Ознака: театарот

teatar

Светски ден на театарот

Post Views: 5 „Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот. Традиционално на овој ден, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која годинава ја упати познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал. „Една од главните функции на нашата уметност е да и ги приближиме на нашата свест претставите од секојдневниот живот каде што актерите се истовремено и публика, и каде што сцената и публиката стануваат...

Continue reading

Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ го одбележа Светскиот ден на театарот

Post Views: 0 Светскиот ден на театарот годинава во знакот на 7 деценискиот јубилеј од Интернационалниот театарски институт УНЕСКО. Поради тоа, годинава наместо една, ќе се читаат пет светски пораки во театрите низ светот. Директорот на ЦК Стрезо Стаматоски кажа дека годинава има и една македонска порака, која ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев, а која ќе се чита пред почетокот на вечерашната изведба на претставата Аналфабет. „Интернационалниот ден на театарот практично е ден кој ја одбележува важноста на театарот во општеството и служи да ги разбуди оние естаблишменти...

Continue reading

logo

Добитници и губитници

Post Views: 3 Вчера во Долби театарот во Лос Анџелес, по 87-ми пат, беа доделени престижните филмски награди Оскар. Најголемиот победник беше Birdman на Алехандро Гонзален Инариту, кои ги освои наградите во главните категории – најдобар филм, режија и оригинално сценарио. Кај актерите немаше големи изненадувања – Еди Редмејн очекувано ја однесе Златната статуетка за неговото портретирање на познатиот физичар Стивен Хокинг во драмата The theory of Everything, а Џулијан Мур го доби првиот Оскар за улогата во Still Alice. Еден од губитниците е American Sniper, кој освои само една статуетка...

Continue reading

Меѓународен ден на театарот

Post Views: 6 Меѓународниот ден на театарот – 27 март, денеска низ светот ќе се одбележи со претстави и читање на пораките за сценската уметност. Француската филмска и театарска глумица, 64-годишната Изабел Ипер е автор на светската порака, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички  директор на Народниот театар од Битола. – Додека ви се обраќам, јас не сум јас, не сум актерка, јас сум една од многуте луѓе благодарение на кои театарот постои. Тоа е и наша должност, но пред сè наша потреба; како се вели: „Не постои театарот поради нас, туку ние...

Continue reading

teatar

„Стариот“ театар вечерва ја чека својата публика

Post Views: 2 Со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, во петок, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе ја отвори новата театарска зграда на објектот „Стар театар”, кој свечено ќе биде примопредаден на Националната установа Македонски народен театар. Отворањето на новиот објект ќе биде одбележано со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември свечено ќе биде отворена новата театарска сезона,...

Continue reading

prilepski teatar

63 години прилепски театар

Post Views: 9 Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето. Љубителите на театарот ќе уживаат во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.Во театарската хроника е забележано дека завесата во Театарот „Војдан Чернодрински“ се кренала на 18 февруари во 1950 година, со премиерата на „Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ, во режија на Ацо Михајлоски. – Досега се...

Continue reading

габрово

„Јованка Орлеанка“претстава на театарот од Габрово вечерва на Охридско лето

Post Views: 4 10 члената театарска екипа од професионалниот театар од Габрово гостува  вечерва на Охридско лето и  ќе ја играат преставата  Јованка Орлеанка.  Главната улога ја донесува Гергана Змијчарова, а режијата е доверена на најдобриот млад, бугарски режисер Петринел Гочев. Ова е приказна за два света на една девојка која никого нема да остави рамнодушен. Како театарска екипа ние работиме и живееме заедно, појаснува режисерот Петринел Гочев.       „ Ние во моментов создаваме претстава која е за тука и нема да се случи на друго место. Ќе видите уникатна претстава, а на друго...

Continue reading

teatar

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Post Views: 1 Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место. Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно...

Continue reading

teatar

Достојно одбележување на светскиот ден на театарот

Post Views: 2 Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на  Детско Драмско Студио. Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава  “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен. Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба  “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден. Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот...

Continue reading

teatar

Охридскиот народен театар работи со полна пареа

Post Views: 4 Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ. Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната...

Continue reading

teatar

Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Post Views: 3 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...

Continue reading

театар

Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема

Post Views: 6 Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се  разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top