Ознака: училиште

sekula batkoski

Се помал бројот на ученици во стручните средни училишта

Post Views: 11   Дали средните стручни училишта во градов полека, ама сигурно замираат. Факт е дека секоја година во овие образовни центри се запишуваат се помалку ученици. Во средното стручно училиште Ванчо Питошески во прва година има само три паралелки, а лани имало четири. Паралелките се формирани и со помалку од 25 ученици. Директорот Секула Баткоски вели дека причини за ваквиот надолен тренд има повеќе, но како број еден го потенцираше намалениот наталитет не само во градов, туку воопшто во државава, бидејќи во ова училиште доаѓале да учат деца и од другите градови. „Друга причина...

Continue reading

OUBraka Miladinovci - kalista

ОУ во Калишта без основни услови за децата

Post Views: 5 Наместо децата во него да почувствуваат топло катче за работа, тие во него се здобиваат со вируси, бактерии и други зарази. Наместо под – изгниени штици, наместо таван – дупки, нема вода во тоалетот, влага во цементот… се само дел од непријатностите со кои секојдневно се соочуваат 24 те деца кои се образуваат во оваа установа. Родителите на децата крајно револтирани од игнорантскиот однос на надлежните, денеска се состанаа, но и заканија, доколку не се превземи ништо и доколу не се подобрат условите за работа, велат дека ќе протестираат.     „Поубо...

Continue reading

parno greenje SV. Kliment Ohridski

Нова учебна година – стари проблеми

Post Views: 2 И покрај желбите на раководствата на училиштата, сепак локалната на проблемите треба да им пристапува по приоритет. Советот на родители, родителите, учениците и наставниот кадар од ООУ Св. Климент Охридски подолго време алармираат дека имаат проблем со греењето во ова училиште. И покрај тоа што се троши неопходната количина на нафта, сепак во училниците не се постигнува оптималната температура за нормално изведување настава. „На инсистирање ме од советот на родители но и од самите наставници и ученици  веќе неколку години наназад имаме проблем со затоплувањето на просториите,...

Continue reading

ученици

Почна новата учебна година за 7000 охридски ученици

Post Views: 6 На првиот училишен ден охридските основни и средни училишта ширум ги отворија вратите за своите ученици. Училиштата се подготвени за да стартува новата учебна 2012/2013 година. Со пригодна програма беа дочекани  првачињата во сите основни училишта.  Како и првачињата така и основците со нетрпение го очекуваа  стартот на  училишниот ден. По традиција градоначалникот Александар  Петрески беше во посета  на две основни училишта. Овој пат беше во „ Григор Прличев“ и „Братство Единство“ во Лескајца за да им посака на основците и првачињата  од градот среќа и успешна година....

Continue reading

deca

Бројот на учениците се намалува

Post Views: 1   Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски. И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со...

Continue reading

deca

Мислителите од „Братство“ најдобри во светот

Post Views: 19 Паметните мислители од основното училиште „Братство Единство“ покажаа дека се најдобри на конкурсот на најголемиот образовен портал во светот „Think life“. Тим од четири ученици под менторство на професор Марија Пупиноска Гогова освоија прво место, во силна конуренција од 5600 проекти од училишта од цел свет, на проектот „Промени ги навиките, штеди енергија“. Задоволството од успехот е видливо на насмеаните лица на учениците Владо Војданоски, Ангела Јорданоска, Моника Донеска и Ангела Петреска. Овие вредни и трудољубиви ученици велат дека за нив оваа победа е големо...

Continue reading

flaer

Светското наследство во рацете на младите

Post Views: 15 Никола Јакимовски и Емилија Богданоска, се само дел од тимот средношколци од ОСУ „Ванчо Питоешки“ кои учествуваа во реализацијата на проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите“. Велат, знаењата кои ги стекнаа при изработката на овој проект, а во врска со локалитетот СВ. Наум, за нив се од непроценливо значење. Сега тие, се еден чекор поблиску до вокацијата туристички водич. „Добивме со истражувањата такви информации, важни за нас и за презентација пред туристите, посебно за работи кои се малку познати на македонската па и на светската јавност. Ова...

Continue reading

ezero riba

Основците од ОУ Св. Климент Охридски во посета на хидробилошкиот инситут

Post Views: 0 Седмо и осмооделенците од ОУ Св. Климент Охридски учеа за Охридското Езеро и живиот свет во него, со посебен акцент на рибите. Денешните активности по повод светскиот ден за заштита на животната средина, беа реализирани од страна на невладиното здружение за промоција на туризмот и културните вредности во Охрид, Култ ДАМ и основното училиште Св Климент Охридски. „Често политичарите меѓу себе се препукуваат дека УНЕСКО има силни фондови кои никој не ги користи, јас верувам дека тие силни фондови ќе се отворат само ако се направат вистински проекти за што имаме и капацитет...

Continue reading

poseta

Интензивни активности на Македoнско-турското здружение од Охрид

Post Views: 20 Надежите за соработка помеѓу Македонија и Република Турција одат во позитивна насока. Неодамнешните посети на Макеоднско-турското здружение од Охрид, веќе дадоа резултати, вели Кујтим Хусеини од здржението. Тој додава дека интересот од другата страна било да е од сферата на бизнисот, образованието или културата е навистина за поздрав. „Можам да кажам да кажам дека задоволен сум од тоа што досега го имаме направено, нормално дека тие работи не одат набрзина, треба да се почека, треба серизоно. Интересот за Македонија е многу голем, но за Охрид да не испадне како фалење,...

Continue reading

avtobus EU

Автобусот на EU пристигна во Велгошти

Post Views: 3 Европа пристигна во Велгошти. Автобус на Европската Унија со претставници на Делегацијата на Унијата, претставници од амбасадите на земјите членки, како и Секретаријатот за европски прашања, денес го посетија Основното училиште „Живко Чиннго“  во Велгошти. Основците од ова училиште со добри предзнаења за тоа што претставува Европската Унија. „ЕУ, е унија на земји членки, Седиштето е во Брисел, брои, 27 членки, создадена е во 1958“, велат учениците. Г-дин. Роберт Лидел, Заменик на Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, кој воедно беше дел од делегацијата која...

Continue reading

ekonomsko

Нова сала, нови соблекувални и кабинет по физичка култура

Post Views: 0 Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно. Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од...

Continue reading

саем

Трет саем на виртуелни компании во Охрид

Post Views: 1 Симулација на бизнис, преку која идните млади бизнисмени од Охрид, открија само дел од своите афинитети. Агенции за свечени пригоди, аква паркови, компании за трговија со кафе, он лајн библиотеки, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година. „Нашата компанија се состои од 14 ученици, сите од четврта година, и на овој проект работевме речиси цела учебна година под менторство на професорката Царева Цветаноска. „Нашата компанија се вика Аква парк „Атлантис“. Во склоп на аква паркот даваме часови за нуркање и пливање“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top