Ознака: тела

Заедно во клупа, заедно во смрт

Post Views: 2 Нуркачите, кои го пребаруваат потонатиот јужнокорејски траект, пронашле во кабина 48 девојчиња, но извлекувањето на телата е отежнато од повеќе причини, соопштиле денес јужнокорејски претставници. Девојчињата се откриени со појаси за спасување во кабина која може да прими максимално 30 лица, што укажува дека патниците се собрале во иста просторија кога траектот почнал да тоне, пренесува CNN. Нуркачите се соочени со разни проблеми, од слаба видливост до тоа што разни предмети кои плутаат им прават проблеми при барањето. Некои врати на траектот не можат да се отворат поради...

Continue reading

Проштална порака од професорот

Post Views: 0 Заменик директорот на средното училиште Данвон во околината на Сеул, чии ученици загинаа кога потона јужнокорејскиот траект Севол, се убил поради неиздржливото чувство на вина. Тоа го потврдила и прошталната порака пронајдена во неговиот паричник. „Премногу е болно да се преживее сам, додека 200 ученици се исчезнати. Ја превземам целосната одговорност. Јас инсистирав да се оди на екскурзија. Запалете го моето тело и пепелта истурете ја во близина на траектот. Можеби во следниот живот повторно ќе бидам професор на оние чии тела не се пронајдени“, напишал Канг Мин-гју...

Continue reading

Со мРНА вакцината нема да се променат нашите природни биолошки тела

Post Views: 2 Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека вакцината против ковид (мРНА вакцината на Модерна поконкретно) е оперативен систем, кој може да ја програмира вашата ДНК, а со тоа и самите луѓе. Цитирајќи го производителот Модерна од неговата официјална веб страница, авторот погрешно го толкува објаснувањето за тоа како функционираат мРНА вакцините, наведува дека ,,нашите природни биолошки тела ќе се променат и ќе им се инфилтрираат синтетички ствари, вклучително и наночестици“. Ова не е вистина. Само за појаснување, производителот Модерна, нема да дистрибуира од...

Continue reading

Охридските пожарникари имале најголем број интервенции на опожарени оџаци

Post Views: 3   260 интервенции имале охридските пожарникари од ТППЕ Охрид од почетокот до 22 декември оваа година. Интервенирале на 121 пожар на отворен простор и на 117 опожарени објекти. Пожарникарите изгаснале 77 опожарени оџаци на куќи и станбени згради. Во оваа календарска година за среќа немавме интервенци на пожари кои предизвикаа големи материјални штети, вели Спасе Прентоски, командир на ТППЕ ОХРИД. Прентоски додава дека досегашните нивни апели за редовно чистење на оџаците даваат резултати во намалување на пожарите, но потсетува и на важноста од редовно чистење на грејните...

Continue reading

Spanija

Удавени 11 марокански имигранти на бреговите на Шпанија

Post Views: 3 Шпанската полиција пронашла тела на единаесет имигранти кои се удавиле обидувајќи се од Мароко да допливаат до шпанското крајбрежје, соопштуваат претставници од шпанското Министерство за внатрешни работи. Полицијата телата ги пронашла на плажата Тарахал во местото Сеута, соопштува локален претставник. Имигрантите од плажите во Мароко се обиделе со пливање да стигнат до територијата на Шпанија, а шпанските медиуми и групите за заштита на човековите права тврдат дека полицијата, наводно, пукала во имигрантите додека пливале во морето. Поради тоа утре пред парламентот ќе...

Continue reading

zemjotres Turcija

Борба за преживеани по земјотресот во Турција – се откопуваат луѓе затрупани во урнатините

Post Views: 4 Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен. Турската сеизмографска служба оцени дека земјотресот кој вчера го затресе истокот на Турција со јачина од 7,2 степени по Рихтер ќе однесе околу илјада жртви. Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен. Подрачјето кое беше погодено од земјотресот го посети премиерот Реџеп Таип Ердоган. Рече дека најмногу...

Continue reading

vulkani na Titan

Откриени вулкани што исфрлаат мраз

Post Views: 0 Вселенското летало на НАСА “Кацини“ на Титан регистрирала формации кои исфрлале мраз.Податоците за најновата топографија и состав биле први докази за постоење на ледени вулкани надвор од Сончевиот систем. Добиените резултати биле претставени на синоќешната конференција  на Америцан Геопхѕсицал Унион во Сан Франциско. Со години научници дебатирале за можноста на планетите богати со мраз да има таканаречени криовулкани. Според постојниот модул во тие тела се одвивала геолошка активност која загрева и ја топи ледената околина и внатрешност на сателитот. Низ отворите на...

Continue reading

Идентификувани 11 тела од жртвите на францускиот ербас

Post Views: 3 Идентификувани се 11 од пронајдените 50 тела на загинатите во падот на авион на „Ер Франс“ кој на почетокот на месецот се урна во Атлантскиот океан во близина на бразилскиот брег, со земање отпечатоци од прсти и карактеристики од забите. Идентификуваните тела се на десет Бразилци, пет мажи и пет жени и на еден странец, се наведува во соопштението на властите од сојузната држава Пернамбуко, каде се извршуваат експертизите. Семејствата на идентификуваните Бразилци се известени од полицијата, а информирана е и амбасадата во Бразил, на странецот, кој е идентификуван.Не се...

Continue reading

Пронајдени вкупно 17 тела од авионот на „Ер Франс“

Post Views: 2 Спасувачките екипи вчера пронајдоа уште 15 тела на патниците од авионот на француската авиокомпанија „Ер Франс“, како и поголем број на делови од авионот кој пред седум дена се урна во Атлантскиот Океан. По пронаоѓањето на телата на двајца неидентификувани мажи во саботата, вкупниот број на откриени тела изнесува 17.Претставникот на бразилските военопвоздухопловни сили, Хенри Муњоз изјави дека пронајдени се стотина делови од авионо, што, како и телата ќе бидат пренесени во градот Ресиф. Дванаесет бразилски авиони, два француски авиони и еден француски брод и пет на бразилската...

Continue reading

ikona

Денес се слават верата, надежта, љубовта и мудроста

Post Views: 2 Православните христијани денес го прославуваат денот на светите маченички Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно...

Continue reading

asteroid

Навистина блиска средба

Post Views: 8 Астероид со дијаметар од 45 метри и со кодирано име 2012ДА14 ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела, соопшти Јапонската национална опсерваторија. Опасност од судир со Земјата, сепaк нема. 2012ДА14 е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на...

Continue reading

Шестмина скијачи загинаа на француските Алпи

Post Views: 1 Шестмина скијачи кои исчезнаа во саботата, во лавина на југоистокот во француските Алпи, се пронајдени мртви, објавија спасувачките екипи. Четворица мажи и две жени, сите со големо скијачко искуство, од француска националност помеѓу 50 и 70 годишна возраст, отишле на скијање во саботата наутро, но ги изненадила лавина, објавила префектурата департмани Hautes-Alpes (Високи Алпи). Несреќата се случила на масивот Queyras, во близина на градот Ceillaca. Првите три тела се пронајдени во текот на ноќта, а другите три по четири часа трагање. “Кога заминаа, небото беше чисто,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top