Ознака: учениците

pp vezba

На висина на задачата

Post Views: 1 Максимално успешно реализирана централната показна тренинг вежба за евакуација на ученици и персонал од образовна институција-училиште во случај на елементарна непогода-катастрофа. Вежбата во рамките на активностите од проектот за “Проценка на ризици и заштита од катастрофи”, ја организира Црвен крст Охрид во ОУ “Христо Узунов”. Наставниците и учениците, соодветно реагираа согласно планот за евакуација. Инаку проектот е во организација на О.О на Црвениот Крст од Охрид, со подршка на ОЦК на РМ и Локалната самоуправа. Претседателот општинската организација, Сашо Точко,...

Continue reading

humanitarna akcija

Хуманитарна акција во гимназијата „ Св. Климент Охридски“

Post Views: 0 Хуманоста е доблест која треба да се развива и надоградува во секоја прилика. Пример за тоа се учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, кои денес организираа хуманитарна акција. Со голема желба и ентузијазам, учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик беа организатори на овој настан. Сите на различен начин придонесоа за успешна реализација на оваа акција. Дел од нив донираа тестенини, ученикот Иво Секуловски ги дизајнираше и ги изработи плакатите, а заедно со Марија Тодоровска и Ангела Јанкуловска, овој настан го овековечија преку своите фотографии. За првпат,...

Continue reading

kabinet

Ставен во употреба кабинетот по техничко образование во ОУ„Григор Прличев“

Post Views: 5 Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид  во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование. Овој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по...

Continue reading

Pi Si

Лајонс клубовите ги бараат првите меѓу најдобрите

Post Views: 3 „ТОП 10“ натпревари со кои се тестираат основците од Охрид, Битола и Прилеп во организација на „Лајoнс“ клубот. Годинава  основците се тестираат по трет пат. Целта на ТОП 10 натпреварите е да одберат првите од најдобрите ученици избрани од наставниците и директорите на училиштата.Учениците кои денеска беа дел од проектот на Лајанс клубот задоволни од тестотовите со кои беше тестирано нивното знаење.„Оние кои не се задоволни со поените кои ќе ги освојат денеска ќе можат да се докажат и во вториот циклус на 20 април, кога ќе им биде укажана втора шанса“, вели претседателот...

Continue reading

Ervan Fuere

Основците од „Христо Узунов“ се дружеа со Фуере

Post Views: 3 Во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид, денес беше Евроамбасадорот Ерван Фуере. Седмооделенците од ова училиште преку наставна програма учат за ЕУ и истото денес имаа можност да го покажат пред Фуере. Директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева рече дека присуството на Ерван Фуере е од големо значење не само за децата, туку и воопшто за сите. Очигледно дека Фуере влезе во срцата на децата. Тоа го почуствува и самиот амбасадор и рече дека младите во Македонија се помудри од политичарите и дека политичарите треба да учат од нив. Учениците овој момент посебно го доживеаа....

Continue reading

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

gotvenje

Грст награди за средношколците од Ванчо Питошески

Post Views: 15 Многу награди за средношколците од средното училиште Ванчо Питошески. На меѓународниот натпревар од Босна и Херцеговина ги освоија симпатиите на жирито и освоија награди во сите категории. Учениците Милчо Кироски кој освои златен мадал, Димитар Чадоски, сребрен медал, Александра Пероска, сребрен медал и Марија Ушо, бронзен медал  презадоволни од постигнатите резултати, но и од организацијата на натпреварот. Директорот на училиштето Секула Баткоски задоволен од тоа како учениците ги претставија Охрид и Македонија на меѓународниот натпревар. „Овие награди кои ги добивме...

Continue reading

elektronski dnevnici

Електронските дневници создадоа збрка

Post Views: 2 Електронскиот систем за управување со образованието или електронските дневници почнаа да им создаваат главоболки на училиштата. Реагираат родители чии деца учат во  ОУ „Григор Прличев“ на тоа што одделенските наставници, покрај податоците за учениците, ги побарале и личните податоци на родителите, за  проект кој го спроведува Министерството за образование и наука. Родителите сметаат дека со податоците како што се единствениот матичен број, крвната група, етничка припадност, религија,  во голема мера се нарушува законот за заштита на личните податоци. Старателите на...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

Учениците и наставниците ќе здивнат од екстерното оценувње

Post Views: 5 Учениците протестираа токму против екстерното оценување. Но, од надлежните институции и училиштата официјално никој не ги призна причините. Сепак со оваа одлука на ресороното министертсво здивнаа и учениците и настаниците. Портпаролот на  Министерството за образование Горан Галевски потврдува дека годинава нема да има екстерно оценување. Ќе се избираат пилот училишта во земјава каде што ќе се применува тестирањето. Примената ќе започне од учебната 2011/ 2012 година. Во меѓувреме, училиштата ги формирале Комисиите за оценување, но, за одлагањето не добиле никакво официјално...

Continue reading

crtezi

Како децата го гледаат оружјето

Post Views: 6 Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера. Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top