Нов снег, полош од првиот

Охрид и Струга утрово со нова снежна покривка. Ниските темперетури ја отежнуваат работата околу чистењето на снегот. Не се штеди на абразивен материјал, сол и песок, но неговото делување е забавено, велат надлежните.

 |  Билјана Николовска  | 
cistenje na snegot
чистење на снегот

Слични податоци изнесе и првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче. Тој потенцира дека се соочуваат со потешкотии во чистењето на локалните патишта, но истовремено вети дека до вечер екипите на Комуналец успешно ќе се справат.
Снегот големи проблеми предизвика и во соседниот град Струга. Вообичаено во овој град снежната покривка е поголема, а со тоа поголеми се и проблемите. И стружани бурно реагираат на според нив опасните и неисчистени улици во градот. Од ЈП „Комунално“ Струга, не успеавме да добиеме образложение бидејќи директорот не одговори на нашите телефонски повици. Во негово име и воопшто за Струга кажа градоначалникот Рамиз Мерко. Според него, сите надлежни по програмата за зимско одржување на патиштата се мобилни и на терен и работат на расчистување на патиштата. Мерко смета дека нема проблеми со снегот.
Генерално, во земјава, имаме отежнато одвивање на сообраќајот поради снегот и ниските температури. Некаде има дури и забрана за движење на тешки товарни возила, како што е тоа превојот Стража и патниот правец Маврово. Доцнат и автобусите на меѓуградските линии во државава на „Галеб“ Охрид со еден час, рече директорот на ова акционерско друштво Љубен Василески. Тој потенцира дека треба поголем ангажман на стручните служби за одржување на патиштата, како би се одбегнале незгодите, посебно на локално ниво, бидејќи денес имало незгода на патниот правец Охрид – Пештани поради лизгање.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top