Луис Хамилтон „ЗА“, новите правила во Ф1

Луис Хамилтон ги отфрли критиките дека промената на правилата оваа година донеле премногу лесни претекнувања во формула 1.

 |   | 

Ова посебно беше потенцирано по Турското ГП, каде што комбинацијата на ДРС системот (подвижното задно крило), гумите кои побргу се трошат и КЕРС системот донесоа трка во која имаше серија претекнувања.

“Уживам во тркањето со КЕРС и ДРС, бидејќи така трките се поинтересни за фановите и за возачите. Се што создава повозбудливи трки треба да биде поздравено, а сега може да се забележи дека имаме поинетересни трки”, објаснува Британецот.

Хамилтон токму со КЕРС системот стигна до победа на Кинеското ГП минатиот месец, кога стана единствениот човек кој го победил светскиот шампион во Ред Бул, Себстијан Фетел. Таа победа најмногу беше резултат на умното користење на гумите, и Хамилтон стигна пред Фетел бидејќи направи едно влегување во боксот повеќе и имаше посвежи гуми за финишот.

Од друга страна шефот на Мекларен, Мартин Витмарш, имаше мала критика за возењето на Хамилтон во Турција, посебно за агресивноста на почетокот и за дуелот со колегата Џенсон Батон.

“Сакаме Луис да напаѓа, но некогаш тоа не се исплати. Ако ја следите неговата брзина на трката, таа беше ОК во финишот, но гумите се толку деликатни и ако се бориш со својот тимски колега ќе ги оштетиш. Во трки тоа не смееш да си го дозволиш”, изјави Витмарш.

Хамилтон во интервју на својот веб-сајт призна дека направил грешка со гумите, но додаде дека е разочаран од проблемите со постојаноста на болидот.

“Трката не се освојува на првите две кривини, и бев малку нестрплив. Да не ги оштетев гумите на почетокот ќе беше многу потесно. Неделата покажа дека сме блиску до најдобрите тимови, но видовме и колку можат да бидат силни Мерцедес и Ферари. На почетокот од нив очекувавме да бидат многу брзи, така што тоа не е изненадување. Најразочарувачки е што не можевме да ги користиме новите делови”, изјави Хамилтон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top