма овој фестивал го зацврсти своето високо реноме. „Беа реализирани 25 музички концерти, 10 драмски престави на 5 различни простори, 6 зиложби и една филмска проекција. Според податоците фестивалот го посетиле 20.000 гледачи со што е постигната и  рекордна постеност“, истакна Мојсоски. Моја...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Денови на Oхридскиот џез фестивал

Post Views: 1 Вечерва во „Куба либре“ ќе настапи еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа преку нивните концерти и многубројни албуми. Ќе ги изведат најдобрите композиции од  нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил. На 21 Август во џез клубот “ Џез ин”  некаде околу полноќ ќе настапат Летечки пекинезери од Скопје, а во овој клуб на 25 Август ќе има уште една џем-сешн свирка. Имињата на изведувачите сеуште не се познати, а можно е оваа вечер да настапат повеќе групи со свои импровизации, велат организаторите. На...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Охрид подготвен за првиот џез фестивал

Post Views: 0 Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...

Continue reading

festival

„Александар Македонски“ по 6 ти пат

Post Views: 0 Уште еден фолклорен фестивал. По 6 ти пат од 20 до 24 јули на градскиот плоштад ќе се одржи фестивалот народни песни и игри Александар Македонски. На овој фестивал ќе учествуваат преку 600 учесници од Русија, Украина, Кипар, Словачка… и за прв пат годинава на дел од него ќе бидат и групи од Израел. „Оваа година на фестивалот ќе напстапат 37 групи од различни држави , Кипар, Израел, сите балкански земји. Фестивалот на градскит плоштад. отворањето е на 21 јули отворање“, вели директорот на фестивал „Александар Македонски“, Миленко Андрески. Фестивалот како целина...

Continue reading

crven tepih

Првични импресии на учесниците на Фестивалот на француски филм

Post Views: 0 Фестивалот на француски филм полека се приведува кон својот крај. Охридската публика досега имаше можност внимателно да изгледа неколку филмови од француската филмска продукција. Овогодинешните учесници на фестивалот љубезно проговорија на средбата со новинарите и ги изнесоа своите видувања за четвртото по ред издание на фестивалот на француски филм и за приемот од охридската публика. Францускиот културен центар е еден од главните организатори и поддржувачи на овој фестивал. „Јас сум многу среќен што можевме да го организираме по четврти пат Францускиот фестивал во...

Continue reading

Balkanski festival

Со „Тешкото“ ќе започне јубилејното издание на Балканскиот фестивал

Post Views: 24 Со звуците на зурлата и тапанот и играта на  популарното  македонско  оро „Тешкото“ од  професионалниот ансамбл „Танец“, на сцената на Долни Сарај ќе отпочне јубилејното издание на Балканскиот фестивал за народни песни и игри. Годинава се одбележуваат 5 децении  постоење на летно, фолклорно пулсирање на градот, со ансамбли од светот. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата содржина на годинешниот фолклорен  фестивал. На  фетсивалот ќе учествуваат четири професионални ансамбли од соседството, Коло од Србија, Филип Кутев од Бугарија, Шота од Косово...

Continue reading

festival na francuski film

Започнува Фестивалот на француски филм

Post Views: 1 Со проекција на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан – Пјер Америс вечерва во центарот за култура Григор Прличев ќе биде отворено четвртото издание на Фестивалот на француски филм во Охрид. На фетивалот според најавата на организаторот ќе бидат прикажани 7 играни жанровски различно насочени филмови и 6 кусометражни. „На свеченото отварање вечерва ќе присуствуваат министрката за култура Елизабета Канчевска Милевска, амбасадорот на Франција во Македонија Жан Клод Шлумберже, државниот секретар во Министерството за култура, Дарко Стефановски, како и бројни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top