Ознака: така

svetilka

Згасна уличното осветлување во Струга

Post Views: 27 Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат. „Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...

Continue reading

tartan

Охридскиот тартан домаќин на државното атлетско првенство

Post Views: 8 Охрискиот тартан им посака добредојде на пионерите и пионерките во атлетика на Државното атлетско првенство. Реновираната атлетска патека како и новонабавените реквизити го направија ова натпреварување достојно дури и за Европските и Светските купови. Од Атлетската федерација на Македонија велат недостасуваат уште само неколку сегменти за охридската атлетска патека да стане едно вистинско атлетско борилиште. Овој атлетски натпревар велат е само дел од она што следува во иднина. „Согласно календарот на АФМ се одржа поединечно првенство, државно за пионери и пионерки...

Continue reading

Луис Хамилтон „ЗА“, новите правила во Ф1

Post Views: 7 Ова посебно беше потенцирано по Турското ГП, каде што комбинацијата на ДРС системот (подвижното задно крило), гумите кои побргу се трошат и КЕРС системот донесоа трка во која имаше серија претекнувања. “Уживам во тркањето со КЕРС и ДРС, бидејќи така трките се поинтересни за фановите и за возачите. Се што создава повозбудливи трки треба да биде поздравено, а сега може да се забележи дека имаме поинетересни трки”, објаснува Британецот. Хамилтон токму со КЕРС системот стигна до победа на Кинеското ГП минатиот месец, кога стана единствениот човек кој го победил...

Continue reading

vreme

Во недела почнува летното сметање на времето

Post Views: 3 Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот. Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот. Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува...

Continue reading

плакат

Концерт во чест на Тоше Проески

Post Views: 19 „Тоше Проески има само датум на раѓање и цела вечност за паметење“ ќе речат неговите најголеми фанови и додаваат дека да се чекори по патот на Тоше, да се следат неговите хумани дела, пред се е чест, но и обврска за секој млад човек. Така во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Дарко Мојсоски, еден од организаторите на концертот објасни дека идејата некако сама се наметнала со оглед на тоа што во нашиов град долго време нема културна манифестација...

Continue reading

spomenik plivalishte

Две години од големата трегедија

Post Views: 15 Скулптурата претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината.  На трите плочи каскадно распоредени во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски испишани се трите плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите. И денес после две години од трагичниот настан тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, познати во струшката јавност, кои зад себе оставија  белег како добри луѓе кои стружани сеуште ги паметат и спомнуваат. {loadposition content9}

Continue reading

“Таа е последна со која би работел“

Post Views: 8 Сеуште не се смирени страстите по елиминацијата на Илма Карахмет од шоуто „X-фактор Адриа“ Младата ѕвезда на шоуто „X-фактор Адриа“, Илма Карахмет требала да гостува на концертот на својот ментор Кики Лесандриќ за денот на жената, но тоа не се случило. По елиминацијата од натпреварувањето, Лесандриќ застанал во нејзина одбрана и одлуката на жирито ја прогласи за срамотна. Меѓутоа, кога подоцна го добил увидот во листата со гласови, сфатил дека публиката е причината за која е заслужна за елиминацијата на Илма од шоуто. „Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата...

Continue reading

Keret Kuka

Куќа за живот на калач

Post Views: 6 Во предградието Вола во Варшава, Полска се наоѓа домот наречен „Куќата Керет“. Она што го прави драматично различен од било кој останат дом е тоа што ова е најтесниот во светот. Всушност неговиот најширок дел е само 152 сантиметри, а најмалиот дел е само 92 сантиметри што не е доволно широк за да собере еден автомобил или било што слично на кауч. Полскиот архитект Јакуб Шчесни посетува еден од своите проекти. Пред 4 години, шетајќи низ Варшава, го открил овој тесен простор помеѓу зградите. Претесен е за низ него да минуваат автомобили, но е доволно широк во него да се...

Continue reading

rakomet

Струга во знакот на ракометот

Post Views: 4 Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот  претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска. „Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат...

Continue reading

igralishte

Ракометниот турнир „Струга 2012“ по четириесетти пат

Post Views: 1 Во тек се подоготовките за меѓународниот ракометен турнир „Струга 2012“. На јубилиејното четириесетто издание на турнирот, најавено учеството на ракометни клубови од неколку земји, како и на ракометнатна репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Отвореното ракометно игралиште во Струга, каде се одржува турнирот, годинава ќе претрпи значителни интервенции, објаснува Науме Угреновиќ, претседателот на РК „Струга“ и член на организациониот одбор на турнирот. „Оваа година бидејќи станува за голем јубилеј и организациониот одбор на турнирот, во кој јас учествувам како...

Continue reading

sum akumulacija

Криза за вода

Post Views: 0 На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум. „На последната седница на Советот на општина Струга се донесоа заклучоци каде што се бара веднаш да се прекине со понатамошни градежни зафати во акомулацијата Шум, затоа што претставува важен објект за снабдување на граѓаните на оштина Струга. Исто така општина Струга постапи со барање на времена мерка на суд, вчера и денеска судот треба да излезе на терен, така да постои голем ризик ако не се реши...

Continue reading

sahta

Јама во Струга, прелива со години

Post Views: 1 Со гумени чизми до канцалариите на државниот инспекторат. Тежок е пристапот до подрачните единици на Министерството за Образование, Министерството за Труд и социјална политика и неколкуте инспекциски служби во Струга. Причина, јамата која прелива и од каде се шири неподнослива реа, пред самиот влез на спомнатите институции. Проблемот е стар колку што е и стар и објектот, бидејќи оваа зграда не е приклучена во канализациониот систем. Водата од шахтата која прелива, ја има постојано и веќе си има оформено и свој басен, па уште малку треба да постане мала баричка. Но проблемот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top