Завршен митинг на Игор Трајкоски

Трајкоски:„Општина Дебарца, мора да доживее подем искористувајќи ги природните ресурси со кои располага“.

 |  Маленкова Татјана  | 
miting VMRO DPMNE meseista
митинг ВМРО ДПМНЕ Мешеишта

Синоќа во Мешеишта завршен митинг на кандидатот за градоначалник на општина Дебарца од коалицијата „За Подобра Македнија“ Игор Трајкоски.  Тој обраќајќи се пред присутните рече дека овој  митинг треба да биде почеток на Нова Дебарца која ќе биде препознатлива по дела, при тоа потенцирајќи дека паток до успехот е само преку проектите на ВМРО ДПМНЕ. „Општина Дебрца мора да доживее подем искористувајќи ги природните ресурси со кои располага. Развојот на туризмот, земјоделството и сточарството.  Не сакам ни да замислам што значи 16 годишното заточеништво на овој регион и 16 годишно ставање на Дебарца како Црна дупка на картатата на Македонија“, истакна Трајкоски.

„Да не се заборави дека на општина Дебарца и е потребна индустрстиска зона која е предвидена во miting VMRO DPMNE meseistaпрограмата и пред се отворање на нови работни места и позиции. Имаме и различни проекти кои ќе придонесат Дебарца да се најде на мапата на развиени општини. До денеска бевме сведоци на голготта од страна на СДСМ и Којчиноски и не само стопирање на процесите за развој на општината туку и уназадување“, изјави Игор Трајкоски,кандидат за градоначалник општина Дебарца.

Пред пристутните синоќа во мешеишта се обрати и претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Р Македонија, Никола Груевски.   
„Се собравме тука за да дадеме силна подршка за победа во вториот крг на изборите на Идниот градоначалник на Дебарца, Игор Трајкоски. На изборите граѓаните масовно дадоа подршка на ВМРО ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија.  СДСМ во првиот круг доби победа во едно место во една општина, а ВМРО ДПМНЕ во 39. Тоа значи дека победивме 39:1. Тоа е победничката коалиција на чело со ВМРО ДПМНЕ. Дебрца ќе се приклучи на победничката коалиција и ќе влезе во победничката екипа која ќе работи, создава, екипа која прави дела, која решава проблеми. Тоа е ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, истакна премиерот Груевски.

miting VMRO DPMNE meseistaТој јавно запраша што направил досегашниот градоначалник на Дебрца, Љупчо Којчиноски кој со оваа општина раководеше 16 години.  
Не можеме да видиме ниту еден позначаен проект во изминативе години во Општина Дебарца, освен бензиските пумпи на неговото семејство. Затоа драги пријатели време е Љупчко Којчиноски да си оди од таа функција, а на негово место да дојди оној кој ќе гради, кој ќе работи, создава. Оној кој ќе се грижи за општината.Човек кој што има програма, план и човек со кој ќе можеме да соработуваме како влада.Вие знаете дека ние сме партија која дава ветувања и која исполнува ветувања. Ние сме партија која стои зад тоа што го ветува. Најголем дел од нашите планови беа реализирани, а имаше и проекти кои ги реализиравме, а не беа во нашата програма, но увидовме дека се нужни и потребни. Тоа е нашиот начин на работење. затоа ние почнавме да ја менуваме политичката култура во Македонија“, рече Груевски.

„На 07 април важно е да се излезе и да се даде доверба на човек кој ќе работи по вој начин на работа. Кој ќе помогне Дебарца да се придвижи, да оди напред да се решат овие проблеми. Ние не ветуваме дека ќе ги решиме сите проблеми, тој што ви ветува тој ве лаже.  
Бегајте од таков човек. Ние точно ветуваме што ќе решиме и тоа го има во програмата на Игор Трајкоски. Ние во изминатиот период успеавме да најдеме и концесионер кој ќе успее да изврши целосна реконструкција и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле кој се наоѓа на териоротијата на Дебарца и на кој почнаа да доаѓаат поголем број на туристи“, истакна премиерот на Р Македонија, Никола Груевски.

Груевски потенцираше дека изборот на проекти во програмата на Игор Трајкоски се најквалитетни за оваа општина. Тој ги потсети присутните за субвенциите кои ги издвојува Владата за земјоделците, но и за сите заложби на Владата со кои успеа да ги намали цените на лековите.

Грујовски на крајот ги повика присутните на 07 април масовно да излезат на гласање и својот глас да го дадат за човекот кој со помош на Владата на  Р Македонија ќе ги реализиа сите ветувања и планови од програмата, Игор Трајкоски.
На синоќешниот митинг во мешеишта покрај многубројните граѓани меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески како и комплетното раководството на Ок од ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top