Ознака: терен

sertifikat turizam

Заврши обуката, време е за резултатите!

Post Views: 1 Поминаа десетте дена обука за развој на руралниот туризам. Резултат-37 тренери добија сертификати како сведоштво на искуствата стекнати во текот на обуката. Проектот „Развој на руралниот туризам“ им овозможи на учесниците од Охрид, Струга, Битола како и гостите од Албанија да се стекнат со подлабоки познавања на сите аспекти на овој специфичен вид на туризам. „Со нашите патувања на терен во неколку села од Охридско-струшкиот регион, како и вчера го посетивме Вевчани, навистина на терен можевме да слушнеме и од претприемачите кои веќе работат со кои проблеми се соочуваат.“„Се...

Continue reading

c+

Спасуваме луѓе од завеани села или кубуриме со скапа опрема?

Post Views: 6 „Ние веќе пет години се обидуваме да апелираме на разни начини и на локалната и на централната власт, ние луѓе постоиме, ние сме тука и сите знаат, затоа што кога има ситуација сите се јавуваат, дали имате шанса некако. Имаме ама како? Еве ние тука сме, за 15 минути ќе се мобилизираме, екипата ќе е спремна да излезе на терен, со што? Со патничко моторно возило? Па тогаш правиме комбинации дали возило од граничната полиција, каде да дојде, тогаш се комплицира целиот систем. Затоа вие ако имате систем сето тоа ќе си е на место.“-рече Додевски.Често се случува да не се...

Continue reading

pomor

Помор на плашица во каналот Студенчишта

Post Views: 11 Поморот на риба во каналот Билјанини извори, за едни мистерија, за други можна заработка. Овој немил настан кој се случи синоќа на нозе ги крана сите надлежни институции. Очевидец за ТВМ раскажува што се случувало во каналот по поморот на рибата.   „ Вчера кон 15 и 30 часот,  наеднаш најдоде риба од горната страна  на каналот и за 15 минути се преполна овој дел со риба. Тоа беше нешто невидено. Десетина луѓе собираа риба со ќепчиња. Од кај ги донесоа ќепчињата не знам, се снајдоа. Ние години сме со рибиве и по мои претпоставки мислам дека 3 до 4 тони риба овде имаше...

Continue reading

popis

Спротиставени мислења околу текот на пописот на населението

Post Views: 5 Десетти ден од најголемата статистичка операција во земјава, пописот на населението и домаќинствата во Република Македонија. Ред се редат обвинувањата пред се на сметка на Државната пописна комисија. По скандалот во кој припадниците на заедницата на еѓипјаните тврдеа дека не им се дозволува да работат на терен, сега уште една реакција стигнува од претставниците на Балканскиот политички форум. Тие пред се реагираат на големиот број непополнети места на попишувачи од албанската заедница. Директорот на регионалниот огранок на Балканскиот политички форум, Есад Аслани, вели:...

Continue reading

pozar

Пожарот ставен под контрола, се бара виновникот

Post Views: 5 Пожарот кој вчера околу 10 часот изутрина ја зафати шумата на потегот Опеница-Прентов мост е целосно ставен под контрола. Како што ТВМ информираше, во интервенцијата беа вклучени и двата специјални авиони-канадери. Со заедничката интервенција на противпожарните служби, двата авиони и локалното население, пожарот беше ставен под контрола. Шефот на заштита од ЈП „Македонски шуми“, Јовче Цветкоски кој сеуште е на терен, не информираше дека првичните проценки говорат за околу 300 хектари опожарена површина, но бројките сеуште не се потврдени. Цветкоски додаде дека во моментот...

Continue reading

pozar

Голем шумски пожар беснее на потегот Опеница-Прентов мост

Post Views: 2 Од 10 часот изутрина беснее пожар на патниот правец Охрид-Битола во атарот на селото Опеница, во близина на месноста Прентов мост. Гори борова шума и дуглазија на површина во должина од 2,5 километри и  висина од 500 метри. Ова за ТВМ го изјави шефот на заштита од ЈП “Македонски шуми“,  Јовче Цветкоски. Тој смета дека пожарите не се случајни туку се намерно предизвикани. „Она што се случуваше на терен не може да е случајно. Во рок од еден час, од нашето пристигнување по дојавата за двата пожари, пламнаа два нови на различни места. Едниот од пожарите е подметнат од другата...

