Ознака: трајкоски

ЛС Дебрца

Општина Дебрца ќе урбанизира десетина села

Post Views: 9 Општина Дебрца ќе  урбанизира повеќе селски населби кои се без урбанистичка планска документација.  Обезбедени се 17 милиони денари од Ипард програмата и 3 милиони денари од сопствениот општински буџет. 20-те  милиони денари ќе бидат вложени во изработка на урбанистички планови кои треба да бидат готови за една година. На тој начин се планира да се урбанизираат селата Волино, Велмеј, Злести, Слатино, Горно и Долно Средорече, Климештани, Лактиње и Црвена вода. Недостокот од урбанистички решенија за селата ги попречува руралните средини во стопанскиот и туристичкиот  развој,...

Continue reading

sdsm

ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации

Post Views: 0 ОО на СДСМ Дебрца, го промовираше Центарот за комуникации, преку кој во иднина ќе ја информира јавноста за сите партиски активности. Портпаролот Ангел Секулоски на првиот прес се задржа на забелешките кои ги имаат кон актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ на Дебрца, предводено од градоначалникот Игор Трајковски. Според него владеачкиот режим на Трајкоски претставува чин на грубо кршење на основните човекови слободи и права, политичка дискриминација и реваншизам. Како пример за тоа ја наведе состојбата на претседателот на ОО на СДСМ раководен државен службеник во Локалната...

Continue reading

debrca

Отчет за првите 100 дена на градоначалникот Трајкоски

Post Views: 2 Отчет за првите 100 дена на Игор Трајкоски, градоначалникот на Дебрца. Изминатиов период направивме драстични измени во работењето на општина Дебрца, изјави Трајкоски. Додаде дека одговорно се посветиле на мештаните на Дебрца, ги сослушале нивните забелешки, сугестии и проблеми и успеале за прв пат да воведат веб страна на општина Дебрца со цел воспоставување на подобра комуникација и побрз пристап до информации. „Голем императив претставува и средба со најмалите од ОУ на Дебрца за кои прв пат беше отворена канцеларијата на градоначалникот. Знаејќи ги нивните потреби...

Continue reading

steta orovnik

Општина Дебрца погодена од невреме

Post Views: 0 Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на...

Continue reading

volino skolo

Ново училиште во Волино

Post Views: 15 Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес. „Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици. Досега учениците од село Волино настава...

Continue reading

Igor Trajkoski

Игор Трајкоски ја презеде градоначалничката функција во Дебaрца

Post Views: 22 Општина дебарца доби нов градоначалник. Со врачување на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новоизбраниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес официјално го започна градоначалничкиот мандат. „Голема благодарност до граѓаните на општина Дебарца кои ја искажаа довербата на овие локални избори и ми дозволија во наредниов мандат да се покажам и докажам со нови дела кои ќе се реализираат и воедно ви укажувам дека вие ќе бидете моите критичари и мојот коректор на работата во овие четири години“, истакна градоначлникот на општина Дебарца,...

Continue reading

Trajkoski

Подобра Дебрца-најзначаен проект за градоначалникот Трајкоски

Post Views: 7 Прво јавно обраќање на новиот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. За него, 7ми Април е датум кој претставува пресвртница за општина Дебрца, бидејќи по 16 години, за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Трајкоски, 7ми Април ќе биде значаен датум и за жителите на Дебрца. „Јас сум човек кој даде ветувања, знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде мојата подршка која ќе ја дадеме за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето...

Continue reading

miting VMRO DPMNE meseista

Завршен митинг на Игор Трајкоски

Post Views: 31 Синоќа во Мешеишта завршен митинг на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца од коалицијата „За Подобра Македнија“ Игор Трајкоски.  Тој обраќајќи се пред присутните рече дека овој  митинг треба да биде почеток на Нова Дебарца која ќе биде препознатлива по дела, при тоа потенцирајќи дека паток до успехот е само преку проектите на ВМРО ДПМНЕ. „Општина Дебрца мора да доживее подем искористувајќи ги природните ресурси со кои располага. Развојот на туризмот, земјоделството и сточарството.  Не сакам ни да замислам што значи 16 годишното заточеништво на овој регион...

Continue reading

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 8 Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Continue reading

Igor Trajkoski

Трајкоски го обвини Којчиноски за несовесно работење

Post Views: 4 „Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија. „Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении....

Continue reading

Trajkoski Debrca

Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг

Post Views: 1 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца. „Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка...

Continue reading

trajkoski

Трајкоски сигурeн во победа за Дебрца

Post Views: 2 Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски. „Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top