Ознака: управување

mrezi

Фатени рибарски мрежи и риболовен алат и прибор

Post Views: 4 Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри, седум килограми риба Охридска пастрмка и  низа примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени овој месец од водите на Охридското езеро при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против три лица поднесени се кривични пријави. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно три прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Поради тоа поднесени се прекршочни пријави за управување пловен објект на Охридското езеро...

Continue reading

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 2 НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица. „ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато...

Continue reading

касарна

Општина Охрид сеуште не добила дел од касарната

Post Views: 0 Во охридската касарна нема конкретни зафати, а просторот од ден на ден  пропаѓа. Иако пред една година од локалната самоуправа, од секторт за урбанизам, беше  презентирано  урбанистичко  планско решение каде што беа највувани изградба на станбено- деловен комплекс, црква, спортски терени , пробивање на улица, досега на терен не е започната конкретна реализација. ТВМ се  обиде да дознае во која фаза е  владиниот проект со кој  касарната треба да се пренамени со нови содржини во насока на поголем економски развој на општината.  Од Министерството за одбрана со писмен допис...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 1 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Continue reading

smet ramne

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Post Views: 0 Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција,...

Continue reading

ezerska

Езерската полиција со мерки против незаконитиот риболов и несовесните скутерџии

Post Views: 10 Четириесет и седум рибарски мрежи во вкупна должина од 2350 метри, триесет килограми разна риба и стотина примероци на риболовен алат и прибор, се пронајдени и одземени при реализирани патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од почетокот на минатиот месец до сега. Согласно законот за рибарство и аквакултура, против пет лица поднесени се прекршочни пријави и две кривични пријави за незаконит риболов. Во истиот период, езерската полиција регистрирала вкупно девет прекршоци за непочитување на законот за внатрешна пловидба. Против шест лица поднесени...

Continue reading

Dejan Panoski

Проектите за заштита на Охридското Езеро мора да прераснат во процеси

Post Views: 1 Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридско езеро, денеска во Обединетите нации во Женева одржа говор и презентација за прекуграничното управување и заштита на Охридското езеро со која ја отвори сесијата за искуствата на заедничките тела за соработка. Пановски во својата презентација потсети на почетоците на институционалната заштита но и на заедничките протоколи на научните институции , заедничките мерки и потпишаните договори. Потенцираше дека се уште има отворени прашања како што се рибарството но и управувањето на нивото на езерото кое е врзано со потребите...

Continue reading

vmro - dpmne

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ оди упорно против народот

Post Views: 0 СДСМ ги наградува личностите кои биле дел од тимот на владеење, за време на т.н мрачен период за Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ постави низа прашања до кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев: Дали Тунтев знаел за долгот на градот и што направил за да го спречи финансиското тонење на градот? Кој бил ставот на Тунтев кога во 2013 година во предизборниот период ангажирале 320 нови лица и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и кога знаел дека општината и ЈП се во финансиски колапс? Митровиќ исто...

Continue reading

zimsko odrzuvanje

Институциите подготвени, за зимското одржување на патиштата

Post Views: 9 Општините Охрид и Дебрца подготвени за  одржување на патиштата во претстојната зимска сезона. Сите надлежни субјекти инволвирани во одржување на безбедноста на патиштата во зимски услови преземаат мерки за поголема ефикасност, навременост,  подобра координираност и информираност за состојбите со снежни врнежи  на регионалните и магистрални патишта на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.  Набавени се доволни количини абразивни средства за зимско одржување на коловозите, дефинирани се приоритетните сообраќајници за целосно и беспрекорно одржување и чистење. Механизацијата...

Continue reading

maucker

Општина Охрид ќе управува со Мауцкер и касарната

Post Views: 2 Во тек е постапката за отстапување на земјиштето на Мауцкер и касарната, на управување на општина Охрид изјави државниот секретар на министерството за одбрана Сашо Стефаноски за време на вчерашната работна посета на Охрид. Целта е  ресорното министерство да даде допринос во економскиот развој на Охрид, додава тој. „Тоа е наша одговорност како Влада на Р. Македонија. И ние тоа ќе го направиме преку две конкретни работи. Тоа е преку пренесување на корисничното право на објектите во локалитетот Мауцкер со што на општина Охрид ќе му се даде можност да формира индустриска...

Continue reading

ezero

Состојбата со нивото на Охридското езеро сеуште е сериозна

Post Views: 5 Состојбата со водостојот на Охридското езеро сеуште е сериозна. Денес тој изнесува 27 см над дозволената максимална кота. Ваквите хидролошки проблеми траат веќе неколку недели, а се резултат на обилните врнежи, велат од ЦУК.  Критични точки на охридското крајбрежје се населбите кои имаат мал заштитен појас и при мало влијание на јужниот ветар претрпуваат оштетувања. Тука спаѓаат населбата Канео, брегот од источниот дел од езерото, Радожда како и централниот дел на Струшката ривиера. Митко Темелковски, раководителот на регионалниот ЦУК вели дека се превземени сите мерки...

Continue reading

brana slatinsko ezero

Слатинското езеро ќе се спасува со употреба на механизација

Post Views: 26 Слатинската брана четврти ден одолева на силата на водата. Ситуацијата уште повеќе ја усложнуваат и обилните врнежи кои паѓаа изминативе два дена. Состојбата со Слатинското езеро засега останува непроменета. Како што информираат од Центарот за управување со кризи од Охрид, сеуште постојат сериозни оштетувања и сеуште низ телото на браната продира вода. Поради критичната состојба, не само со Слатинското езеро, туку и во повеќе градови низ државава кои беа погодени со поројни дождови, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски ги свика на итен состанок членовите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top