Continue reading

vodici

На терен се повеќе неквалитетни водичи со очајно познавање на странски јазик

Post Views: 1 Разни професионални профили се повеќе меѓусебно си стануваат нелојална конкуренција. Хотелиери, сопственици на туристички агенции, рецепционери, бродари се ангажираат како туристички водичи и за мали пари го дополнуваат својот семеен буџет. Со тоа прават нелојална конкуренција, се жалат професионалните туристички водичи. Во потрага по егзистениција се руши цената на туристичките водичи. При тоа, голем е бројот на водичите кои добиваат лиценца без да положат писмено и усмено познавање на странски јазик. Познавањето на странскиот јазик го докажуваат само со потврда за...

Continue reading

ubistvo

Семејна трагедија на ул. „Момчило Јорданоски“

Post Views: 5 Семејна трагедија се случи во Охрид во доцните попладневни часови. Пронајдени две беживотни тела во семејна куќа на улицата Момчило Јорданоски, во близина на пекарата Габреш. Соседите во шок. Велат станува збор за брачен пар кој во брак бил веќе десет години, а имале и две малолетни деца. Видно потресени соседите изјавија дека , најверојатно станува збор за семејна расправија, која резултирала прво со убиство, а потоа со самоубиство. Додаваат дека најверојатно станува збор за долготрајна нетрпеливост помеѓу двајцата сопружници, која на крај, резултирала со трагедија....

Continue reading

pat

Патот до Велестово замрзнат

Post Views: 0 Исто така кажа дека е пуштена машина за расчистување на снегот до горе по патот за Велестово и два трактори со сол и абразивно средство. Тој вели дека има дежурни екипи кои во координација со полицијата одговараат на повиците на граѓаните за појава на голомразица и дека се спремни и за нови снежни врнежи. Расчистување на снегот е извршено во централното градско подрачје и во населбата Видобишта. Исто така, расчистен е и потегот кај Елшани и Коњско, додека за приоритет се смета стариот дел од градот. {loadposition content9}

Continue reading

cistenje na snegot

Нов снег, полош од првиот

Post Views: 7 Слични податоци изнесе и првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче. Тој потенцира дека се соочуваат со потешкотии во чистењето на локалните патишта, но истовремено вети дека до вечер екипите на Комуналец успешно ќе се справат.Снегот големи проблеми предизвика и во соседниот град Струга. Вообичаено во овој град снежната покривка е поголема, а со тоа поголеми се и проблемите. И стружани бурно реагираат на според нив опасните и неисчистени улици во градот. Од ЈП „Комунално“ Струга, не успеавме да добиеме образложение бидејќи директорот не одговори на нашите телефонски...

Continue reading

ruiniran objekt

Итен налог за рушење

Post Views: 1 Укажувањата на бројните проблеми во градов од страна на медиумите како коректор на власта и надлежните, минимизирани. Нашите настојувања да добиеме одговор од надлежните кога ќе се случи фамозното рушење на опасните по живот градби или ќе вроди со конкретен резултат на терен, или ќе испадне како во народната поговорка – „Помина зимата фрли ја гуната“. Овој проблем веќе години наназад се провлекува низ општинските лавиринти. Раководителот на Секторот на урбанизам Бранко Арнаудов сеуште молчи иако добро му е познато за што станува збор. Нашите напори да стапиме...

Continue reading

igralishte

Охридските советници на терен

Post Views: 1 Најголемата урбана единица „Биљанини извори“, ќе добие спортски терен. Оваа иницијатива е поддржана од страна на секторот за урбанизам но и од градоначалникот. Се чека само  утврдување на можна локација за реализација. Ако е задоцнето да не е заборавено. Иницијативата на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски, деновиве доби зелено светло од релевантните фактори на општина Охрид за изградба на спортски терен во урбаната единица „Биљанини извори“. Паноски вели дека се дополнува мозаикот на приоритетните работи во општината кои се од општ интерес како на жителите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top