Ознака: управување

Планот за управување на охридскиот регион од утре на увид

Post Views: 0 Нацрт планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, од утре на јавен увид, информира денеска министерот без ресор Едмонд Адеми. Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО. Кога тој ќе се донесе може да заврши прогласениот мораториум. Со планотсе дефинира строга заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее да се гради, кажа на денешната заеничка прес конференција, Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина. „Многу е голем предизвикот со одредбите на планот да воспоставиме контролирана урбанизација....

Continue reading

Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад

Post Views: 1 Во Охрид и Струга се одржува Меѓународна конференција за управување со цврст отпад. Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел во заштита на животната средина. Во земјава годишно на депониите околу градовите завршуваат 700 тони комунален отпад според задолжитечните извештаи на комуналните претпријатија. Но, нема статистички податоци колкави количини електричен, елкстронски или пластичен отпад завршуваат на депониите, вели...

Continue reading

Усвоен планот за управување со Вевчанските извори

Post Views: 2 Во Вевчани официјално е усвоен планот за управување со Вевчанските извори кои имаат статус споменик на природата. Проектот „ Подобрување на управувањето со заштитените подрачја “ е финансиран од ЕУ, а спроведен од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Подготовката на проектот трае повеќе од година со буџет од над 65 илјади евра. Во овој период ажуриран е планот за управување што ќе и помогне на општина Вевчани одржливо да управува со заштитеното подрачје, подвлече Сашо Јанкоски градоначалник на Вевчани. „Тоа е голем бенефит за...

Continue reading

Се заокружува проектот за управување и одржливо користење на Белчишко блато

Post Views: 0 Во подножјето на Илинска Планина, под нејзиниот западен огранок Габер се наоѓа Белчишкото блато.  Блатото се потхранува од најмалку 11 карстни извори познати како Сини Вирој  и се протега на околу 137 хектари што го прави најголемото блато во Македонија. Во септември ќе биде закружен проектот за подобрување на управувањето и одржливо користење на ова блато. Нешто повеќе од една година,  здружението  „Екотуризам 2016“ со помош од UNDP спроведе голем број активности во насока на валоризирање и заштита на овој значаен локалитет како мониторинг на растителни, животински...

Continue reading

Фронт 21/42 алармира се изигрува донесувањето на предлог законот за управување со Охридскиот регион

Post Views: 1 Од Фронт 21/42 реагираат дека се напуштаат целите на предлог законот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот регион. Информираат дека вчера без присуство на јавноста се одржала седница на собраниската Комисија за култура, а тие кои учествува во рабоата на нацрт законската верзија се изиграни со тоа што на предлог-законот му се додале работи за кои воопшто претходно не станало збор. Работните групи при изработката на нацрт Законот никогаш не зборувале да се вклучи член од Министерството за политички систем , а нити да се применува Бадентеровиот...

Continue reading

Утврден Предлог-Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион

Post Views: 0 На 137 редовна седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието на РСМ. Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано...

Continue reading

Влада: Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк, причина УНЕСКО, Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство

Post Views: 2 После вчерашната информација објавена од голем број македонски медиуми дека УНЕСКО предложи Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство, од Владата излегоа со официјален став дека Охридскиот регион долги години бил лошо управуван и дека постапува со внимание и сериозност по сите одлуки и препораки на УНЕСКО. -„Владата на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските...

Continue reading

Помош за управување со води околу Охридското Езеро од Јапонски експерти

Post Views: 6 Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со тимот експерти од Јапонската меѓународна агенција за соработка (ЈИЦА) предводен од Акира Такечи. На средбата се разговарало за реализација на планираниот проект „Собирање и истражување на податоци за управување со води во областа околу Охридското Езеро во Република Македонија” за што беше понудена експертска помош од реномираните јапонски стручни лица со богато повеќегодишно искуство во оваа област. Со оглед на важноста на заштитата на Охридското Езеро како национално природно и културно богатство што е...

Continue reading

ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ АГРОН БУЏАКУ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112. За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот...

Continue reading

Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро

Post Views: 1 Ќе се прави нов план за управување со сливот на Охридското езеро. Овај план е од суштинско значење за заштитата и управувањето на езерото, како и на реката Црн Дрим. Планот е билатерален и интегрален и ќе биде изработен согласно Европската рамковна директива за води и националните законодавства на двете земји кои го споделуваат Сливот на Охридското езеро. Ова ќе има и една поширока компонента. ЗА тоа впрочем се залага и премиерот Заев. ДА се стават на маса сите проблеми поврзани околу заштитата на Охридското езеро и неговиот слив и да се изнајдат најсоодветни решенија,...

Continue reading

struga

Што му остана на Комунално, Струга?

Post Views: 1 Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба...

Continue reading

Арнаудовски: Во програмата за управување со отпад нема да го реши проблемот со отпадот

Post Views: 6 Конкретни датуми за чистење на дивите депонии, како и утврдување на бројот на такви депонии на територија на општина Охрид, побараа од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од изготвувачот на програмата на денешната седница на Совет. Илија Арнаудовски истакна дека точката која се однесува на Предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 – 2020 е само замајување на јавноста дека ќе се реши проблемот со отпадот и смета дека јавноста мора да биде запозната со тоа. Додаде дека предложената мерка за санација на депониите со воведување на системот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top