Пронајдени вкупно 17 тела од авионот на „Ер Франс“

Спасувачките екипи вчера пронајдоа уште 15 тела на патниците од авионот на француската авиокомпанија „Ер Франс“, како и поголем број на делови од авионот кој пред седум дена се урна во Атлантскиот Океан.

 |  Крсте Голабовски  | 

ostatociПо пронаоѓањето на телата на двајца неидентификувани мажи во саботата, вкупниот број на откриени тела изнесува 17.
Претставникот на бразилските военопвоздухопловни сили, Хенри Муњоз изјави дека пронајдени се стотина делови од авионо, што, како и телата ќе бидат пренесени во градот Ресиф.

Дванаесет бразилски авиони, два француски авиони и еден француски брод и пет на бразилската морнарица го пребаруваат реонот од 1.100 километри североисточно од брегот на Бразил.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top